Министерот Димовски се сретна со тутунарите, остануваат најавите за протести.

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Во сиот овој муабет не ми е јасно:

Тутунарите тврдат дека ова е договор помеѓу откупувачите и власта... Ако е тоа точно, која е спрегата??? Како тоа се одвива? Субвенцијата оди кај тутунарот, а остатокот му го плаќа фирмата откупувач. Би ми било логично, ама ако се субвенционирани откупувачите, ама вака ич не ми е јасно. Наивно е да се верува дека владата и откупувачите се договориле да се цени пониско тутунот, со цел да се постигне ланската цена минус субвенции. Владата губи на рејтинг, откупувачите добиваат, тутунарите губат...

Е ај сега некој од поупатените да ми одговори каде грешам?
Читај го претходниот пост од томсасо и ќе ти биде појасно.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
ја диктира ВЛАДАТА, во соработка со Министерството за земјоделие и првиот земјоделец-министерот (само земјоделец да беше, ќе разбереше). Цената варира, а никој не кажува која е извозната цена.
A зошто тогаш има приватни компании кои вршат откуп ? грчки , австриско-швајцарски мислам , наши Македонски,вкупно 8 на број.. Приватни кои вршат откуп и после го препродаваат на тутунските комбинати,независно дали на филип морис или ТКС ... Само тутунски Прилеп е државен metall
 
T

Tetro

Гостин

Оти порано имаше само државни монополи, па државата реши да ги продаде сите, за да не плаќа вработени.

Е тие, вработените, порано си делеа секоја година дивидента, а комбинатите беа секоја година во "загуба", нормално фиктивна загуба. Се переа пари ненормално, мал си ти, не знаеш за тоа, прашај дома ако имаш дедо/баба, они ќе знаат да ти кажат. И порано се работеше тутун, не е од сега. Имам објаснувано за ова на темата пред некој ден.

За постот на tomsaso, не го забележав порано.
Ако цената е 45-55 евра сигурно не е за суров тутун туку таа цена тза преработен, така да тука е прашање која е додадена вредност во преработката. Спроед некои контатки со бизнисмени мислам дека извозна цена на необработен тутун е 12 евра што е пак некои 3-4 пати повеќе од моменталната одкупна што пак ќе речам возможно е само и само поради системот на лиценци.
Секоја година на лето се земаат сезонски работници кои работат во две смени, два месеци за преработката на тутунот. Дневницата им е 200 денари, со една манџа дневно, без превоз..... Жените работат на лентите а мажите креваат и товараат, за 200 денари бе, 8 саати, со пауза од пола саат за храна.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Сега цената е пониска од лани,не е 190 ден , туку од 150-170 (ако не се лажам) плус субвенција.... Проблемот според мене е следниот... Тутунарите не сваќаат (или не сакаат да сватат) дека цената на тутунот е пазарна, и дека НЕ ЈА КРЕИРА ВЛАДА, било која да била, во било која држава во регионот и пошироко..цената едноставно варира во светски рамки истокако што варира и за пченицата, грозјето, јаболката или крај на краевите и нафтата...сега е 75 ден, а беше и 60 а беше и 85 денари..
Најголемиот проблем е што цената на тутунот НЕ Е ПАЗАРНА и не варира согласно понудата/побарувачката на светските пазари. Денешниве цени се одредени пред едно десетина-дванаесет години и од тогаш не се променети.. Е сега проблемот е што реалната просечна цена откупувачите си ја формираат според сопствените потреби и притоа употребуваат само еден механизам - НЕРЕАЛНА ПРОЦЕНКА. Минатата година ова им одеше во прилог на тутунарите (секако повторно откупните претпријатија остварија огромен профит имајќи ги в предвид извозните цени), оваа година е употребено против нив. Ова е тоа што создава револт: никој не им објаснува на тутунарите зошто годинава цената е пониска. Причината ја насетувате - нема објаснување.
Земјоделците се навистина еден од најнеобразованите слоеви во нашето општество но имаат високо развиено чувство за социјална неправда. Се чувствуваат луѓето изиграни.

И кој друг е одговорен и може да ја реши ситуацијата ако не владата ?!?? Можеби да постави механизми за пазарни цени или целосна либерализација на пазарот?!??
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42

Се што кажуваш е точно само што минатата година откупните претпријатија лани не остварија профит, туку загуба. Зошто? ЗАтоа што имаше конкуренција меѓу нив се тепаа да откупат што повеќе тутун, го откупуваа целиот тутун, вклучително и мувлосаниот кој не можат да го продадат, како прва класа. Е лани се изгореа, па затоа годинава се договорија, принцип на олигопол. Минатата година цената по која Тутунскиот комбинат Прилеп (единствен во државна сопственост) откупуваше на почетокот беше иста како и годинава околу, 180 ден. После беше корегирана на 190-200. Ова го знам од лично искуство. Од каде вината во власта, сега. Покрај тоа тутунопроизведителите не се искрени и се големи манипулатори. Има примери како ставале олово и железо во тутунот. Пазарот во Македонија не е совршен, се уште треба да се менува, но за воља на вистината е подобар од порано. Просечната цена неколку години наназад беше 140, 130, 120 ден. итн
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7

Докази за ова имаш? Да не му ги гледаше финансиските извештаи на трговците? Или само ново шпекулантство против тутунарите имаме?
 
