Пред малку Сител имаа прилог и директно известување од Гевгелија за имигрантската криза во Македонија и Европа. Известувањето за ситуацијата со имигрантите во Европа им беше преземено од euronews.
Значи, според euronews, моментално има 40.000 имигранти кои чекаат во Италија и Грција. За релокацијата на имигрантите најмногу се очекува да примат Германија и Франција кои вкупно ќе преземат околу 20.000 имигранти. Шпанија ќе прими 4000, Полска 2000, а Чешка 1500 имигранти. Данска, Бугарија и Британја одбиле да примаат имигранти.
Во Македонија, се до овој момент (17.07) се издадени
13.000 потврди на можни баратели на азил. Скоро гледав и една емисија на 24Вести, гостин беше Иво Котевски и тој говореши за официјални бројки од имигрантската криза (ако некој ја најде емисијата, нека ја постира). Ги следам и останатите медиуми и групи за помош на имигрантите. Покрај "хуманитарците" како Ј.Реџепи кои имаат практичен интерес Македонија и Европа да се полнат со муслимани, гледам дека и многу Македонци (најверојатно широкогради граѓани на светот) помагаат околу имигрантите. Да сакаш да ти се доселат овие луѓе во земјата во која живееш е да си ја бараш бељата со сила...
Јас само се надевам дека сега откако заврши политичката криза во Македонија ќе се стави крај на ова лудило.