A нее, не со тие куршуми!
Среди си ги малку значењата на поимите, тие не се релативни.
- Слобода на говор, да го кажам моето мислење - тоа не е фашизам.
- Тоа што таквите како тебе, сакаат да му наложат на мнозинството како да се размислува и што да се прави (
или да не се прави) - е тоа веќе озбилно оди накај
фашизам.
Мнозинството треба демократски да одлучи каков ќе биде нашиот колективен однос кон имигрантите (
за државата зборувам). Не можеш ти да кажуваш некои квази-хуманистички бесмислици, и да ги презентираш како обврски и норми за однесување.
крај краева не си ти или јас или било кој тој што ќе наредува кој каде ќе оди.
Немам такво право, не е светот моја сопственост. Ниту имав намера, ниту сакам да му кажувам на некој каде да оди - се додека тој некој не сака да дојде кај мене. Но мојот двор е моја сопственост. Во мојот двор, јас
можам да кажам кој ќе влезе а кој нема. Тоа
Е мое право.
Ако некако не успеа да разбереш, дворот е метафора за државата. Мнозинството мора да биде прашано, и да се изјасни за сето ова. Затоа што на крајот на краиштата, сите заедно се справуваме со последиците, а богами и задно плаќаме за справувањето со имигрантите, од колективните пари собрани преку даноци, такси, итн. Мислам, тие што всушност плаќаме даноци, зошто некои често или воопшто не плаќаат такви давачки (
добар дел од тие се со иста вера како имигрантите, пошто во нивните енклави не функционира целосно државата). Да знам - мала, ама потребна дигресија.
Најпосле погледни ја иронијата. Наваму доаѓаат луѓе со вредности кои се тотално неспоиви со поимите за толеранција и мултикултурност, но ти нам ни налагаш дека ние не смееме да се однесуваме според нивните сопствени вредности, како што се нормите во тој регион (
спомнаните држави, Саудиска Арабија, Катар, итн, кои не ги пуштаат кај нив).
Саудиска Арабија, Катар итн, не ги пуштаат кај нив... Хајл Хитлер!
Според твојата суицидна теза, ние мора да бидеме толерантни кон нетолерантните. Што практично значи капитулација пред нивната агресивност. Но што ќе се случи тогаш? Тогаш нивните вредности ќе бидат пренесени врз нас, зошто толеранцијата која ти ни налагаш да ја имаме - ќе не спречи да ги браниме нашите сопствените вредности. Значи ќе ги примиме нивните вредности, со што практичо и ние заедно со нив ЌЕ СТАНЕМЕ НЕТОЛЕРАНТНИ.
Потоа некои идни имигранти нема да ги примиме и пак ќе бидеме „лоши“ (фашисти, како што кажа ти). Значи овака или онака, неизбежно е да бидеме „лоши“. Епа штом е така, тогаш зошто побогу да не бидеме „лоши“ од старт??!? (
читај, да бидеме разумни)
Како да завртиш, не се исплати да бидеш толерантен со нетолерантите. Освен ако не работиш во некоја невладина организација на чичо Сорос, тогаш (
некои велат) изгледа се исплати. Но од тој аспект гледано, некои велат и дека проституцијата била прилично исплатлива...
“Tolerance and apathy are the last virtues of a dying society.”
―
Aristotle http://www.goodreads.com/quotes/1163070-tolerance-and-apathy-are-the-last-virtues-of-a-dying
Малку е спорно авторството на мислата погоре, но што не е од тој период?
Самата мисла, алас, е секако
многу поучна.