T

Tetro

Гостин
Не е можно при толку голема разлика на откупната и продажната цена да не оствварат профит и да бидат во загуба. Не е можно никако.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Овој вид политички изведби беа стандарден шаблон по кој беа изведувани сите источноевропски кадифени, шарени и какви не револуции кога требаше да се соборат комунистичките режими. И затоа беа успешни. Македонија, која или доцни или преранува со „ивентите“, како да има вградена фабричка грешка. Пак го промаши времето. Две децении подоцна, примената на ваквиот модел на политичка борба не само што не ги произведе истите ефекти туку се покажа поразителен по угледот и интегритетот на нарачателот, зашто нормална законска контрола од страна на институциите врз некоја фирма, која во случајов со години изигрувала екстериторијалност во однос на државата и системот, едноставно не може да биде добар повод за на Македонија да и се случи народ. Уште помалку тоа може да биде сенародно тутунарско востание и тоа, две децении откако е урнат самоуправниот социјализам.

Реконструкцијата на таа драматична вечер пред А1, „маршот на угнетените“ и тутунарските балван-изведби упатуваат на тоа дека изготвувачот на македонската „демократска“ револуција им увалил на „револуционерите“ лоша копија на сценарио на Мир-Јам по кое српската државна телевизија снима високогледани сапуници за романтични наивци, кои за големи пари им ги шиткаат на македонските неинвентивни приватни телевизии. Оваа што е предмет на нашиот интерес е тесно сврзана со делувањето на бизнисменот и политичарот Драган Ѓилас. Човекот во моментов е градоначалник на Белград и потпреседател на владејачкиот Демократски сојуз. А во Македонија има три фирми што се занимаваат со сите форми на пропаганда. „Мултиком груп ДОО“ активна во БиХ, Црна Гора и во Македонија и ја контролира продукциската куќа „Емоушн продакшн“ во која Ѓилас има 25 отсто сопственост.
Повеќе: http://forum.kajgana.com/showthread.php?56436-Србија-ја-подрива-легитимно-избраната-власт-во-Македонија#ixzz1BKN5zLPG

Според Мирка Велинковска побуната на тутунарите е во режија на некој таму :icon_lol:

Повторен обид за да се замолчат тутунарите откако не пројде делот “алчни“ и “ненаситни“ сега се сдсм , а1 и србите
Има тема специјална таму ....
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Повторен обид за да се замолчат тутунарите откако не пројде делот “алчни“ и “ненаситни“ сега се сдсм , а1 и србите
Има тема специјална таму ....
А мислиш дека СДСМ и А1 не се криви? Па и едните и другите си ги шлепаат своите интереси преку маката на тутунарите. И едните и другите ги боли за тутунарската мака, битно им е таа што подолго да трае, надевајќи се дека така повеќе ќе ќарат и подолго ќе ја контаминираат јавноста со својот отров. Оттука нормална е реакцијата на власта и нејзиниот обид да ја дезинфицира контаминираната средина.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Подели па владеј :nesum:.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Абе кога дојде тип кој живее во Шведска на друга тема да ми соли памет тоа е тоа... Само да се собереме и да запалиме нешто , инаку вака ќе идеме цело време...
п.с. Каде заврши заемот од ММФ?

--- надополнето ---

Повеќе: http://forum.kajgana.com/showthread.php?56436-Србија-ја-подрива-легитимно-избраната-власт-во-Македонија#ixzz1BKN5zLPG

Според Мирка Велинковска побуната на тутунарите е во режија на некој таму :icon_lol:

Повторен обид за да се замолчат тутунарите откако не пројде делот “алчни“ и “ненаситни“ сега се сдсм , а1 и србите
Има тема специјална таму ....

Мирка е врвот на тоа што се пропаира како левица, демек за левицата била, а реално во ниедна нејзина колумна не зборува за работниците. Се врти висока политика, заговори, Игор Шема што кажал, кој јадел семки, како на неа амбасадорите и викале абе Мирка треба два века да се тепате вие да ве признаат...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Докази за ова имаш? Да не му ги гледаше финансиските извештаи на трговците? Или само ново шпекулантство против тутунарите имаме?
Да имам ако сакаш ќе ти ги доставам. Па види вака логички заклучи ако тутунот се продава за 50 евра, зарем ќе ситничеа толку дали да дадат 2 или 4 евра? Јас ако е така дај 10 евра за килограм го откупи го сиот тутун, сите очи ќе извадат да ти го донесат. Че прававиш профит од милијарда евра (25 000 тони по 40 евра ќар од кг), со 500 милиони ја корумпираш власта, а со другите одиш во некоја егзотична земја...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Не трескај зелени со сегашниве цени на тутунот разликата е околу од 250 до 400 милиони евра доколку се плаќа не реално тутунот како досега ако не се плати реално кај ке одат тие пари а ? ама не си ти крив така во партија те учат
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.316
Туу, што пара вадат. Не ли можеа да ги продадат тие фирми на наши луѓе, барем нека се богатат во државава. Вака по читање отприлика претпоставувам добар дел фирми се од странски газди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom