Се што кажуваш е точно само што минатата година откупните претпријатија лани не остварија профит, туку загуба. Зошто? ЗАтоа што имаше конкуренција меѓу нив се тепаа да откупат што повеќе тутун, го откупуваа целиот тутун, вклучително и мувлосаниот кој не можат да го продадат, како прва класа. Е лани се изгореа, па затоа годинава се договорија, принцип на олигопол. Минатата година цената по која Тутунскиот комбинат Прилеп (единствен во државна сопственост) откупуваше на почетокот беше иста како и годинава околу, 180 ден. После беше корегирана на 190-200. Ова го знам од лично искуство. Од каде вината во власта, сега. Покрај тоа тутунопроизведителите не се искрени и се големи манипулатори. Има примери како ставале олово и железо во тутунот. Пазарот во Македонија не е совршен, се уште треба да се менува, но за воља на вистината е подобар од порано. Просечната цена неколку години наназад беше 140, 130, 120 ден. итн