Мигрантите низ Македонија

Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Дај да видиме некоја слика што ограда е таа што ја поставуваат АРМ... дали е онаква како во Унгарија, или пак некоја жичка надевајќи се дека ќе задржи по 5000 бегалци дневно :icon_mrgr:

Инаку точно е тоа за Србија, почнала селективно да пушта луѓе... прашањето е каде ќе одат оние што не спаѓаат во групата на Сиријци, Иранци и Авганистанци
Не верувам дека е нешто големо и значајно. Повеќе се пумпа по порталите. Меѓутоа како преодна фаза кон целосно затворање на границите е одлично. Мислам дека тивко и во фази ќе се оди на целосно оградување и непропуштање. Што мислам дека е добро, иако премногу касно се сетија. Веќе ни поминаа милион бегалци низ територија. Една четвртина од тие да ни ги вратат назад ....

ЕДИТ
Се подготвува терен, но не се поставува барикада со жица на македонска граница

Не се поставува нова барикада со жица на македонско-грчката граница. Се работи за барикада која е поставена од почетокот на мигрантската криза кај прифатниот центар во Гевгелија за канализирање на протокот на мигрантите, изјави за МИА порпаролот на АРМ, полковник Тони Јаневски, пренесе МИА.

Сепак, информира Јаневски, се работи на расчистување на теренот за евентуално поставување такво ограничување кое би било во случај на крајна нужда, а во согласност со донесените заклучоци на Советот за безбедност на РМ одржан на 14. ноември, а во врска со потребните мерки во случај на можни ограничувањата на проток на мигранти. АРМ и Управувачкиот комитет, истакна Јаневски, согласно тие заклучоци и задолженија ги преземаат сите потребни мерки.

- Подготовките се однесуваат во смисла на планирање на евентуални такви активности за поставување ограничувања, планирање на потребни ресурси, а опфаќа воедно и расчистување на теренот каде евентуално би се поставило такво ограничување кое ќе биде во случај на крајна нужда, изјави Јаневски.

Тој истакна дека АРМ редовно ги извршува поставените активности како и досега во однос на спречување на нелегалните минувања и поефикасен и побрз премин на мигрантите кон нивно канализирање кон транзитниот центар, но како испомош на граничната полиција.

Инаку, како што јави дописникот на МИА од Гевгелија, во изминатите 12 часа 4.366 мигранти од прифатниот центар заминале кон Куманово.

Како што изјави за МИА Ѓоко Лазаров, раководител на прифатниот камп кај Гевгелија, се пропуштаат сите пристигнати без селекција на национална припадност односно сите што исполнуваат услови за да им се издаде потврда за право за барање азил.

УНХЦР претходно соопшти дека Србија и Македонија го ограничиле пропуштањето на мигрантите преку своите граници и на нивните територии дозволуваат влез само на бегалци од Сирија, Иран и Авганистан.

Советот за безбедност на Република Македонија на седницата свикана од претседателот Ѓорге Иванов поради безбедносната состојба поврзана со терористичките напади во Париз и случувањата во врска со бегалците, донесе конкретни заклучоци и мерки во случај на ескалација на мигрантската криза.

На седницата беше утврдено дека во однос на мигрантската криза надлежните институции во Република Македонија постапуваат во согласност со Законот за управување со кризи.

Заклучено е АРМ и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки во случај на промена на ситуацијата на теренот, во смисла на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат.

Доколку состојбата со протокот на мигранти добие тренд на намалување во другите земји, Советот за безбедност заклучи АРМ и Управувачкиот комитет, како крајна мерка да може да преземат и поставување на барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно.

Советот за безбедност ја задолжи АРМ веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуално и можно поставување ограда.

Советот за безбедност потенцира дека поставувањето на оградата не би било во насока на затворање на границата, туку за канализирање и ограничување на протокот, во согласност со бројот на мигранти што ќе го прифатат државите во Европа кон кои тие се упатуваат.

Сепак, ваквиот чекор, кој засега е само можност, би се преземал во крајна нужда, односно само доколку земјите кон кои се упатуваат мигрантите значително го намалат протокот и на тој начин Република Македонија биде доведена во ситуација да се соочи со предизвикот за подолг престој на неконтролирана бројка на мигранти за која нема капацитет и можност да даде хуман третман.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.525
Поени од реакции
9.194
Наваму доаѓаат луѓе на кои им е прекурчено од вредностите на блиски исток и кои сакаат да бидат дел од Европскиот модел - да живеат во мир и безбедност, да имаат еднаква шанса на слободен пазар, и да заработат за комфорен живот на нивните фамилии.
Мислиш вака им е прекурчено од вредностите на Блискиот Исток?

