- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.368
- Поени од реакции
- 84.607
А ти Муслиман ли си?
Русија не би требало да е многу загрижена бидејќи секој кој доаѓа од Блискиот Исток или Северна Африка сака во Германија или Шведска, воедно земјата не ги нуди сите социјални погодности кои ги нудат овие најмногу засегнати ЕУ држави, Русија не е лидер по либералност и човекови права, новодојденците сигурно нема да имаат плодно тло да прават што сакаат а за возврат да добиваат социјална помош за да има мир во куќа.Кога сме веќе кај справувањето со малцинства и политиката во Русија воопшто, имам разговарано за ова со некои Руси кои тврдат дека голем дел од она што се пласира по медиумите за Русија не било точно. Како последен пример го посочија апсењето на хомосексуалци. Некој кој ја следи внатрешната политика таму има искоментирано дека постои веројатност Путин да биде принуден да ги згрижи и јавно ќе ја искритикува Европа.
Ова се секако само нечии претпоставки, јас сум воздржана и чекам да ја видам неговата реакција.
Еве ти го постов како потсетување.![]()
Најверојатно мисли на ''Rape''- ''Rapest'' ама испадна Врчак и не иде баш"рапуваат")) добро од кај ги вадиш
![]()
Не разбрав што сакаше да кажеш со овој дел „Ако Путин оди да ја критикува Европа поради непримањето бегалци, тоа го толкувам како „ајде да пробаат малку од својата медицина“. “. Кој да проба од својата медицина?Русија не би требало да е многу загрижена бидејќи секој кој доаѓа од Блискиот Исток или Северна Африка сака во Германија или Шведска, воедно земјата не ги нуди сите социјални погодности кои ги нудат овие најмногу засегнати ЕУ држави, Русија не е лидер по либералност и човекови права, новодојденците сигурно нема да имаат плодно тло да прават што сакаат а за возврат да добиваат социјална помош за да има мир во куќа.
Ако Путин оди да ја критикува Европа поради непримањето бегалци, тоа го толкувам како „ајде да пробаат малку од својата медицина“. Има интересн сплет на околности, имаме најмалку 1 милион лица од Блиски Исток во Германија, Меркел е можеби свесна дека нема шанси за никаква интеграција за што сведочи молкот на Германија за мерките кои ги прават другите ЕУ членки (вистината е дека ниту една ЕУ членка не сака трупање со муслимани од Блиски Исток, оние кои веќе имаат, жалат за одлуките но од друга страна врши репресија со државниот апарат и медиумите за што поголем молк во Германија после настаните во Келн), и во овој период мора да се погрижи Германија да не испадне кршител на сопствените принципи. Инцидентите само ќе се зголемуваат, котелот врие бидејќи нема друго чаре што може да резултира со нејзино шутирање од премиерското место. Путин може да ја користи тогаш реториката на непочитување на правата, само ќе нанесува сол на рана, идеално за ослабување на германското влијание и можна казна заради Украина, и евентуално зголемување на руското влијание ако некоја германска партија пројави една поголема приврзаност кон Русија.
Од друга страна Русија дава пари и ресурси за поставување на бегалски кампови во Сирија, со што се намалува иселувањето од Сирија. Ако веќе грото на сириски бегалци е во Турција, Либан и внатрешноста на Сирија, тогаш имаме добар дел на лица кои воопшто не се од воени подрачја.
Дали разговараше со Турчинот, зошто неговата влада активно работи на разгорување на војната во Сирија? Дали го праша што се сите тие силни колони нафтени цистерни и шлепери со сиријска индустриска опрема и машинерија, кои чекаат на сиријско-турската граница при влегување во Турција. Дали го праша зошто неговата влада ги помага ИСИС и зошто купува од нив нафта и зошто купува од нив цели сириски фабрики (расклопени на делови, нормално). Дали го праша колку пари прават турските интернет оператори (сателетски) продавајќи услуги и сателитска опрема на ИСИС, и другите исламски религиозни фанатици (истите се всушност). Дали го праша за милионите евра кои ги прават криумчарите кои швеерцаат имигранти и продаваат сомнителни појаси за спасување, дел од што делат со турската војска, полиција и морнарица. Дали го праша за монтажните болници блиску сириските граници каде доаѓаат богаташи од цел свет за да се подноват себе или роднините, со нови органи?Разговарав за ова со луѓе од различни делови од светот, еден Турчин упорно ме убедуваше дека кај нив нема место, ниту се економски стабилни за да помогнат. На оваа карта играат сите.
Да, за добар дел од прашањата.Дали разговараше со Турчинот, зошто неговата влада активно работи на разгорување на војната во Сирија? Дали го праша што се сите тие силни колони нафтени цистерни и шлепери со сиријска индустриска опрема и машинерија, кои чекаат на сиријско-турската граница при влегување во Турција. Дали го праша зошто неговата влада ги помага ИСИС и зошто купува од нив нафта и зошто купува од нив цели сириски фабрики (расклопени на делови, нормално). Дали го праша колку пари прават турските интернет оператори (сателетски) продавајќи услуги и сателитска опрема на ИСИС, и другите исламски религиозни фанатици (истите се всушност). Дали го праша за милионите евра кои ги прават криумчарите кои швеерцаат имигранти и продаваат сомнителни појаси за спасување, дел од што делат со турската војска, полиција и морнарица. Дали го праша за монтажните болници блиску сириските граници каде доаѓаат богаташи од цел свет за да се подноват себе или роднините, со нови органи?
Итн, итн.
Само онака ти пропомнувам. Чисто да се најдеш во муабет, ако пак испадне прилика за лаф муабет.
Да пробаат од својата медицина во смисол дека ЕУ се претставува како унија со напредни вредности, често користејќи реторика против Русија како назадна земја поради неприфаќање на лгбт лицата или поради прописите против богохулења, меѓу другото. Ако ЕУ ги крши принципите, а тоа апла се гледа и унијата е се само не унија бидејќи во оваа ситуација ниту една земја членка не ја шиша ни два посто (од Унгарија до Данска) тогаш русите можат да го искористат ова добро да им возвратат со истата реторика, или она што јас го нарекувам, да им тураат сол на рана.Не разбрав што сакаше да кажеш со овој дел „Ако Путин оди да ја критикува Европа поради непримањето бегалци, тоа го толкувам како „ајде да пробаат малку од својата медицина“. “. Кој да проба од својата медицина?
Не само што ЕУ членките не ги сакаат мигрантите, туку и оние земји кои им се поблиску не ги примаат.
http://www.independent.co.uk/news/world/middle-east/jordan-blocks-syrian-border-to-leave-thousands-of-refugees-trapped-in-the-desert-including-hundreds-a6828471.html
Разговарав за ова со луѓе од различни делови од светот, еден Турчин упорно ме убедуваше дека кај нив нема место, ниту се економски стабилни за да помогнат. На оваа карта играат сите.
И? Колку ретардирана е целата фарса со додатните 3 милијарди евра што ги бара Турција, на врв од огромниот откуп од две милијарди што ЕУ им ги дава за нивната уцена?Да, за добар дел од прашањата.