Методија Шаторов-Шарло -- неправедно оцрнет во Македонската историја

A

anaveno

Гостин
Според документите што досега беа познати, Методија Шаторов-Шарло загинал во 1944-та година кај месноста 'Милева скала' во близинана бугарскиот град Пазарџик како командант на околу 200 партизани.

На 4 септември 1944 година, штабот добил известување дека бугарската војска и полиција со околу 3.000 припадници подготвуваат офанзива против слободната територија на партизаните меѓу градовите Лозени Пазарџик.

Истиотден, командантот Шарло наредил четите да се подготват за борба, иако знаел дека партизаните немаат шанса за победа против толку надмоќна сила.

Во борбата загинуваат 12 партизани заедно со Методија Шаторов-Шарло.
По победата на Отечествено-фронтовската власт во Бугарија, власта го пронашла трупот на Шарло со прострелни рани на неколку места и знаци дека е ограбен од своите убијци.

Проф. д-р Виолета Ачкоска, цитирајќи ја книгата на Ристе Бунтески-Бунте се согласува дека е голема веројатноста Методија Шаторов-Шарло да бил убиен од зад грб.

Документи за тоа што се случило на 4-ти септември 1944-та година нема, но има сведоштва кои донекаде ја разоткриваат таинственоста околу смртта на Шарло и можните претпоставки за нарачателите на неговата ликвидација.

Првите претпоставки што се појавиле во печатот во тоа време говорат дека Шарло е ликвидиран од агент на Тито, уфрлен меѓу бугарските партизани. За таа варијанта зборувале обични луѓе, но и некои професори по историја во Софија.

Втората верзија е дека Шарло загинал на 4-тисептември, но по прекинот на борбите кај 'Милева скала'. Пет дена подоцна почнале да се шират разни верзии за неговото убиство.

Меѓутоа, се поставува прашањето што се случувало со трупот на Методија Шаторов-Шарло цели 11 дена, кога е извршена и аутопсија од д-р Давид Попов, судски лекар во затворот во Пазарџик. Извештајот се совпага со сведоштвата на Л. Гуменаров, кој во 1950-та година бил обвинет за убиството на Шарло. Обвинетиот Гуменаров во распитот изјавил дека Шарло бил прострелан со 2-3 куршуми од карабин во пределот на стомакот.

Co смртта на Шаторов и потрагата по физичките убијци се занимавале неколку официјални комисии во Бугарија.

За да биде загатката со смртта на Шарло уште понејасна д-р Антон Колендиќ во тексто бјавен во Старт 1989-та година тврди дека еден ден пред ослободувањето на Бугарија, значи на 8 септември 1941-та година, во шумите кај Софија Шарло бил убиен со еден куршум во грбот.

Според проф. д-рЗоранТодоровски, кој подготвува книга со ексклузивни сведоштва и документи за убиството на Шарло, а некои од нив македонската јавност има шанса за прв пат да ги види токму во оваа прилика, нашите историчари за него со децении не пишувале за тоа што тврдел и пишувал самиот Шарло, туку што кажувал за него Колишевски и другарите, користејќи препознатливи етикети, инсинуации и нарачани епитети.

МАКЕДОНИЗМОТ НА ШАРЛО

Во историските читанки контролирани од идеолошкиот центар на скопско Водно, со децении стоеше запишано со црни букви дека Шарло е предавник, шовинист и стар Бугарин.

Историчарите што тоа го пишуваа не ги интересираа документите што им стоеја на располагање во архивите на КПЈ, Коминтерната или во Бугарија.

Ако им било дозволено да ѕирнат макар малку во изворните документи потпишани од Шарло ќе можеле да видат дека тој уште во 1924-та година, во документот за историјата и суштината на ВМРО (Обединета), за разлика од некои наши повоени раководители 'дојдени од Шумадија', веќе имал изградено чиста позиција и програма за Македонија во која нема диктат на Софија, Белград или Атина.

Во документот, Шарло, меѓудругото, барал отворање на македонски училишта, конституирање на македонски литературен јазик, слобода во формирањето на културно-просветниот живот, формирање на братства, младински и политички организации.

За најважна задача Шаторов го смета "oбединувањето на македонскиот народ во една независна држава".

И според д-р Стојан Киселиновски, за разлика од приврзаниците на идниот југословенски федерализам на челосо Лазар Колишевски, прилепчанецот Шарло бил со јасно определена национална свест и припадност.

Можеби токму затоа противниците на идејата за самостојна и независна Македонија на чело со Колишевски со измислици и лаги успеваат да го тргнат од челното место во КПМ. Според сите досега достапни документи, Шарло сметал дека Македонците се посебна нација, а јазикот што го зборуваат треба да го смени статусот од 'најупотребуван јазик' во 'официјален македонски јазик'.

Во однос на државниот статус сметал дека македонскиот народ, како и секој народ, има право да живее во своја сопствена држава.

Затоа за него, смета Киселиновски, македонското национално прашање било прашање од прв ред и македонската политика има смисла само ако се залага Македонците да останат Македонци.

Оваа македонска национална политика Методија Шаторов-Шарло се обидел да ја реализира во вардарскиот дел на Македонија во периодот од 1940 до 1941-та година, заложувајќи се за македонската државност во корист на македонскиот народ, принудувајќи ја КПЈ на Тито дефинитивно да ја отфрли теоријата за 'шаренило на народи во Македонија' и да ја признае македонската нација и македонскиот јазик.

Во многу документи од оставнината на Шарло јасно стои дека македонскиот јазик не е ни српски, ни бугарски, туку е специфичен македонски јазик:

"Македонците уште немаат свој книжевен јазик, а за тоа се виновни неговите окупатори кои не им даваат да зборуваат на својот јазик, а камо ли да создаваат литератературен јазик. Во Македонија дури и децата во училиштата се казнуваат поради тоа што зборуваат на својот мајчин јазик, a за постарите и да не зборуваме. Сепак, и покрај тоа, Македонците веќе создадоа своја литература на македонски јазик во Југославија, како и во Бугарија, а веќе се издадени и стихотворби на македонски јазик...", пишува Шарло.

Идејниот концепт на македонската национална платформа е препознатлив низ дваесетина документи чие неоспорно авторство е на Шарло.

КОЛИШЕВСКИ ГО ЛАЖЕЛ ТИТО?!

Ако непристрасно се анализираат документите од времето на Шарло веднаш може да се види дека тој е отстранет од комунистичкото движење во Македонија, но и од Македонија воопшто, токму поради јасната македонска платформа и јасниот македонски национален пристап.

Истото тоа пет години подоцна ќе се случи и со неговиот сограѓанин Методија Андонов-Ченто, прв претседател на Македонија.

Операцијата за отстранување ја води лично Лазар Колишевски.

Врз основана неговите измислици и лаги за Шарло, Александар Ранковиќ успеал да издејствува кај Тито писмо за тргање на Шарло од челната позиција на КПМ, но и од Партијата воопшто.

На 24 јули 1941-та година генералниот секретар на ЦК КПЈ, Јосип Броз Тито, испраќа писмо до Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, со кое известува за сменувањето на Методија Шаторов-Шарло од должноста секретар на ПК на КПЈ за Македонија, исклучувајќи го истовремено од редовите на КПЈ.

Во одлуката Шарло се обвинува за саботирање на издавањето на прогласот во врска со нападот на фашистичка Германија на СССР, за прекинување на врските со ЦК на КПЈ по окупацијата на Македонија, за непријателскиот став кон Србите кои работеа во Македонија и друго.
 
A

anaveno

Гостин
Одлуката во Скопје ја донел Драган Павловиќ-Шиљо, а Шарло веднаш се изјаснува дека се' што е изнесено во неа не е вистина и дека таа одлука е донесена врз основа на клеветите на еден човек.

Тој човек е Лазар Колишевски.

Одговарајќи на документот на Тито во врска со неговото исклучување од Комунистичката партија, Шарло меѓу другото ќе подвлече дека 'одлуката на ЦК за моето исклучување е престрога и таа е диктирана од една страна од лошата партиска проценка за мојата партиска работа, а од друга страна таа е заснована на клеветите на другарот Митре (Колишевски, н.з.) со групата околу него кои во желба да дојдат до партиски положаи бараа покритие за својата работа, и не запреа ни пред фактите кои ние ги изнесовме, и затоа за мене е ужасно постоењето на другарот Митре кој се служи со клевети во мое отсуство.

