Па секој има свое минато, нели? И какво и да е тоа, не може да се смени...но ако самите дозволиме може да влијае... Е сега, во темава нема конкретно наведено, за какво минато се работи, во однос на девојки, или во однос на однесување... Некој може да имал и 100 девојки, но кога ќе ја сретне онаа вистинската да остане со неа и да и биде верен... Што значи, минатото не би влијаело, освен ако девојката не го дозволи тоа, па да се сомнева. Но, ако се работи за дечко кој имал проблематично минато, со алкохолизам, дрога и слично, тоа е веќе сериозен проблем кој од своја страна многу лесно може да ја наруши хармонијата во една врска...