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
каква црна алтернатива, кога Саудиска Арабија, Катар итн, не ги пуштаат кај нив, со други зборови, сеедно им е дали ќе цркнат. значи ние (демек, цивилизираниот свет) треба да се угледаме на Саудиска Арабија и да постапиме по нивниот светол пример. ако цркнат, Саудиска Арабија е крива што не ги пушта, не ние.

крај краева не си ти или јас или било кој тој што ќе наредува кој каде ќе оди. секој може да оди кај сака, тоа е основна слобода и право на движење. али тоа е таа фашистичка перспектива, чиста Македонија, чиста Европа, ова е моја земја, различните подалеку. и сите да си седиме изолирани во нашиот атар, со нам сродните по култура, вредности и религија (најбитно од се) и да се гледаме преку нишан. тоа е иднината на човештвото. Хајл Хитлер!
Samo sto ja opisa Japonija.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.218
Поени од реакции
34.807
не другар, ти си ги побркал поимите. ускратување на слобода на говор не значи автоматски фашизам.
Хаха, значи практично ти порачуваш дека е во ред да се ускратува слободата на говор? :rolleyes:

Метафората ти е погрешна. државата не ти е дворот. дворот е твоја приватна сопственост, државата не.
Мора ли се да ти нацртам?
Дворот е метафора на државата. Како што дворот е мој, така државата е на луѓето кои се нејзини граѓани. Државата е на граѓаните, и демократско право е на мнозинството да ги има сите права да одлучува, кој ќе влегува, кој ќе транзитира, или кој ќе се досели и кој ќе остане... во државата.

државите се подложни на миграција, и отсекогаш било така. држава е територија на која владее правото, и ако тој што доаѓа однадвор го почитува правото, тогаш добива државјанство
Не. Автоматски ништо не му следува.
Било кој што доаѓа однадвор најпривин треба да добие легална дозвола за престој или имиграција во државата. За азил постојат законски одредби, но дискреционо право на државата е да постапи според сопствените интереси во секоја одделна ситуација.

Пример за ова е неможноста на наши луѓе да имигрираат во пожелните западни држави, и нивното депортирање назад ако незаконски се обидат да се населат таму. Друг пример се постапките на државите како Унгарија кои разумно се штитат од инвазијата на огромна хорда имигранти. Како Унгарија има многу други држави, ете ги Австрија, Словенија, Бугарија, и сите други кои планират слични мерки. Сите освен предавниците во македонската влада.

не знаеш што збориш. веројатно не си искочил од македонскава жабокречина.
:rolleyes:

наваму доаѓаат луѓе на кои им е прекурчено од вредностите на блиски исток и кои сакаат да бидат дел од Европскиот модел - да живеат во мир и безбедност, да имаат еднаква шанса на слободен пазар, и да заработат за комфорен живот на нивните фамилии
Прво, јас никаде не видов фамилии со жени, деца, и старци. Не, повеќе од 90% од имигрантите се млади способни мажи.
Второ, и многу Македонци го сакаат истото ова што си го напишал погоре, ама нив никој не им дава визи и потребни документи за преселба во западните држави. Хордава имигранти доаѓа на сила, без никакви аргументи или документи, сите се прават Сиријци иако во реалност освен еден мал дел, МНОЗИСТВОТО ИМИГРАНТИ НЕ СЕ СИРИЈЦИ.
http://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/Asylum_quarterly_report

толку. ајде сега кажи ми кои се тие нивни вредности што се неспоиви со поимот за мултикултурност, кога доаѓаат ТОКМУ ПОРАДИ таа мултикултурност, а бегајќи од сиромаштија, диктатори и монструми.
Имигрантите од тие краишта се неспоиви со поимот за мултикултурност, затоа што немаат никаква толеранција спрема другите религии, ниту спрема атеистите. Еден од многу докази е примерот со фрлањето во Средоземното море на христијански бегалци, од страна на другите муслимански „колеги“.
Во исламот апостасија (напуштање на верата), се казнува со смрт. Ова го пишува во куранот, провери и едуцирај се пред да реплицираш како бот.
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/middleeast/saudiarabia/11431509/Saudi-Arabia-court-gives-death-penalty-to-man-who-renounced-his-Muslim-faith.html
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/08/the-death-penalty-in-saudi-arabia-facts-and-figures/
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/03/saudi-arabia-unprecedented-spike-in-executions/
Огромно мнозиснство од имигрантите се муслимани. Статистички гледано (со една децимала), слободно заклучи дека имигрантите СЕ муслимани.

така де, ако не сум фашист како тебе, мора во Сорос да работам... нема шанси тоа да е мое мислење базирано на најосновен хуманизам.
Хаха, ако не мислам како тебе значи автоматски сум фашист? :D
Колку типично за квази-либералите како тебе. А за Сорос само те прашав, потполно ти се исти ставовите како нивниот ПР (пропагандата). ;)

алас, кога нетолеранцијата станала поим со позитивно значење, тогаш знаеме дека општеството навистина умира.
Недостатокот од чуство за потреба на самоодбрана, тоа сакате да го всадите во општеството, преку лицемерно толкување на поимот за толеранција.
Ти кажав веќе, повели отиди на пријателска средва во најблиската муслиманска енклава (ете ти го Чаир) и таму со локалните жители продискутирај на тема толеранција и мултикултура. На пример предложи им отварање на христијански или еврејски храмови до нивните џамии. Или еве, настрана религијата, предложи им отварање на ЛГБТ центар таму или во чаршијата... Упс! ;) Па тоа веќе се случи, ај биди љубезен потсети ме како колку толерантно заврши тој мултикултурен проект? :sneaky:

хипокрит... мислиш само вие фашистите сте откриле топла вода па зборите зашто Саудиска Арабија не прима бегалци, ние другите не знаевме. само од религиска диктатура како Саудиска Арабија и не може да се очекува повеќе. јас не можам да го сменам фактот дека Саудиска Арабија се ѓубриња. треба тие ѓубриња да ни бидат репер?
Мојата родољубивост, моето чувство за одговорност кон државата за која моите претци гинеле и лееле крв, мојата грижа за иднината на моите деца и грижата за идните поколенија на Македонскиот народ - мене тоа не ме прави фашист. Ох, хипокризијата предавнику, таа е целосно твоја.

П.С. Еволутивната психологија е многу интересна научна дисциплина. Когнитивната дисонанца е остаток од минатото, атавизам од времето кога таа била пожелна особина во човечката еволуција. На пример, пожелно било упорно да се брка пленот, иако во реалност шансите често биле на страната на пленот. Но упорните преживувале повеќе (и како поуспешни ги пренесувале своите гени на потомството), а упорноста често е резултат на себезалажувањето. Механизмите на тоа себезалажување се токму работите како когнитивната дисонанца.
Кога разумот не може (не сака) да се соочи со некоја исклучително непријатна вистина (на пример фактот дека сите ќе умреме еден ден, или фактот дека жена ти те вара со водоинсталатерот), тогаш разумот се брани од реалноста со чувство на голема нелагодност и внатрешен немир секогаш кога се соочува со непријатната вистина. Така се учиш да не размислуваш за непријатните вистини.
Алас, тоа е таа когнитивна дисонанца која ја предизвикува потребата за живеење во розов свет. Како на пример, приказната за мултикултура и еднонасочна толеранција, розово обоена приказна која ти ја проповедаш (со очите ширум затворени за реалноста, и главата набутана во земја, како ној). Но како што реков, реалноста има незгодна навика силно да те удри по глава, посебно кога ги затвараш оќите и одбиваш да гледаш.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
и овој протест мора да е исто така репрезентативен за целата популација.
А сепак тие на твојата слика не идат да кољат луѓе по светов, само затоа што не се од нивна вера, ниту пак одат кај вас у Ријад да убиваат масовно нехристијани саморазнесувајќи се.

Баталите го муџава. Нормално е дека ќе ги брани. Јако му е дека кафирите ги кинат и курето му се дига.

А ние сите Европјани, дур го толерираме постоењето на нивни гнезда на наша територија, вака ќе си поминуваме. Тие тамо у Моленбек место да го исселат цел кварт, они фешта праат со свеќи. Епа нема гајле и на Брејвик ќе му кажам да запали свеќа, ете да видите дека и он е исто ОК, како Муслиманите од Моленбек.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
353
Поени од реакции
210
Хаха, значи практично ти порачуваш дека е во ред да се ускратува слободата на говор? :rolleyes:
тоа го разбра ти а? :pos:

Мора ли се да ти нацртам?
Дворот е метафора на државата. Како што дворот е мој, така државата е на луѓето кои се нејзини граѓани. Државата е на граѓаните, и демократско право е на мнозинството да ги има сите права да одлучува, кој ќе влегува, кој ќе транзитира, или кој ќе се досели и кој ќе остане... во државата.
ако државата е на граѓаните, не е затворена само за тие граѓани што останале внатре. и тие некогаш дошле од негде.

Пример за ова е неможноста на наши луѓе да имигрираат во пожелните западни држави, и нивното депортирање назад ако незаконски се обидат да се населат таму.
и тоа е праведно според тебе?

Прво, јас никаде не видов фамилии со жени, деца, и старци. Не, повеќе од 90% од имигрантите се млади способни мажи.
жените децата и старците ти не сакаш да ги видиш, затоа што го гледаш тоа што го сакаш, односно тоа од што се плашиш. точно, жените децата и старците не се мнозинство иако ги има илјадници, затоа што не можат ништо да заработат, не им вреди слободниот пазар и не можат да патуваат. прати го малце аргументот. кога работоспособните ќе заработат, ќе ги повлечат нивните фамилии. впрочем ние најдобро го знаеме овој принцип преку гастарбајтерството.

Второ, и многу Македонци го сакаат истото ова што си го напишал погоре, ама нив никој не им дава визи и потребни документи за преселба во западните држави. Хордава имигранти доаѓа на сила, без никакви аргументи или документи, сите се прават Сиријци иако во реалност освен еден мал дел, МНОЗИСТВОТО ИМИГРАНТИ НЕ СЕ СИРИЈЦИ.
http://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/Asylum_quarterly_report
аха, сега не се сиријци, него авганистанци и сомалијци. нив им цветаат рози сигурно во земјите.

Имигрантите од тие краишта се неспоиви со поимот за мултикултурност, затоа што немаат никаква толеранција спрема другите религии, ниту спрема атеистите. Еден од многу докази е примерот со фрлањето во Средоземното море на христијански бегалци, од страна на другите муслимански „колеги“.
Во исламот апостасија (напуштање на верата), се казнува со смрт. Ова го пишува во куранот, провери и едуцирај се пред да реплицираш како бот.
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/middleeast/saudiarabia/11431509/Saudi-Arabia-court-gives-death-penalty-to-man-who-renounced-his-Muslim-faith.html
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/08/the-death-penalty-in-saudi-arabia-facts-and-figures/
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/03/saudi-arabia-unprecedented-spike-in-executions/
Огромно мнозиснство од имигрантите се муслимани. Статистички гледано (со една децимала), слободно заклучи дека имигрантите СЕ муслимани.
а зашто би требало да ја напуштат верата? не е проблемот верата. по којзнае кој пат, муслимани НЕ Е ЕДНАКВО на исламисти. уште пред мигрантската криза има веќе милиони муслимани во Европа. работат по донери и секакви други блу колар раднички професии.

Хаха, ако не мислам како тебе значи автоматски сум фашист? :D
Колку типично за квази-либералите како тебе. А за Сорос само те прашав, потполно ти се исти ставовите како нивниот ПР (пропагандата). ;)
мора од таму да сум ги научил, ама за среќа ти си преинтелигентен и си успеал да развиеш отпор на Соросовите лаги. иди бе...

Недостатокот од чуство за потреба на самоодбрана, тоа сакате да го всадите во општеството, преку лицемерно толкување на поимот за толеранција.
Ти кажав веќе, повели отиди на пријателска средва во најблиската муслиманска енклава (ете ти го Чаир) и таму со локалните жители продискутирај на тема толеранција и мултикултура. На пример предложи им отварање на христијански или еврејски храмови до нивните џамии. Или еве, настрана религијата, предложи им отварање на ЛГБТ центар таму или во чаршијата... Упс! ;) Па тоа веќе се случи, ај биди љубезен потсети ме како колку толерантно заврши тој мултикултурен проект? :sneaky:
мора да си у право, македонците се дефинитивно многу потолерантни од албанците за лгбт.:facepalm:

Мојата родољубивост, моето чувство за одговорност кон државата за која моите претци гинеле и лееле крв, мојата грижа за иднината на моите деца и грижата за идните поколенија на Македонскиот народ - мене тоа не ме прави фашист. Ох, хипокризијата предавнику, таа е целосно твоја.
ако се грижиш ти за државата ќе видиш дека има далеку поголеми проблеми од мигрантите и исламот. ако се грижиш за твоите деца нема да ти пречат туѓите деца. а твоите претци гинеле и лееле крв за хумани идеи и вредности, не за држава која крева ѕидови за да ја задржи етничката и верска чистота. твоите претци се превртуваат во гробот кога гледаат за што се залагаш.

