Скопје-Лондон со количка!
[30.03.2012 - 11:44 часот]
Сподели 94
Не може да се напише ништо друго освен само пофални зборови за нашиот Миле Стојкоски, кој е доказ дека со силната волја и истрајноста може да се постигне се во животот.
Тој, сакајќи да го привлече вниманието на јавноста кон луѓето со инвалидитет и токму нив да ги поттикне, тргна на пат кон Лондон со инвалидска количка.
Со својот тим Стојкоски го започна овој проект во Скопје и тргна кон Лондон за Олимписките игри кои што ќе се одржат ова лето, самиот туркајќи ја инвалидската количка.
Во текот на патувањето тој самиот ќе ја турка својата количка од Македонија до Лондон, се со цел да го привлече вниманието на јавноста за луѓето со инвалидитет.
Тој сака да им даде поттик и поддршка на сите луѓе со инвалидитет. Во текот на патувањето Миле ќе помине вкупно 3,500 километри.
Своето патување тој го започна во вторникот, на 27 март, и истакна дека ќе помине низ 15 европски земји. Негова цел е до 27 јули да стигне во Лондон, точно пред почетокот на Олимписките игри.