Тој не заслужува да биде член на Партијата гледајќи што се' мене ми припиша, се' што е антипролетерско, антикомунистичко и антипартиско однесување.

Како Митре и другите собирале податоци за мојата партиска активност без воопшто да имаат за тоа квалитети; јас само сигнализирам за таа непартиска постапка на Митре и ги бранам интересите на партијата и револуционерното движење.

Притоа ЦК мене ми го одзеде правото да се бранам од обвинувањата од страна на Митре и неговите најгадни измислици за мојата партиска работа'.

Дека навистина ништо од она што Колишевски го клеветел во Белград не е точно зборува и познатиот документ на Шарло, потпишан како 'Писмо до Стојан'. Само со тој документ паѓаат во вода и сите подоцнежни настојувања на Колишевски, кликата околу него и послушните историчари околу нив, Шарло да го претстават како предавник кој окупацијата на Бугарите на Македонија во 1941-та година ја прифатил наводно како 'ослободителна' акција.

Во овој документ од мај 1941 година, значи веднаш по навлегувањето на бугарските' војски во Македонија, Шарло пишува:

" Нашата Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски. Овој факт нас не' интересуе како Македонци, кои половина век сме се бореле како Македонци за национално и политическо ослобождање, како последователи на основателите на Македонската Внатрешна Организација на чело со Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо X. Димов... Полицејски чиновници, џандари, кметови, секретари-бирници, писари, даночници се назначени и сите тија сет дојдени од Бугарија. На Македонците не се дава чиновничка служба, дури немат право да бидат ни селски кметови. Co право се праша секој чесен Македонец: каква ли е оваја слобода, штом шумадинците се заместени со Бугари, а Македонците се држат под карантин..."

Се разбира, кодошењата на Шарло од страна на Лазар Колишевски не се објавени, всушност извештајот со клевети негде се крие или пак е уништен, затоа што лагите биле толку 'грди и невистинити', што веројатно самиот 'Митре', кој подоцна беше неприкосновен газда на Македонија, ги има уништено за да не дојдат до рацете на некои историчари што не се под негова контрола.

Комуникацијата се одвивала меѓу денунцијаторот Колишевски и Александар Ранковиќ, голем српски националист и шовинист, кој лично никогаш не го признавал постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик.

НИТУ ОБИЧЕН ПАРТИЗАН!

Откако бил сменет и исклучен од партијата, Шарло изразил желба барем да оди во партизанскиот одред и да се бори како обичен борец во неговите редови.
Сам излегол на теренот каде што бил одредот и таму се сретнал со Дане Крапчев-Стари со кого срдечно се поздравиле.

Во меѓувреме стигнало писмото од новото раководство на партијата со напомена Шаторов да не биде прифатен во одредот.

По тоа, Шарло немал друга алтернатива освен да замине во Софија за да ја види тригодишната ќерка, останата без мајка си, која починала во февруари 1941-та година, но и за да ја продолжи борбата против фашизмот, макар и во Бугарија.

Во октомври 1941-та година Шарло стигнува во Софија, a оттаму бил испратен во Пловдив за да ја среди пловдивската партиска организација.

Во меѓувреме, Лазар Колишевски, плашејќи се да не дојде до пресврт и да не ги дознаат лагите со кои го отстранил Шарло, продолжил да го валка каде што ќе стигнел, па дури и меѓу комунистите во Бугарија.

При една сред6а со бугарските комунисти го нарекол 'предавник, непријател и саботер'. Тоа го вели Колишевски кој во тоа време дури не знаел добро да зборува македонски, а не пак да знае нешто за животот и за принципите на Шарло, кој секогаш во животот се изјаснувал како Македонец и како борец за слобода и назависност на македонскиот народ.

Во таа, 1941-ва година, кога со ужасни лаги бил сменет од чело на Комунистичката партија во Македонија, тој имал 43 години и диплома од Учителската школа во Скопје. Револуционерната дејност ја започнал уште во 1918-та година кога заедно со Димо Хаџи Димов работеле во Емигрантскиот комунистички сојуз во Софија.

Подоцна, во 1926-та година, учествувал во создавањето на ВМРО (Обединета), а во декември 1927-та година бил делегат на Втората конференција на Коминтерната, каде што дискутирал за македонското прашање.

Во меѓувреме, поради комунистичките идеи, бил осуден на смрт од Ванчо Михајлов, па морал да замине во Виена и Берлин, а во 1930-та година стигнал во Москва каде што ги посетувал ленинските курсеви.

Подоцна, во Коминтерната работел во одделот за школување на партиските кадри од источните земји. Еден период бил инструктор во Кина.

Од Москва заминал во Берлин, а потоа се вратил во Бугарија каде што за ВМРО (Обединета) ја организирал работата во Пиринска Македонија.

За сето време, бугарските власти постојано го прогонувале поради промакедонската револуционерна дејност, па во 1936-та година бил осуден во отсуство на пет години затвор.

Истата година Шарло заминал за Париз каде што собирал помош за интернационалните бригади во Шпанија.

Тој течно говорел неколку јазици -француски, шпански, руски, турски - а како што самиот запишал, и бугарски јазик.

Во 1939-та година кога започнала Втората светска војна, по барање на КПЈ и согласност на Коминтерната, Шаторов со документи добиени од југословенскиот конзулат допатувал во Македонија, односно во родниот Прилеп.

Во февруари 1940-та година во Скопје била одржана партиска конференција и тогаш е формирано партиското раководство со Методија Шаторов-Шарло како политички секретар, Перо Ивановски-Тикварот како организационен секретар, Орце Николов како одговорен за техника и синдикалното прашање и Добривоје Видиќ, одговорен за СКОЈ.

Неговиот близок соработник Перо Ивановски-Тиквар шеесет и пет години по настанот, се сеќава дека Шарло 17 месеци бил на чело на македонската партија во најдрамитичните и најсудбоносните денови за македонскиот народ:

'Шарло беше обвинет по пет точки врз основа на информации дадени само од едно лице, Лазар Колишевски, кој беше некомпетентен, новодојден во Македонија и уште невклопен во никаква партиска работа. Несфатливо е со каква брзина е донесено решение за смена и исклучување на Шарло од партијата без да му се даде можност барем да биде сослушан или да се проверат елементите за неговата вина.
Дадените оценки и квалификации од страна на Тито во образложението на критиките се непримерно остри и неточни.
 
A

anaveno

Гостин
Обвинувањата се упатени до партиското членство и од нив е побарано содејство за сменување на раководството и особено на Шарло.

По отстранувањето на Шарло, Комунистичката партија во Македонија во целина изгуби можност да биде раководена од човек со големо искуство, убеден Македонец, свој на своето, со јасна определба по националното прашање на Македонија и со можност од своја позиција на избран член на ЦК КПЈ, да ја застапува партијата и Македонија на највисоко ниво'.

Сето тоа очигледно му пречело на Колишевски, како што подоцна ќе му пречат и сите личности кои се залагале за македонска држава и за поголема самостојност во одлучувањето од Белград, каков што бил и Ченто, кој на исто таков бескрупулозен и безобразен начин беше отстранет, затворен и уништен.

Според сведочењето на Кузман Георгиевски, по ослободувањето на Македонија, Колишевски, со помош на Александар Ранковиќ и Светозар Вукмановиќ-Темпо, ги запоседнува сите функции во државата, но тоа не било доволно за да престане да го напаѓа Шарло, иако тој веќе бил мртов.

3ОШТ0 МОЛЧЕА ИСТОРИЧАРИТЕ?

Полни шест децении личноста и делото на Шарло, неговите погледи и ставови, неговата национална определеност и припадност, беа ставени на столбот на срамот.

За апсурдот да биде уште поголем и невообичаен, тоа го правеа, или поточно, го пишуваа некои македонски историчари, кои со децении го држеа монополот на историската вистина.

Станува збор за оние ангажирани историчари кои македонската историографија ја доведоа на строга партиска контрола и кои личностите на македонското револуционерно движење ги приспособуваа на идеолошките потреби на времето.

Според проф. д-р Зоран Тодоровски овие 'инструирани историчари' во своите наменски прилози цитираат туѓи мис-лења и опсервации (најчесто на некогашни балкански комунистички функционери), пренебрегнувајќи ги автентичните извори и документи. Овие наши историчари, долгогодишни научни работници, на кои им беа широко достапни сите фондови и документи, па и оние забранетите, отидоа во пензија, а не го научија основното правило на историската наука - употребување на документите од прва рака.

Во случајот на Шаторов тоа значи дека недостига: што вели, што пишува самиот Шаторов во своите документи - извештаи, писма, повици и сл., а не што други пишуваат за него, или поточно, употребуваат документи од втора рака, односно препознатливи етикети, инсинуации и слични епитети.

А, пак, според други, кои со години чукаат на академските врати, се' уште нема релевантни докази за улогата на Шарло во македонската историја, преминувајќи така лесно покрај многубројните објавени, а некои и од самите нив, организациски и партиски документи, резолуции, повици, апели и писма, чиј автор беше, никој друг, туку самиот Шарло.

Пред извесно време во партиските фондови на Централниот државен архив во Софија пронајдов непознат документ - Извештај на се' уште оспоруваниот Методија Шаторов-Шарло од 1937 година. Овој Извештај носи наслов: 'Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика?'. Извештајот е доставен до Задграничното биро на Централниот комитет на БКП во Москва, односно до Васил Коларов, и претставува една од најаналитичните проценки за политичката и економската положба, како и за политичкото расположение на македонските емигрантски и бегалски маси во пиринскиот дел на Македонија во меѓувоениот период.

Во Извештајот, областа Петричко, односно пиринскиот дел на Македонија, Шаторов го нарекува македонскиот крај во кој македонското население целосно ја прифатило идејата за изградување масовно македонско движење.

Подвлекувајќи дека во овој македонски крај на прво место треба да се постават прашањата што имаат национален карактер, Шаторов во Извештајот сугерира да се популаризира идејата за создавање единствена македонска народна организација, односно македонска партија, одредувајќи ја приоритетната задача на Македонците во овој дел на Бугарија во изградувањето на македонски народен фронт.

Овој Извештај е напишан токму од самиот Методија Шаторов. По 19 мај, со воведувањето на отворена фашистичка диктатура, бугарската реакција спроведе поширока терористичка акција против целокупното македонско движење, против се' што е македонско', вели проф. д-р Зоран Тодоровски.

По ова, истакнува Тодоровски, тогашните бугарски власти во македонскиот крај ги симнуваат од училиштата и читалиштата имињата и портретите на видни македонски револуционери, забрануваат било какви беседи или читање реферати по македонски прашања.

Ја отпуштаат македонската интелигенција во државните и општинските установи, како што е случајот во Г. Џумаја, Св. Врачко, и сменувањето на учителите санданисти во Неврокопско и Разлошко, дури и на попот - санданист.

Исто така им се забранува на блиските на убиените Македонци да организираат панихиди, да ги посетуваат гробовите, како што е случајот по повод годишнината од убиството на Т. Александров, на Јане Сандански и др.

'Било забрането Македонците слободно да ги прославуваат своите народни празници, како што се Илинден, Гоцевиот ден, годишнината од Крушевската република и др.
Затоа ВМРО (ОБ.) сета своја активност ја насочува за создавање политички, стопански, културно-просветни, професионални, спортски и други организации на македонскиот народ.

Идејата, која обединува и се јавува како знаме на македонскиот народ, тоа е борбата за национална независност.

'Доколку бугарските империјалисти и фашисти се стремат со сите средства да го убијат МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА БОРБАТА (со големи букви во Извештајот - н.з.), нашиот долг е да бидеме против таа политика и да им разјаснуваме на сите Македонци кои се неговите пријатели и непријатели во Бугарија и во светот, и истовремено високо да го издигнеме знамето на самостојната македонска борба.
При денешната состојба, доколку при водењето на преговори со одделните партии и организации се говори да се дојде до договор на Македонците, за единствена борба против фашизмот и реакцијата во Бугарија неопходно е истовремено да се популаризира идејата за создавање и на единствена македонска народна организација'.

Co вакви идеи, по налог на Коминтерната, Шарло доаѓа да работи во вардарскиот дел на Македонија, но неговиот ангажман завршува во 1941-та година со отстранување од Комунистичката партија за Македонија врз основа на лажниот извештај за неговата работа доставен до Александар Ранковиќ од страна на Лазар Колишевски –
тврди проф. д-р Зоран Тодоровски, кој ја завршува книгата со ексклузивни документи за отстранаувањето на Шарло од Македонија и неговото убиство во Бугарија.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Браво да темата!
Заводот за акумулатори во Пазарджик се викаше "Методи Шаторов".
Херојот има многу споменници во Бугарија - во Пазадрџик, Брацигово итн.
Давам една слика на споменникот во Брацигово:



Покрај Шарло, Методи Шаторов е имал и второ партизанско име - Панајот ....

 
A

anaveno

Гостин
Шарло никогаш мустаќи не носеше

ВНУКАТА НА МЕТОДИЈА ШАТОРОВ ГИ ИСКАРА ИСТОРИЧАРИТЕ

Во најновиот учебник по историја за осмо одделение, објавената фотографија не е на чичко ми Шарло, тврди неговата внука Марија Кузманоска (70).

Таа вели дека историчарите и новинарите многу грешат поради недоволно познавање на Методија Шаторов-Шарло и дека ниту Прилеп ниту Македонија доволно не му се оддолжиле.

Промоцијата на зборникот на научни трудови „Методија Шаторо- Шарло и неговото време 1897-1944“ на Институтот за национална историја и МАНУ, кој содржи 26 реферати од 96 соборци и историчари, предизвика голем интерес кај прилепчани.

- И во најновата историја за осмо одделение напишале убаво, ама слика ставиле од некој друг. Чичко ми никогаш мустаќи не носеше. Историчарите нека кажат зошто згрешиле, но јас мислам дека е од незнаење. Многу сме среќни што по толку години може да се открие вистината зошто татко ми и јас цел живот бевме прогонувани заради него. Заради чичко ми Методија, јас не можев да завршам училиште оти ми велеа дека сум внука на Шарло и дека не смеам да одам никаде. Неправда е што историчарите не ја открија вистината навреме и што и ден-денес се греши - вели внуката на Шарло.

Нејзината ќерка реагирала до издавачот на учебникот, но немало никаква исправка.

- Кога јас бев основец велеа дека е Бугарин. Бугарите кога биле велеле дека е комунист. Кога отидов да учам во Битола во 1957 година, јас се презивав Шатороска. Кога видов дека не можам да најдам работа како Шатороска, јас го сменив презимето, а и ден-денес моиве ми се лути за тоа - вели Марија.

Жали што како наследник од првото колено не била поканета на промоцијата на зборникот во Скопје и верува дека причината за тоа е во брзата организација. - Ниту Прилеп ниту Македонија кон Шарло се немаат доволно оддолжено. Радосна сум како негов потомок што по 60 години излегува вистината на виделина.

P.S.
ШУПЦИ!
 
F

FilipMacedon

Гостин
Шарло е македонски патриот, само бугарите сакаат да го придобијат без разлика дали бил македонист.

Истиот случај го имаме и со Гоце Делчев.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Новопронајдената архивска документација во руските и бугарските државни архиви расветлуваат нови моменти од политичко-револуционерната активност по македонска национална линија на сеуште оспоруваниот и контраверзниот Методија Шаторов.

Залагањето на Методија Шаторов за постоење на посебна македонска национална организација или партија што ќе дејствува по "македонските работи", посебно била актуелизирана по решенијата од Седмиот конгрес на Коминтерната во 1935 година и од Шестиот пленум на ЦК на БКП во 1936 година за ликвидирање на ВМРО(Об.) и кога на заседанијата ма Задграничното биро на ЦК на БКП во Москва и на ЦК на БКП во Сoфија се расправало за идниот статус на македонската организација. За разрешување на ова горливо македонско прашање, посебно ангажирање пројавил Шаторов, кој како еден од поистакнатите и најактивни раководители на ВМРО(Об.), бил задолжен да работи по "македонска линија".

На заседанието на ЗБ на ЦК на БКП, одржано на 26. јануари 1937 година во Москва, на кое присуствувале 10 негови члена, меѓу кои и Васил Коларов, Владимир Поп Томов и Трајчо Костов, Шаторов под псевдоним Марко бил главен референт по прашањето каков став да заземе ЗБ на ЦК на БКП во врска со директивата на Коминтерната за "ликвидирањето" на ВМРО(Об.). Образложувајќи ја потребата од дејствување на една македонска легална демократска масовна организација или партија, Шаторов кратко ќе резимира:"Неопходно е да создадеме национална македонска организација".
Во прилог е извадок од автентичната дискусија на Методија Шаторов, според записникот од споменатото заседание на ЗБ на ЦК на БКП:

Заседание на ЗБ, 26.1.1937г.

1. Марко (псевдоним на Методија Шаторов- з.б)

По 19.5. 1934 положбата на македонските маси извонредно се влоши...
До пролетта на 1935г. ВМРО(Об.) во округот (се мисли на Петричкиот) имаше околу 250-300 члена...
Во Софија комунстите и комсомолците беа во повеќе раководства. Но, разни санданисти, земјоделци, федералисти и други не беа опфатени од ВМРО(Об.). Санданистите не влегоа затоа што ВМРО(Об.) беше комунистичка. ВМРО(Об.) се состоеше исклучиво од комунисти или следбеници на комунистите. Таа остана секташка организација. Ние не успеавме правилно да го издигнеме лозунгот и да ги привлечеме по-прогресивните маси. За тоа придонеасоа и други моменти - големиот терор на Михајовистите и стравот од нив...
Неопходно е да создадеме национална организација. Не можеме да создадеме легални организации, демократска масовна организација, која ќе ги обедини сите неорганизирани елементи. Задачата: за демократски права и слободи. Прашањето за земјата, куќите, горите, добитокот не е разрешено. За македонската култура, за достоинствени македонски трудбеници, за македонски училишта...Македонците насакеда се нарекуваат Македонци, и тука исто...
Лозунгот: Слободна и независна Македонија е многу силен и ако се издигне од една демократска организација ќе се прифати, но таа не треба да се издигне половично и нерешително како што до сега правевме.
Мотото да е: Да ја трансформираме ВМРО(Об.) во нова демократска организација - комитети во местата и во центарот. Никаква чланарина и редовни собранија. Во поинаква положба во Бугарија создавањето на македонска национална партија ќе има големи успеси.
Мина времето кога ги судеа македонските дејци. Излезе само на изјавите дека ВМРО (Об.) не е комунистичка организација, туку во неа има Македонци-комунисти...
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Вижте една статија в'в вестник "Нова Зора":
http://www.novazora.net/2008/issue32/story_07.html

Само да ви ориентирам - Нова Зора са крајно леви, дори мога да кажа, че са "сталинисти". Накратко леви националисти ;-)
От време на време имат интересни статии.
За разлика от другите националистически партии в БГ, те не участват активно в политиката, а по-скоро карат на "просветителска дејност". В началото когато "Атака" излезе бјаха с'јузници, но за два месеца се изпокараха ;-)
Ориентацијата им е проруска и Анти-Нато.

А има ли нјак'де публикувана информација за конференцијата от ноември 2005-а в Скопие, к'дето са говорили за живота на Шаторов?
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Непознат извештај на Методија Шаторов - Шарло

Историска, а не партиска вистина

Шаторов беше еден од ретките македонски комунистички кадри, кој во своето досие во Коминтерната по националност се определи за Македонец иако беше член на ЦК на БКП

Подготовка: д-р ЗОРАН ТОДОРОВСКИ

Духот на Методија Шаторов - Шарло повторно ја разбрани македонската медиумска сцена. Неговата личност и дело, неговите погледи и ставови, неговата национална определеност и припадност, повторно беа ставени на историска преоценка и преиспитување, а некои, дури, и на столбот на срамот.

За апсурдот да биде уште поголем и невообичаен, тоа го прават, или поточно, го пишуваат и препорачуваат се уште некои македонски историчари кои досега го држеа монополот на историската вистина, оние ангажирани историчари кои македонската историографија ја доведоа на строга партиска контрола и кои личностите на македонското револуционерно движење ги приспсобуваа на идеолошките потреби на времето.

Доследно опстојувајќи на наследените тези и сознанија и еднострано доградувајќи ги старите оценки, овие наши историчари и понатаму во своите наменски прилози цитираат туѓи мислења и опсервации (најчесто на некогашни балкански комунистички функционери), пренебрегнувајќи ги автентичните извори и документи. Притоа, со помош на редакциските наслови и наднаслови (Денес), тие повторно Методија Шаторов - Шарло го етикетираат како стариот Бугарин и како најголем виновник што го приклучил, (а не поврзал). Покраинскиот комитет на КМП кон БКП. Со ваквите препознатливи тафтологии, тие како да заборавија дека Шаторов беше еден од ретките македонски комунистички кадри кој во своето досие во Коминтерната по националност се определи за Македонец, и покрај тоа што беше член на ЦК на БКП. Од друга страна, ним воопшто не им пречи што ПК на КПМ не само што не беше самостојна македонска партиска организација, па и во подредена положба во составот на КПЈ, туку пред и по него како партиски секретар, ПК немаше македонско партиско обележје, туку југословенско и српско (ПК на КПЈ за Србија).

Овие наши историчари, долгогодишни научни работници, на кои им беа широко достпани сите фондови и документи, па и оние забранетите, отидоа во пензија, а не го научија основното правило на историската наука - употребување на документите од прва рака. Во случајот на Шаторов: што вели, што пишува самиот Шаторов во своите документи - извештаи, писма, повици и сл., а не други што пишуваат за него, или поточно, употребуваат документи од втора рака, односно препознатливи етикети, инсинуации и слични епитети. А, пак, други, кои со години чукаат на академските врати, за нив, се уште нема релевантни докази за улогата на Шарло во македонската историја, преминувајќи така лесно покрај многубројните објавени, а некои и од самите нив, организациски и партиски документи, резолуции, повици, апели и писма, чиј автор беше, никој друг, туку самиот Шарло.

ЛЕКЦИИ ЗА ИСТОРИЈАТА

И, како по правило, ним редовно им се придружуваат се уште присутните апартчици од редовите на раководствата на здруженијата на борците од НОВ (или се затскирваат под нивниот чадор). Оваа револуционерна елита, која, всушност, му ја скрои судбината, а по војната и историската оценка на Шарло, повторно се јавуваат со нивната веќе позната реторичка партиска фразеологија од првиот конгрес на КПМ од 1948 година. Тие и понатаму делат лекции кои треба и како да ја пишуваат историјата, забележувајќи им на одделни новинари и публицитети што се осмелиле да го воздигнат пиететот на контраверзниот Шарло. Притоа, истите тие забораваат дека токму таквите историчари од хоби беа првите и долго време единствени пионери кои го започнаа процесот на преиспитување на улогата на Шарло во македонското револуционерно движење, кога историчарите со години молчеа, занемарувајќи ја својата професионална повиканост и научна одговорност за објективно третирање на личноста на Шарло. Придружувајќи се слепо на партиската послушност и прифаќајќи го немо сервилниот ритуал на своето партиско раководство, тие тешко се ослободуваат од заблудата дека историјата во нивно време ја пишуваа само послушните, или поточно одбраните историчари, и се уште не се сфаќаат дека насилството врз историјата, што тие го протежираа, не ги даде посакуваните резултати.

ОТВОРЕНО ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ

Придружувајќи се кон начелото за употреба на документите од прва рака, приложувам еден досега непознат документ - Извештај на се уште оспоруваниот Методија Шаторов - Шарло од 1937 година, што пред неколку години го пронајдов во партиските фондови на Централниот државен архив во Софија, Република Бугарија. Овој Извештај под наслов: Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика, доставен до Задграничното биро на Централниот комитет на БКП во Москва, односно до Васил Коларов (Како што пишува на маргините на Извештајот), претставува еден од најаналитичните проценки за политичката и економската положба, како и за политичкото расположение на македонските емигрантски и бегалски маси во пиринскиот дел на Македонија во меѓувоениот период. Во Извештајот Петричко, односно пиринскиот дел на Македонија, Шаторов го нарекува македонскиот крај, во кој македонското население целосно ја прифатило идејата за изградување масовно македонско движење. Подвлекувајќи дека во овој македонски крај на прво место треба да се постават прашањата што имаат национален карактер, Шаторов во Извештајот сугерира да се популаризира идејата за создавање единствена македонска народна организација, односно македонска партија, одредувајќи ја приоритетната задача на Македонците во овој дел на Бугарија во изградувањето на македонски народен фронт.

Со објавувањето на овој документ што потекнува од перото на Шаторов, не можеме да го избегнеме толку оспоруваното начело за потребата од препрочитување на историјата, имајќи предвид дека токму овој документ го употребив пред неколку години како Извештај од непознат автор. Меѓутоа, навраќајќи се повторно на овој непотпишан документ, а, притоа, компарирајќи ги и анализирајќи ги повеќето ставови, погледи и залагања на Шаторов во одделни резолуции и записници на ЗП на ЦК на БКП, што некои од нив ги објавив пред неколку години, дојдов до констатација дека предметниот Извештај е напишан токму од самиот Методија Шаторов.

Еднаш помош, другпат прогон

Секогаш завојувачката политика на бугарскиот империјализам во лицето на македонското национално-ослободително движење имала еден свој сериозен противник.Затоа што тоа национално-ослободително движење е една антитеза на анексионистичката политика во однос на Македонија.

Ако во извесни моменти великобугарските шовинистички реакционерни средини и нивните влади помагале и помагаат одделни македонски организации или движења, тоа помагање е такво, доколку тие организации и движења се стават во услуга на нивната завојувана политика. И обратно.

Штом тоа движење, малку или повеќе, добива посамостоен карактер и се насочува против реакционерната политика на бугарските завојувачи, тоа се подложува на најжестокото прогонување.

По 19 мај, со воведувањето на отворена фашистичка диктатура, бугарската реакција спроведе поширока терористичка акција против целокупното македонско движење, пред се што е македонско. И тоа е лесно објасниво. Кога бугарските империјалисти и фашисти се наоѓаат во еден период на непосредна и засилена подготовка за војна, секоја македонска иницијатива, од каде и да произлегува, која се стреми да го зачува самостојниот карактер на македонската борба, се јавува многу поопасна и заради тоа главниот удар на реакцијата беше насочен, пред се, ДА ГО УБИЕ, ПРЕД СЕ, МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА БОРБАТА (со големи букви во Извештајот, б.м.).

За таа цел, беа растурени редица македонски организации и институти, како ВМРО на Михајлов и Шанданов, Националниот комитет, Македонскиот младински сојуз и др., кои не беа на централистички позиции, но кои сепак имаа македонски карактер.

ЗАБРАНЕТИ ПРАЗНУВАЊА

Затоа, бугарските власти во македонскиот крај ги симнуваат од училиштата и читалиштата имињата и портретите на видни македонски револуционери, забрануваат било какви беседи или читање реферати по македонски прашања. Ја отпуштаат македонската интелигенција во државните и општинските установи,како што е случајот во Г. Џумаја, Св. Врачко, и сменувањето на учителите санданисти во Неврокопско и Разлошко, дури и на попот - санданист.

Затоа, им се забранува на блиските на убиените Македонци да организираат панихиди, да ги посетуваат гробовите, како што е случајот по повод годишнината од убиството на Т. Александров, на Јане Сандански и др.

Се забранува, исто така, населението во македонскиот крај и бегалците во Бугарија слободно да ги прославуваат своите народни празници, како што се Илинден, Гоцевиот ден, годишнината од Крушевската република и др. Младите Македонци, кои сакале да постават венци на споменикот на непознатиот четник во Горна Џумаја, на бистата на П. Ј. Јаворов во Неврокоп и др., биле највулгарно растерани од полицијата.

Тој терористички бран, во помал или во поголем обем, ги засегна приврзаниците на михајловистите, некои од нив се уште не се помириле со состојбата и прават обиди да ги обноват своите растурени организации, како што е случајот со Г. Џумаја.

Со сите тие мерки бугарската реакција сака:

1. Да го зачува заграбениот дел од територијата на Македонија, да го држи во покорност македонското население, за да може полесно да го ограбува;

2. Да го присвои македонското прашање, откако ќе го претвори во чисто бугарско државно прашање;

3. Да го подготви психолошки и фактички општественото мислење, туку и во странство, за евентуално освојување на останатите делови од Македонија, како бугарски.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Затоа, им се забранува на блиските на убиените Македонци да организираат панихиди, да ги посетуваат гробовите, како што е случајот по повод годишнината од убиството на Т. Александров, на Јане Сандански и др.
Значи сакам да го потенцирам овој дел: Бугарите им забраниле на Македонците да ги слават и вршат панихиди на Тодор Александров, Јане Сандански, итн.!
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА И ГРАБЕЖОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПЕТРИЧКО

Како што веќе погоре рековме, терористичката акција на фашистичката диктатура има за цел се уште да го држи во ропска потчинетост македонското население, за на тој начин тоа да биде полесно ограбувано. И навистина, крајно бедната состојба во која се наоѓа македонското население во Петричко не може, или скоро не може, да се спореди со ниедно друго бугарско население во разните делови на Бугарија

Безобѕирниот грабеж на продуктите на македонските стопанственици, големите даночни тешкотии и постојаното тормозење, до таков степен материјално го истоштија населението, што тоа нема во џебот ниту два лева кибрит да си купи.

Со сопствени уши слушнав од македонските селани и граѓани во Г. Џумајско како раскажуваат дека при запишувањето на своите деца во училиштата, наместо пари, за да ги платат таксите, носеле јајца, млеко и други продукти. Населението систематски недоволно јаде, а многу често и буквално гладува.

Единствена негова храна е пченкарното брашно, во најдобрите случаи измешано со брашно од јачмен. Видов двајца работници кои одеа од село на работа во рудникот Србиново (Г. Џумаја) да јадат браница, направена од брашнот од јачмен и жрж измешано со трици. Кога ги прашав, таков ли ви е лебот во селото, тие се пдонасемеаја и одговорија. - Не тоа е баница, лебот ни е уште полош, но често и него го нема и затоа одиме на работа во рудникот.

ЗАНИМАЊЕ

Главното занимање на македонското население во Петричко е земјоделството 85 отсто од населението се занимава со земјоделство, кое на задружни начела ги експлоатира шумите. Поголемиот број од земјата е неплодородна, бидејќи никаква грижа не се води од државата и општинските власти за нејзино одржување, при што оваа околност мошне многу го отежнува занимањето на населението. Просечно, според признанието на софискиот областен инспектор, кој што бил во обиколка на македонската област, на едно стопанство се паѓа од 6,7 декари обработлива земја, што според густината на населението во однос на она на Бугарија е значително помала. Така, на пример, официјалната статистика ја дава следната слика:

На еден квадратен километар по околија се паѓа:

Г. Џумајско - 28,6 души; Петричко - 32,9; Неврокопско - 26,7; Разлошко - 25,3; Св. Врачко - 24,8.

Таа ненормална состојба може да се објасни со неправилното разделување на земјата и недостигот на една силна стопанска политика од страна на бугарската држава

Државна кражба

Голем дел од земјата (и тоа најдобрата), којашто беше оставена од турските бегови, се заграби од државата и разните македонски пљачкаши во Неврокопско, Г. Џумајско, Разлошко и др.

Државата раздаде многу од земјата на своите чиновници, доведени од внатрешноста на Бугарија, кои не се занимаваат со земјоделство и ја даваат земјата под наем на бедното македонско население.

Шумите што заземаат големи пространства во Македонија (Петричко), исто така, се сопственост на државата и општините, а само еден, многу мал дел, е сопственот на населението.

Освен тоа, големи пространства, поради тоа што се изложени на водни стихии, стојат неискористени, а при една добра стопанска политика, како што веќе рековме, тие можат да се претворат во златни полиња.

Но, и таа земја, којашто му припаѓа на македонскиот селанец, не сета се засадува со зрнести и индустриски култури. Но, дури и при целосно искористување, не може населението да произведе продукти, кои, малку по малку, ја обезличуваат неговата егзистенција.

Еве, на пример, што претставува Горноџумајската околија. Според официјалната статистика, Г. Џумајската околија се смета за една од оние околии коишто имаат најмногу дел од македонскиот крај. Според нивната пресметка, просечно на едно стопанство (што се состои од 10 души) се паѓа по 27 декари.

И КАМЕНОТ - ОБРАБОТЛИВ

Човек кога ќе прочита, ќе помисли навистина дека од горноџумајци никој не е подобар. Каква е всушност состојбата. Во таа бројка се вклучуваат и оние делови земји, што со ништо не можат да се засадат, (зашто се каменести и карпести), но кои се прогласуваат во државни агрономства од населението за обработлива почва, зашто во спротивен случај државата ќе им ги земе. Но дури и да се прифати оваа бројка за вистинска, да видиме што може да извлече еден сопственик од нејзината обработка. Самиот имав можност да разговарам со селанец од Горно Орахово, кој ми рече дека минатата година засадил 27 декари со пченка, но со производеното количество одвај можел да истера до почетокот на пролетта, (треба да се има предвид дека тоа село не произведува, или сосема малку, други индустриски култури). Во некои села, како Логодаш и др., дури многумина кои засадуваат по 30-40 декари не можат да истераат до ново садење. Тоа се објаснува со крајно малата плодородност на земјата. Од еден декар се добива од 70-120 кгр. пченка, до 70 кгр. јачмен, а жито скоро не се сее.

Човек треба да види со своите сопствени очи што претставува животот, (на тоа крајно трудољубиво население), особено на оние кои се изложени на пороиштата, за да има појасна претстава.

Фашистичката влада не еднаш раструби дека ги започнала своите мерки за зачувување на нивите изложени на поплави. Всушност, апсолутно ништо не е направено. Единствената мерка, што била преземена да се спроведе, тоа е кампањата за пошумување. Но, за да се добие нужниот ефект, населението треба да чека 10-20 години додека дрвата израснат за да ги запрат водните стихии.

А со таа пошумувачка кампања, од друга страна, уште повеќе се притеснува населението - зошто големи пространства, кои порано служеле како паша за добитокот, сега се прогласуваат за строго ограничени периметри - браништа, како што ги нарекува народот, и со тоа се одзема можноста на населението да исхранува и помалку добиток, кој што го има.

Уште повеќе, од 19 мај наваму се спроведува една политика од планинските и општинските власти, со која се стреми населението да се принуди да ги продаде своите кози, од кои единствено бедниот Македонец очекува малку млеко за своите деца. Се дојде до таква состојба, што оној кој е сопственик на една или неколку кози, да не може да ги пушти на паша дури и во своето сопствено парче земја. Штом падарите сретнат некого да ја води својата коза (дури и да е саанска) му се одзема и на сопственикот му се изрекува казна од 100-500 лева, и посебно да плати такса за да добие дозвола да го пасе својот добиток на одобрените места. Мошне тешка е состојбата, исто така, и на тутунопроизводителите. Производството на тутун во целиот македонски крај е едно од најглавните извори за егзистенција. По количество, македонската област е прва во споредба со другите бугарски области.

Според официјалната статистика во 1936 година за производство на тутун биле ангажирани во македонската област 37.593 стопанства со вкупно засадени 128.000 декари. Количеството на тутун се пресметува на 11.000.000 кгр. Просечно на семејство се паѓа околу 3-3,5 декара.

Горноџумајската околија, во која најмногу се сади тутун, еве каква слика ни дава за состојбата на тутунскиот производител. Од 5.604 стопанства во целата околија, 4.300 се занимаваат со производство на тутун, кој што е засаден на површина од 10.900 декари, или просечно на стопанство се паѓа по 2,4 декари. Од еден декар просечно се добива 60-70 кгр тутун, или на семејство просечно се паѓа по 140-150 кгр тутун. Дури во некои села како Грамада, Лешница, Тросково и други се добива од 24 до 40 кгр по декар. А во одделни села, Србиново, Ораново, Железница, Лешко, Падеш и други производителите имаат просечно од 1-2 декара земја. Самиот центар Горна Џумаја се прехранува од одгледување тутун. Единственото прашање, што сега ги вознемирува тутунопроизводителите, е уништувањето на шкартот и зголемување на цената на тутунот.

СЛЕП КРАЈ

Македонскиот крај во културен и урбанистички однос мошне многу е заостанат. Според статистиката на Министерството за урбанизам, што дава податоци за Горноџумајската околија, се гледа дека од вкупно 263,3 км пат, само 30,1 км пат е трасиран и асфалтиран. Значи, единствениот пат што може да се смета за пристоен, тоа е патот што води за Демир Хисар и тој се одржува зашто има важно стратешко значење за бугарските завојувачи. Апсолутно никаква комунална политика не се спроведува, ако се исклучи ангаријата на населението за градење на некои малку потребни патишта за населението. А во исто време, со милиони лева државата ограбува од оголениот грб на осиромашеното македонско население. Специјално ударни команди се праќаат во селата од даночните и акцизните власти да ја попишуваат покуќнината и имотот на оние што не платиле разни даноци и казни. По патиштата и крстопатите акцизните власти го пресретнуваат населението и го претресуваат за да најдат шверцуван тутун. За една цигара тутун, изрекуваат по 2-3 илјади лева казна, а на многумина им го запленуваат целиот тутун, зашто направиле една цигара од своето сопствено производство.

Времето на обзорниците и на војводите

На населението му се одзема и можноста за просвета. На читалиштата не им се одобрува скоро никаква културно-просветна дејност. Според официјалните соопштенија, неписменоста е многу поголема во македонскиот крај во споредба со оние во внатрешноста на Бугарија.

Така, на пример, во Дупничката околија при прегледот на 3.645 младинци што подлежат на воена обврска, само 1677 биле неписмени, или 4,6%, кога во истото време од прегледаните 3.215 младинци во Горноџумајско, 1.039 биле неписмени, или 32%.

Од сето ова кажано, се гледа многу добро целосното, национално-политичкото и економското незаконие што постои во македонскиот крај. Оваа состојба неспорно открива крајно благопријатна почва за работа и при една исправна политика од страна на народно-револуционерните организации и класните партии можат да се добијат добри резултти.

РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Поголемиот број од македонското население и бегалците се настроени против фашистичката диктатура и нивните органи, во лицето на одделни македонски народни претставници обзорци, разните пљачкаши во Петричко, кои повторно ги креваат главите, (таканаречените војводи).

Исто така, непријателски е односот на македонското население во Петричко и против Цанков. Тој, засега, наоѓа свои приврзаници само во лицето на најкорумпираните македонски пљачкаши (војводите). И затоа, пред опасноста да се врати старата состојба, населението е едногласно во односот кон Цанков и конкретните носители на цанковштината, издигајќи го лозунгот: Борба против Цанков и војводите!

До извесен степен населението во Петричко е непријателски настроено и против БЗНС на Гичев, доколку неговите приврзеници во македонскиот крај се во близок контакт со луѓето на Михајлов. Треба да се каже дека влијанието на Земјоделскиот сојуз Врапча е незначително.

Ако може да се говори за влијание со поголемо значење, а тоа е на земјоделците - пладненци. И тоа се должи, главно, заради нивната непријателска политика кон војводите.

Тие, пладненците, по македонското прашање се најблиску до нас и целосно ја прифаќаат идејата за изградување на едно масовно народно македонско движење, кога ќе се напушти практиката на партиското разбирање на македонското население. Влијанието на другите партии нема апсолутно никакво значење, со мал исклучок на демократите.

Големо е влијанието на класната партија, особено во Горноџумајско и Разлошко. Народните маси со отворени симпатии ја прифаќаат, макар и со најнезначителната иницијатива на партијата, дури таа и формално да не произлегува од неа.

Засега, може да се каже со најголема сигурност дека партијноста пошироко не е навлезена во македонскиот крај, како што навлегла сред народот во внатрешноста на Бугарија.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
ВЛИЈАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Наспроти големите грешки и левосектанската политика, што се спроведува од левото македонско крило, сепак, најголемо е неговото влијание сред македонските народни маси. Идејата и принципите на старата ВМРО на Гоце остануваат единственото знаме на македонскиот народ. И до денес, наспроти жестокостите во недалечното минато, многу групи, приврзеници на санданизмот се сочувани (Неврокопско, Мелничко и др). Најголемата несреќа е тоа што таму организационо македонските идејни струи не се опфатени, а не е во состојба и ВМРО(Об.) како организација, да ги опфати во себе, заради едноставната причина што таа се смета како комунистичка организација.

ВМРО на Михајлов целосно си останува на старите позиции, т.е. на фронтот на бугарските завојувачи. Инаку, како организациона и политичка сила, таа не претставува она што беше до 19 мај. Нејзиното влијание неколкукратно е намалено. Се уште големи се недоразбирањата во самите нејзини редови. Против отворената великобугарска и ревизионистичка политика, што ја спроведува групата Обзор, застануваат многумина довчерашни приврзеници и членови на ВМРО-Михајлов.

Општо земено, голема е разочараноста од актуелната политика на соработка со бугарските империјалистички и фашистички средини. Одделни личности отворено се спротивставуваат против Обзор. Случајот со групата околу Македонски глас. Горноџумајската младина - неколкумина бивши михајловисти на чело со Стојан Попов и др.

Од тие лица и групи се прави, макар и со големи колебања, обид за договор со левите Македонци (Г.Џумаја, Пловдив и др.).

При таквата состојба, можно е да се дојде до договор за заедничка борба со извесни групи, кои што, малку или повеќе, имаат влијание сред македонските маси и стојат на посамостојни македонски позиции.

Тоа значи дека кога ние го разобличуваме оној дел од михајловистите, кои отворено се ставаат на страната на најреакционерните бугарски средини и на страната на Цанков и меѓународниот фашизам, треба да бидеме внимателни кон другиот дел, кој што, така или инаку, прави сериозен обид да се ослободи од туторството на бугарските фракциони и фашистички средини.

Доколку фашистичката диктатура денес го поддржува реакционерниот дел од михајловистите и подготвува почва повторно да ја врати михајловиштината во македонскиот крај, во тој случај нашата борба треба да биде насочена и против тој дел, против михајловштината. Тој лозунг е единствениот и најпопуларниот што може да го сплоти огромното мнозинство од македонското население во Петричко.

Влијанието на протогеровистите скоро безначајно во македонскиот крај. Тие имаат само одделни личности, кои не се одликуваат со влијание сред македонското население.

Протогеровистите, исто така, не се единствени. Кај нив се создадени две струи: едната на чело со Шанданов, која што има најмногу приврзеници, е за единствена борба со левите Македонци, другата на чело со Крстан П.Тодоров, која е против секакво зближување со комунистите и со левите Македонци.

Формирање на македонски народен фронт

Од друга страна, мнозина бивши приврзеници на протогеровистите целосно поминале на нашата страна и работат како обединисти, или централисти (Варна, Плевен, Софија).

Во општи црти, таков е односот на силите во македонскиот крај, што покажува дека доминираат силите на демократијата, а тоа неспорно дава можност за побрзо изградување на македонскиот народен фронт.

Основната задача на ВМРО (Об.) во сегашниот момент е, не да создава затворени, секташки нејзини групи, туку да ги насочува сите свои сили за побрзо сплотување на разединетите македонски сили, на основата на едно или неколку заеднички барања, а поскоро создавање на МАКЕДОНСКО НАРОДНО ЕДИНСТВО (со големи букви во Извештајот - б.м.).

Затоа, ВМРО (Об.) сета своја активност ја насочува за создавање таква, пред се, работа, каде се концентрирани Македонците во најразновидни политички, стопански, културно-просветни, професионални, спортски и други организации на македонскиот народ.

Привлекува одделни групи на работа, приврзеници на Сандански, земјоделци-пладненци, михајловисти, без да им прилепува етикета обединисти, дури и да работат во името на интересите на македонскиот народ и се борат против фашистичката диктатура и безаконието.

Идејата, која обединува и се јавува како знаме на македонскиот народ, тоа е борбата за национална независност. Но тоа е само заедничката идеја и крајната цел, лозунзите, околу кои се обединуваат народните македонски маси, се тие што непосредно ја засегаат сегашната положба и општонационалните и економски интереси.

КОМИТЕТИ ЗА БОРБА

Усилбите денес се насочени да се постигне договор меѓу сите партиски групи, македонските национални организации, сите културно-просветни, стопански и други организации за заедничка дејност.

За таа цел, почесто да се избираат општоградски, селски и други општи комитети за борба, кои ќе бидат органи на единствениот македонски фронт, а фактички и органи на идната единствена македонска народна организација.

Ние мислиме дека во македонскиот крај, доколку е национално поробен дел од Македонија, на прво место треба да се постават прашањата што имаат национален карактер, прашања што еднакво ги засегаат сите, или скоро сите, македонски средини.

Доколку бугарските империјалисти и фашисти се стремат со сите средства да го убијат МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА БОРБАТА (со големи букви во Извештајот - б.м.), нашиот долг е да бидеме против таа политика и да им разјаснуваме на сите Македонци кои се неговите пријатели и непријатели во Бугарија и во светот, и истовремено високо да го издигнеме знамето на самостојната македонска борба.

При денешната состојба, доколку при водењето на преговори со одделните партии и организации се говори да се дојде до договор на Македонците, за единствена борба против фашизмот и реакцијата во Бугарија неопходно е истовремено да се популаризира идејата за создавање и на единствена македонска народна организација.

Тоа сосема не значи дека механички денес ВМРО (Об.) треба да се растури, напротив, доколку паралелно со неа постојат и други македонски револуционерни организации, како оние на Михајлов и Шанданов и покренуваат други идеи и принципи, ВМРО (Об.) треба да се зачува, при што се повисоко да го издига знамето на централизмот.

Но како што во почетокот рековме, не е цел таа да се наложи како народна организација, зашто таа тоа не може да го стори, туку да ја подготви почвата во процесот на борбата за создавање на единствена веќе македонска народна организација.

Ние мислиме дека во македонскиот крај, доколку РП немало во минатото и не е популарна сред населението, неправилно е таа да се создаде вештачки. РП како антифашистичка организација има извонредно големо значење за бугарскиот народ, зашто таа навистина во минатото се претворила во народна организација.

Тие односи во македонскиот крај отсуствуваат. И ако ние сега решиме да создадеме РП ќе ги одвратиме тие партиски елементи - пладненци и др.. кои работат како Македонци.

Ние мислиме дека најдобрата форма, што, засега, од сите би се прифатила, тоа е изградувањето на македонскиот народен фронт. Создавање на заеднички комитети во местата, што ќе ја координираат дејноста на целиот македонски национален и партиски актив што работат во најразличните организации.

ЦЕЛ-МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА

Таа форма денес на многу места се чувствува.

Организацијата успеа, благодарение на таа форма на работа во Горна Џумаја, да прибере околу себе повеќе од 240 души активисти и да опфати десетици масовни организации, кои бројат со десетици и стотици членови.

Истото нешто се врши скоро во сите други краишта на Македонија и сред бегалците.

Таа форма е која што даде можност на нашите другари да привлечат на работа разни македонски општественици, како С.Попов, Шанданов, Хајдуков и др, кои не се ниту комунисти, ниту обединисти и не станаа членови во една организација која би го носела името - Работничка партија.

При утрешни евентуални поблагопријатни услови и при единствена дејност на борбата, задолжително во македонскиот крај ќе се наложи потреба од создавање на организација или македонска партија.

Што се однесува до КП, не само што треба да се создаде, но е крајно потребна, зашто во македонската област не се води само национална борба, туку и класна, зашто работништвото од ден на ден се повеќе расте, иако бавно се создава индустрија - шумска, рудна, тутунска итн.

Потребно е и поголемо внимание од страна на револуционерните работнички синдикати во македонскиот крај."

А има ли нјак'де публикувана информација за конференцијата от ноември 2005-а в Скопие, к'дето са говорили за живота на Шаторов?
Ovaa treba da e od taa konferencija:

ДРУГАРОТ ТИКВАР

По мајскиот состанок со Ранковиќ, Колишевски доаѓа во Македонија со цел да го истисне неприкосновениот Шарло. За да ја оправда целта, тој тврди дека Тито му дал писмо со кое го овластува да ја преземе партиската организација. Тогаш организационен секретар на Покраинскиот комитет и десна рака на Шарло е Перо Ивановски Тиквар. Овој човек говореше на научниот собир во МАНУ, а за тврдењето дека Лазо имал писмо од Титовиот ЦК КПЈ, прокоментира: "Јас не знам дали на Лазота му дале нешто во Белград, ама кога сефте дојде во Скопје, тој такво писмо немаше!"
Другарот Тиквар имаше повластена положба во македонската Академија поради неговите поодминати години, па затоа само нему му беше дозволено да дискутира подолго од 15 минути (што наиде на лутина кај присутните научници и провокатори од колишевистичка провениенција). Неговото излагање заслужува негде да се објави во целост, поради тоа што тој е т.н. "учесник и сведок" на оние пресудни мигови од македонската историја. Фактички, неговото повесно превреднување на Шарло беше пресудно во МАНУ-битката со "лазовистите". Еве како тој лично ја доживеал наредбата за смената на неговиот претпоставен Шарло (која со задоцнување сепак стигнала во Скопје на 24 јули, ако не е некаков фалсификат): "Кога ја прочитав последната точка во која се наложува исклучување на Шарло од Партијата, ме обзеде чувство на вчудовиденост, чувство на вина и чувство на страв. Не се посомневав во Шаторов, туку во тоа како ова наводно решение на ЦК КПЈ е пренесено до нас. Мене од Лазар Колишевски неговиот претпоставен Драган Павловиќ (не е Латас, н.з.) ми беше соопштено дека треба само да го тргнеме Шарлота, и сé ќе биде в ред. Не можев да прифатам таква солуција. Ми делуваше лажно и нечовечки. Возбуден од сé што разбрав, отидов на седница на Покраинскиот комитет, која веќе беше претходно закажана. Меѓутоа, начинот на кој му беше врачена одлуката на Шаторов, без да му се даде шанса да даде свој приговор, не оставаше место за сомнеж. Се бараше чиста согласност. После оваа фатална средба, делегатот Павловиќ и неговите приврзаници не чекаа никакво разјаснување. Го умножија решението на ЦК на Тито и тргнаа по партиските организации со цел да бараат почитување на решението. Најмногу одеа со Страшо Пинџур, бидејќи тој имаше лични врски и познанства, за разлика од Лазо и Драган Павловиќ, кои немаа. Јас, пак, одев да ги објаснувам спротивните ставови: дека поврзувањето со БКП е легитимно".
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Документи издадени на Методија Шаторов-Шарло од страна на кралството Југославија во 1939 година.

Работна книшка:



Лична карта:



Уверение:

 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Автобиографијата на Методи Шаторов, напишана во јуни 1933г., заведена во неговото досие во Коминтерната, денес во архивот на Рускиот центар за проучување на документите од најновата историја (РЦХИДНИ) во Москва, објавена во книгата на Владо Поповски и Ленина Жила - Македонското прашање во документите на Коминтерната, Том I, Дел 2, Скопје , 1999, 1553

“Родилсја 10.I.1897г., национальност – македонец, подданство – болгарское. Социальное положение отца – мелкиј лавочник, мать вместе с ним работала. Притежатели одного дома вместе с лавкој в городе Прилеп (Македонија). Условија жизни были очен тјажолые. Начал работаты и помагать отцу еште с 7-летнего возраста. 14-лет поступил учитьсја в педаг[огическују] школу и в 1915г. закончил. После того (во времја војны) работал секретарем деревенској обштины в Македонии до окончанија војны (нојабрь 1918г.). С нојабрја 1918г. работал кассиром, электро-техником, бухгалтером по 1930г. С 1931г. по 1.V.[19]33г. работал бухгалтером в Берлинском торгпредстве. Всего по сегоднјашниј день работал 18 лет. Материальнаја обеспеченность – все времја јавлјаетсја только заработок (зарплата). В армии не служил. Во времја војны был освобожден как секретарь деревенској обштины. После војны в 1918 году отклонилсја в виду ошибочного взглјада на воинскују службу тогда господствујуштего в партии,а именно, что армија јавлјаетсја буржуазној и, следовательно, нельзја служить. Женат. Жена пролетарского происхожденија, дочь железнодорожника, чл[ен] Германској коммунистическој партии, имуштественое положение ее родителеј – никакое, обштественное – тоже. Бывал за границеј в 1926, 1927 и 1930, 1931 гг. По болезни и по партијној работе. Знају југославију, Австрију и Германију.
б/Интеллектуальное развитие и образование. Училсја в Педагогическој школе (средн[еј]). Начал в 1910г. в Битоле и закончил в 1915г. В Ускјубе (Скопье) Македонија. Партијно-политического образованија специально не получал. По болезни в јанваре 1931г. вынужден был приостановить учебу на Ленинских курсах и уехать за границу. Занималсја самостојательным чтением книг по 1931г. Читал сочиненија Ленина и се крупные труды Ленина, Маркса и Энгельса (из ”Капитала” толька отдельные части и отрывки). Знају југославскиј и немецкиј јазыки – и писать, и говорить умеју.
в/ Политич[ескаја] организованность: до вступленија в партију не числилсја в других партијах. В 1918г. вступил в македонские массовые организации в Софии и с того времени непрерывно принимал участие в национально-револјуционном движении (македонскаја левица) и с 1921г. по 1928г. часто бывал на ответственној работе. В комсомоле не принимал участија. Еште до војны был в свјази с членами Болгарској социалистическој партии (т.с.) и после војны в 1918г. и 1919г. непрерывно участвовал в массовых собранијах и демонстрацијах партии, а в 1920г. вступил в профсојуз (в Сојузе банковских и торговых служаштих). јавлјајусь членом патии с октјабрја 1920г.“


Во превод на македонски јазик:

“ Се родив на 10.I.1897г., националност – Македонец, државјанство – бугарско. Социјална положба на татко ми – ситен трговец, мајка ми работеше заедно со него. Бевме сопственици на куќа заедно со дуќан во г.Прилеп ( Македонија ).

Условите за живот беа многу тешки. Почнав да работам и да му помагам на татко ми уште од 7-годишна возраст. На 14 години почнав да учам во педаг[ошко] училиште и во 1915г. го завршив. Потоа ( за време на војната ) работев како секретар на селската општина во Македонија до завршувањето на војната (ноември 1918г.).

Од ноември 1918г. работев како благајник, електротехничар, книговодител до 1930г. Од 1931г. до 1.V[19]33г. работев како сметководител во Берлинското трговско претставништво.

Се' на се' до денешниот ден работев 18 години.

Материјална обезбеденост – сето време е само заработка (платата).

Во армијата не служев. За време на војната во 1918г. се извлеков поради погрешното гледање на воената служба што тогаш владееше во Партијата, имено дека армијата е буржуаска и, според тоа, не треба дад се служи.

Женет. Жена ми е од пролетарско потекло, ќерка на железничар, чл[ен] на Германската комунистичка партија, имотната состојба ба нејзините родители е никаква, општествената – исто така.

Патував во странство во 1926, 1927 и 1930, 1931г. поради болест и по партиска работа. Ги познавам Југославија, Австрија и Германија.

б/ Интелектуален развиток и образование. Учев во педагошко училиште (средн[о]). Почнав во 1910г. во Битола и завршив во 1915г. во Скопје, Македонија. Специјално партиско политичко образование немам. Поради болест во јануари 1931г. бев принуден да го прекинам учењето на Ленинските курсеви и да отпатувам во странство. Самостојно читав книги до 1931г. Ги читав делата на Ленин и сите крупни трудови на Ленин, Маркс и енгелс (од “Капиталот“ само одделни делови и извадоци). Ги знам југословенскиот и германскиот јазик – умеам да пишувам и да зборувам.

б/ Политич[ка] организираност: пред да стапам во Партијата не бев во други партии. Во 1918г, стапив во македонските масовни организации во Софија и од тоа време непрекинато учествувам во национално-револуционерното движење (македонска левица) и од 1921-1928г. често работев одговорни работи.

Во комсомол не учествував. Уште пред војната одржував врски со членовите на Бугарската социјалистичка партија (т.с.) и по војната во 1918г. и 1919г. постојано учествував на масовните собири и демострации на Партијата, а во 1920г. стапив во синдикатот (во Сојузот на банкарските трговски службеници). Член на партијата сум од октомври 1920г. “
 

Kajgana Shop

На врв Bottom