П.С. Еволутивната психологија е многу интересна научна дисциплина. Когнитивната дисонанца е остаток од минатото, атавизам од времето кога таа била пожелна особина во човечката еволуција. На пример, пожелно било упорно да се брка пленот, иако во реалност шансите често биле на страната на пленот. Но упорните преживувале повеќе (и како поуспешни ги пренесувале своите гени на потомството), а упорноста често е резултат на себезалажувањето. Механизмите на тоа себезалажување се токму работите како когнитивната дисонанца.
Кога разумот не може (не сака) да се соочи со некоја исклучително непријатна вистина (на пример фактот дека сите ќе умреме еден ден, или фактот дека жена ти те вара со водоинсталатерот), тогаш разумот се брани од реалноста со чувство на голема нелагодност и внатрешен немир секогаш кога се соочува со непријатната вистина. Така се учиш да не размислуваш за непријатните вистини.
Алас, тоа е таа когнитивна дисонанца која ја предизвикува потребата за живеење во розов свет. Како на пример, приказната за мултикултура и еднонасочна толеранција, розово обоена приказна која ти ја проповедаш (со очите ширум затворени за реалноста, и главата набутана во земја, како ној). Но како што реков, реалноста има незгодна навика силно да те удри по глава, посебно кога ги затвараш оќите и одбиваш да гледаш.
:toe:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.218
Поени од реакции
34.807
државата е на граѓаните
Државата е само на граѓаните, не е на имигрантите. Мнозинството од граѓаните е единствено меродавно да одлучи за постапките на својата држава.

ако државата е на граѓаните, не е затворена само за тие граѓани што останале внатре. и тие некогаш дошле од негде.
Ако се вратиш наназад, ќе се вратиш до Африка. Или уште поатаму наназад, во океанот. Па повели.

аха, сега не се сиријци, него авганистанци и сомалијци. нив им цветаат рози сигурно во земјите.
Така така, ајде цел свет да го собереме овде. Тоа е решението! :rolleyes:

а зашто би требало да ја напуштат верата? не е проблемот верата. по којзнае кој пат, муслимани НЕ Е ЕДНАКВО на исламисти.
Не замарај со семантика, и сеедно - погрешно си разбрал. Муслиманите се тие кои те тераат тебе (нас) да ја преземеме нивната вера, да ги преземеме нивните вредности. Не е обратно.
Која друга религија во денешно време сеуште убива милиони луѓе заради некаква фикција напишана пред повеќе од 14 векови? :cautious:

мора да си у право, македонците се дефинитивно многу потолерантни од албанците за лгбт.:facepalm:
Не биди нефер кон Албанците, па мора и меѓу нив да има понекој атеист (или припадник на друга вера). :sneaky:

Јас за муслиманската толеранција зборував, а муслимани се огромното мнозинство од имигрантите. Толеранцијата кон ЛГБТ луѓето е само дел од „големата толеранција“ на Исламот.

Не ти се чита некако што ти напишав за муслиманската толеранција: Во исламот апостасија (напуштање на верата), се казнува со смрт. Ова го пишува во куранот, провери и едуцирај се пред да реплицираш како бот.
http://www.telegraph.co.uk/news/wor...ty-to-man-who-renounced-his-Muslim-faith.html
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/08/the-death-penalty-in-saudi-arabia-facts-and-figures/
https://www.amnesty.org/en/latest/news/2015/03/saudi-arabia-unprecedented-spike-in-executions/

Не ти се коментира примерот со фрлањето во Средоземното море на христијански бегалци, од страна на другите муслимански „колеги“. Повеќе од видливо е твоето одбивање да се соочиш со реалноста. ;)

твоите претци гинеле и лееле крв за хумани идеи и вредности, не за држава која крева ѕидови за да ја задржи етничката и верска чистота. твоите претци се превртуваат во гробот кога гледаат за што се залагаш.
Не тоа се твои лаги и заблуди. Моите претци гинеле и лееле крв за слободата на народот, не за твојата извртена претстава за „хумани идеи“. За нормален човек не е хумана идеја да им дозволиш на исламски фундаменталисти да направат калифат во Македонија, а „кафирите“ да станат робови во сопствената држава.

Ти си патетичен пример за тоа како општеството интерферира со еволуцијата, ти си еволутивен отпадок, неуспешен експеримент на еволуцијата - во конкурентна животна средина не би преживеал долго, најверојатно би умрел од глад додека чекаш да се отвори општествената менза каде „ти следува“ оброк. Алас, модерното општество носи големи бенефити за човештвото, ама и големи назадувања на некои полиња.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Македонија го редуцира бројот на бегалци-ќе се пропуштаат само бегалци-затворени границите за економските мигранти

Македонија синоќа добила писмо од Словенија која ги известила и останатите земји долж балканскиот коридор дека нема да прима лица кои не доаѓаат од кризните региони и дека истите ќе ги смета за економски мигранти..

Нашата држава реагира согласно одлуката и заклучоците на советот за национална безбедност за примена на мерки, односно поставување на жица во случај на редуциран број на мигранти низ коридорот со тоа што како што информираат надлежните, реакцијата за поставуивање на ограда е навремена и оправдана.. Според информациите на Алфа, барање за редуцирање на мигранти долж балканскиот коридор имало и од Австрија, за што, според досегашните пресметки на надлежните, 40% од досегашбниот прилив на мигранти кои Грција ги испраќа кон Македонија се економски..

Постои опасност економските мигранти да одат надвор од контролниот пункт, поточно да избегнуваат регистрација и да користат илегални патишта, за што еднаш веќе предупреди претседателот Ѓорге Иванов.. Поставувањето на оградата е со цел – канализирање на мигрантите кои од ЕУ влегуваат во Македонија, нивно регистрирање и соодветно хумано и безбедносно третирање..

Се уште нема информации од Фронтекс кога ќе се распоредни на нашата јужна граница за да спроведе активности на излезни проверки и да врши регистрација на лица кои не се регистрирани..

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.218
Поени од реакции
34.807
Некој секако има криза на идентитетот. Но да се фоксираме на поголемите проблеми. Еве се деси тоа што некои од нас го одамна го најавуваа: се затворија границите нагоре кон Европа, сега реално ќе почне Македонија да станува „тесно грло“ каде ќе се собира шљамот што веќе не го сакаат горе во ЕУ.
Сега можеби на некои им стануваат појасни плановите на УНЦХР за 30.000 имигранти со неограничен престој во Македонија? 30.000?? Ма како што тргнале работиве прашање е дали бројката ќе биде поголема за само една цифра, 300.000!!! :mad:
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Како антикапиталистичката левица го храни капитализмот vol 2 (првиот дел може да се прочита тука)

Често пати од про имиграциските настроени левичари ги слушаме изјавите од типот no borders no nations, no human being is illegal, protect the people not the borders, borders are illegal , not the people who cross it. Сето тоа пропратено со smash the capitalism.

Дали навистина луѓето што ја подржуваат миграцијата од арапскиот свет се антикапиталисти?

Не! Голем дел од нив ни самите не се свесни дека се користени од капитализмот за да го одржат системот против кој наводно се борат. Кога економскиот раст на суперкапитализмот се соочува со хроничен недостаток од работници, т.е. со голем недостаток од домашна работна сила предизвикан од екстремно намалениот наталитет, почнуваат да инвестираат и промовираат политика на отворени граници. Бришењето на националните границите и дозволување на слободен влез на милиони имигранти е чиста капиталистичка измислица, имплементирана преку нивниот инструмент левицата составена од комунисти, анархисти, феминистки, ЛГБТ сапортери и мултикултуралисти.Иронично, но тие се најголемите tools of the state. Да не се лажеме богатите земји не ги примаат мигрантите од солидарност и хуманистички вредности. Мигрантите се носителите на ефтина работна сила која е есенцијална за функционирање на капиталистичкиот систем. Погонското гориво што го движи капитализмот е ефтината/бесплатна работна сила.

Историски гледано секогаш имало силна врска помеѓу крупниот капитал и радикалната левица. Најдобар пример за тоа е бољшевичката револуција во Русија која била финансирана од еврејски банкари

Денес не е ништо поразлично. Имиграциските закони што ги подржуваат левичарите му служат исклучиво на капитализмот на два начини:
1.го обезбедуваат капитализмот со ефтина работна сила.
2. му дозволуваат на капиталистичкиот систем поголема контрола врз работникот.

Поголемиот дел од развиените капиталистички економии почиваат на трудот од мигрантите (САД, Австралија и тн.). Па така ако до неодамна ја прочитавте миграциската политика на европските земји ќе забележевте дека таа е обликувана под силно влијание на крупниот капитал кој се залага за безграничен проток на мигранти што беше круцијално за нивните економии.

Друг исто така многу битен бефит, што на капитализмот му помага да расте и станува посилен е падот на цената на трудот во државите каде што се примаат мигрантите. Зошто? Затоа што мигрантскиот работник е подготвен секогаш да работи за помалку пари од автохтониот работник. Арапите и индијците секогаш ќе работат за далеку помала плата во мултинационалните корпорации, отколку еден германец, французин или британец. Тоа е директен пад на цената на трудот, што им оди во полза на мултинационалните корпорации. И ја уништува автохтоната работничка класа! Мигрантите од третиот свет се пожелни за големите компании затоа што помалку се здружуваат со синдикати, работнички здруженија и генерално не се многу заинтересирани да ги бараат своите права.

Така што веќе станува јасно дека кога се работи за бизнис само капиталистите и нивната продолжена рака левицата не познаваат граници. Затоа левицата ќе продолжи да биде главен носител на миграцијата од третиот свет. Нека не ве лажат, нивните сојузници се политичките и бизнис елити на кои тие им служат и директно ја уништуваат европската работничка класа. Маркситите се клучната компонента во глобалниот капитализам.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Денеска не е пуштен ниту еден мигрант да влезе на македонска територија. Ситуацијата на границата е напната. Мигрантите не ја прифаќаат политиката на ЕУ да се пропуштаат само бегалци од воените подрајча.

На Табановце, за влез во Србија чекаат околу 150 мигранти кои Србија не ги прима затоа што не доаѓаат од воени жаришта.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, в недела ќе пристигне во Македонија за да ја согледа ситуацијата со мигрантите на македонските граници

Ете ги бе, мирните, почнуваат да мрчат, а нема ли 24 часа од кога е донесена одлукава.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Македонија можеше да биде посигурна само ако изградеше навистина квалитетна заштита на јужната граница. Ограда која би била позаштитена од истата во Бугарија и Албанија.
Преселниците ќе одат според проценката на можност, која државна граница е полесна за пробивање. И ќе одат и престојуваат до она место до каде што можат да стигнат. Што значи ако успеат да стигнат до Хрватска и не можат да ја поминат Словенија, тогаш ќе останат во Хрватска. Оние кои не успеат да влезат во Хрватска ќе и останат на Србија. Така принудно преселниците ќе бидат распрскани по земјите по патеката на нивното преселување на север. Појужните држави ќе имаат поголеми бројки, посеверните помали.
Без да стои густо поставена македонска војска и полиција од наша страна на жичаната ограда по текот на јужната граница нема да има некоја делотворност. Јужната граница нема многу природни пречки, проодна е во поголемиот дел. Нашата гранична полиција е многу разредена, многу слабо ја покрива граничната линија.
Затоа нашите политички предводници најсериозно да се зафатат со оваа неволја и тоа ВЕДНАШ и со сета сериозност да се пристапи на најцврсто затворање на јужната граница ако не сакаат да испаднат најголемите шушумиги во македонската историја кои и го ископале гробот на државата на македонците.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.218
Поени од реакции
34.807
Mуабетот е, што кога бројот на имигранти од грчка страна ќе достигне поголем број? Што кога ќе решат или на сила да влезат? Што кога ќе решат да отидат десетина киломентри источно, или западно?
Спремни ли сме на ова? Имаме ли ограда и армија долж целата јужна граница?[DOUBLEPOST=1447958922][/DOUBLEPOST]
Без да стои густо поставена македонска војска и полиција од наша страна на жичаната ограда по текот на јужната граница нема да има некоја делотворност. Јужната граница нема многу природни пречки, проодна е во поголемиот дел. Нашата гранична полиција е многу разредена, многу слабо ја покрива граничната линија.

Затоа нашите политички предводници најсериозно да се зафатат со оваа неволја и тоа ВЕДНАШ и со сета сериозност да се пристапи на најцврсто затворање на јужната граница ако не сакаат да испаднат најголемите шушумиги во македонската историја кои и го ископале гробот на државата на македонците.
^^
ОВА! :cautious:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom