Зошто. Ете пред некој месец 40тина албанци се обидоа вооружено да дејствуваат во Македонија. Тоа не го претставува албанското население, но зборува за постоење на позабегани групации кои веруваат дека истото ќе ги поддржи или ќе го поттикнат/принудат да ги поддржи во нивните агресивни дејствувања. Ако не верувале не би ни размислувале за вооружено дејствување!?
Што мислиш дали и колку е можно дејствување на одделни албански групации во согласност со муслимански мигранти - привремени доселеници? Што знаеме идната година, две..., колкав ќе биде бројот на мигранти што ќе притиска на граница. Македонија надворешно делува како најслаба алка. Земја што стои на стаклени нозе. Посебно доколку веруваат дека би имале некаква поддршка внатре од муслиманите во Македонија. Според твоето познавање на албанскиот карактер и однесување, како албанците во Македонија и Косово би се чувствувале и однесувале во таков случај на повик за дејствување од албански исламски групации поврзани со масата бегалци?
Не ги спомнувај во контекстов 40- те разбојници, затоа што не се вклопуваат воопшто.
Дали дел од албанците го подржуваат исис, да, мал дел да, особено во Македонија, сведок сум јас, барем по фејсбук профили дека до толку им е перен мозокот што шериатот го гледаат како божји закон кој мора да се распространи во целиот свет.
Мал дел е тоа, барем за сега. Може да се забележи дека се проширува пропаганда по социалните мрежи, по сомнителни клерици, обидот е видлив, мета им се младите, регрути.
Не знам кој треба да ги контролира.тие портали, јас барем десетици сум пријавувал, ама џабе.
Не можам да предвидам дали ис би имал подршка овде, сепак има премногу непознати параметри, интереси на големите сили итн...
Едно е сигурно, албанското население е против војни и конфликти.
Косово веќе затвори сомнителни оџи, Македонија спие...