Микробранова

Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.177
Ме интересира дали користите микробранови печки и за што највеќе ја користите? Кажете што правите највеќе на неа и некои рецепти на микробранова? Дали вреди да се купи вакво нешто? Како што гледам повеќето ќе ја купат и послем тоа не ја користат :).
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Ја користам многу ретко дали еднаш два пати во месецот за пуканки:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.381
Вреди... Се користи за брзо загревање на храна :))
Нормално, првите неколку месеци ќе ти биде мерак и се ќе „возиш“ низ неа. Ама со тек на време ќе ја користиш само за пуканки :)

Земи си некоја поефтина, најефтината. Исто ќе ти брка работа :)
Јас мислам дека за 2.400 ја земав мојата преку околу 2-3 години од Техномаркет и уште брка работа.

Важен совет:
Не стават метални работи и фолија во неа, освен ако не сакаш да започнеш пожар :)
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
286
Поени од реакции
332
Какви рецепти за микробранова?
Микробранова е за потоплување не за готвење,не?:D
Задолжително ја препорачувам да се има во сечиј дом.
Нема ден да не ја користам.Секој ден излегува по нешто што треба да се потопли,одмрзне(претежно тестенини).
Има еден сад што дополнително се купува,огноотпорен длабок капак,кој заштитува при потоплувањето да не се распрскува низ неа.И тој е убаво да се има.
Се можеш да потоплиш во неа,од супа,до тестенини,месо...па дури и кафе(не турско,се разбира).
Само треба да се пази да не садот во кој потоплувате има сребрена(алуминиумска)боја.
Баш би сакала да прочитам какви се тие рецепти за во микробранова.:D
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Микробраноав користев едниствено за тие пуканките што функционираат по амерички систем, го ставаш кесичето и за 2/3 мин. добиваш кеса со пуканки, ама после сфатив дека не се нешто најздрави и ги откажав :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.177
Какви рецепти за микробранова?
Баш би сакала да прочитам какви се тие рецепти за во микробранова.:D
Па барав на google нешто за микробранова и приметив дека има некакви рецепти. Еве вакво нешто.

«Red Devil»
За 4 порции: 4 парчиња леб со суво грозје, 4 парчиња сирење, 150 грама шунка, 1 голема јаболко, 1 лажичка сенф.
Лесно тост леб се шири со сенф. Стави на тенок рамен парче од јаболка, а потоа - парче шунка и парче од јаболка повторно. Топлина во целосна власт за 1-2 минути. А потоа покрие со парче сирење и топлина на моќ поголема од просекот во начинот на «средни високо» 1-2 минути, до сирење почнува да се топи.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Јас имам од постарите, ама многу врши работа, за 1 минута затоплува било што. Исто така се користи и за размрзнување, а јас најчесто ја користам за приготвување топол чај или млеко.
--- надополнето: 27 април 2013 во 14:24 ---
Па барав на google нешто за микробранова и приметив дека има некакви рецепти. Еве вакво нешто.

«Red Devil»
За 4 порции: 4 парчиња леб со суво грозје, 4 парчиња сирење, 150 грама шунка, 1 голема јаболко, 1 лажичка сенф.
Лесно тост леб се шири со сенф. Стави на тенок рамен парче од јаболка, а потоа - парче шунка и парче од јаболка повторно. Топлина во целосна власт за 1-2 минути. А потоа покрие со парче сирење и топлина на моќ поголема од просекот во начинот на «средни високо» 1-2 минути, до сирење почнува да се топи.
На парче леб стави си салама или нешто друго по избор и покриј го одозгора со кашкавал и ќе ти го растопи убаво, ако може да се смета за рецепт. :D
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Koristam za zagrevanje hrana, ali znaj deka go menuva vkusot na hranata mikrovalnata. Imash na google po-detalno zasto i kako.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Замрзнато => микробранова.
И јади побрзо додека не се олади и стане камен :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.161
Поени од реакции
107.613
Ја користам и тоа доста често, нормално за подгревање на храна, а највеќе од се ја користам за топење на кашкавал затоа што сум манијак по кашкавалот и многу го сакам растопен. Макарони со растпоен кашкавал мх мх мх... :D
Стварно е корисна и мислам дека е и исплатлива ко што ти рече Ејсид, негде околу 2 и нешто илјади се најефтините.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ја користам за пуканки и брзо греење на храна. Посебно е добра затоа шо имаш олеснителна околност при миење садови - не ти загоруваат тави, тенџериња пошо си грееш у микробранова :D
Само биди внимателен метал да не ставаш внатре, алуминиумска фолија, путер или маргарин со обвивка пошо ќе ти се запали ;)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ја користам јас и тоа многу често ја користам. Ко имам некоја замрзната храна од фрижидер и не ми се чека да се одледи одман ја ставам во микробранова и се е океј. Би ти препорачал да си купиш, досега ја имам веќе 3-4 години (ако не се лажам) и потполно сум задоволен од неа.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ме интересира дали користите микробранови печки и за што највеќе ја користите? Кажете што правите највеќе на неа и некои рецепти на микробранова? Дали вреди да се купи вакво нешто? Како што гледам повеќето ќе ја купат и послем тоа не ја користат :).
Како бе не ја користат? Сите ја утепуваат од користење. Вреди ептен за парите, јас без неа не знам како сум јадела. Секое јадење обавезно го загревам во неа. Плус, пуканки се растураме од јадење баш ради неа. И капучино во неа правиме.
Со оглед на тоа што тостерот и со иста или поголема цена од микробрановата, ние фамилијарно микробрановата многу повеќе ја користиме.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Јас ја користам за топлење на млеко, супа, вода,за пуканки, за одмрзнување на месо
потпекување на макарони ( со сирење или кашкавал), си притоплувам јадење, скоро насекое, некогаш си правам пица лепче. Има и др ама не ми текнува.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Па барав на google нешто за микробранова и приметив дека има некакви рецепти. Еве вакво нешто.

«Red Devil»
За 4 порции: 4 парчиња леб со суво грозје, 4 парчиња сирење, 150 грама шунка, 1 голема јаболко, 1 лажичка сенф.
Лесно тост леб се шири со сенф. Стави на тенок рамен парче од јаболка, а потоа - парче шунка и парче од јаболка повторно. Топлина во целосна власт за 1-2 минути. А потоа покрие со парче сирење и топлина на моќ поголема од просекот во начинот на «средни високо» 1-2 минути, до сирење почнува да се топи.
Од кој јазик Google Translate го преведуваше ова жити се :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom