Методија Шаторов-Шарло -- неправедно оцрнет во Македонската историја

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Цветко: "Говор на основачкиот конгрес на борците против фашизмот"
Темпо: "Конференција со членовите на I и II бригада и групата баталјони од 21 декември 1943 година"

За цитатот од Црнушанов:
Овој случај е познат, знае се зошто овие луѓе се собрани, знае се дека полковникот, кој дозволил тоа е отпуштен.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Цветко: "Говор на основачкиот конгрес на борците против фашизмот"
Темпо: "Конференција со членовите на I и II бригада и групата баталјони од 21 декември 1943 година"
Пак не ти се цитатите како што треба. Треба да наведеш каде се објавени тие, за Црнушанов да ги користи во своите идиотски пишувања?

Еве да ги земеме и за точни.

1. Значи од напишаново произлегува дека Цветко Узуновски-Абас, кога бил жив Тито и му бил директно подреден на Колишевски и покрај јасните ДОКУМЕНТИ напишани и издадени ЛИЧНО од Шарло, како овој:



Или уште појасното "Писмо до Стојана", кое е издадено како проглас во мај 1941 г., што значи ПОСЛЕ германско-БУГАРСКО-италијанската окупација, и од кое дадов цитати погоре, се решил да ја следи политиката на Колишевски за плукање врз мртвиот Шарло,
за во реферат прочитан на тркалезна маса во периодот 1985-1990, (Тито умрен) организирана за дискусии околу "Скопје во НОБ 1941-1945", да го каже она што го посочив погоре.

Истото да го велат и други видни македонски комунистички дејци како Вера Ацева и Борко Темелковски.

Хмм... нема никаква "дилема" за што станува збор.


2. Изјавата на Темпо може и да е точна, арно ама тој НЕ Е МЕРОДАВЕН да дава никакви судови за Шарло, зашто тој воопшто не е присутен во Македонија кога се случуваат работиве за кои лажно е обвинуван Шарло.

Плус, сакајќи да го обвини Шарло за некаков национализам, всушност си ја покажува грижата за српските колонизатори во Македонија кои боел донесени од окупаторскиот и денационализаторски режим на пред-воена кралска Југославија.


штипјанец' напиша:
За цитатот од Црнушанов:
Овој случај е познат, знае се зошто овие луѓе се собрани, знае се дека полковникот, кој дозволил тоа е отпуштен.
Абе ти можеш да се превртиш наопаку сега, ама од ФАКТИТЕ нема бегање.

Сите бугарски идиоти што по цел ден висат по македонските форуми и насекаде на интернет барем еднаш опцуле "мајка македонска".
 
Член од
1 јуни 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
KPJ vo 1934 g. pod vlijanie na Kominternata, donesuva odluka za formiranje na KP vo Hrvatska, Slovenija i Makedonija vo ramkite i pod centralno rakovodstvo na KPJ.

Vo 1937 g. se formiraat KP na dvete spomenati, makedonska KP kako avtonomna ne se formira se do 1943g. Vo 1937 g. partiskata org. vo Makedonija ja potresuva silna prolvala koja gi zafaka skoro site mestni ogranoci i makedonskite komunisti se seriozno razbieni.

So doaganjeto na Tito na celo na CK na KPJ 1938/39 (koga dobiva oficijalen mandat od Gorgi Dimitrov) se pokrenuva prasanjeto za konsolidiranje na makedonskata partiska organizacija. Na baranje na Tito, a vo soglasnost so Kominternata, Metodija Satorov e postaven za politicki sekretar na PK na KPJ za Makedonija.

Na 8 septemvri Metodija Satorov e izbran od delegatite na Pokrainskata partiska konferencija koja se odrzuva na Vodno-Skopje. Legalno izbrano rakovodstvo so tajno glasanje (ne naznacen od istruktorite Sreten Zujovic i Svetozar Vukmanovic-Tempo koi prisustvuvale na Pokrainskata partiska konferencija) od strana na makedonskite delegati.

Znacenjeto na konferencijata e vo donesuvanjeto na politicka programa "Rezolucija" koja e edinstvena nacionalno-obedinitelna programa donesena od strana na makedonskite komunisti a sodrzela dve osnovni postulati:

1. Obedinuvanje na makedonskite komunisti (citaj narod) vo site 3 etnicki podeleni teritorii;
2. proteruvanje na srpskite kolonisti. Stavovite od Rezolucijata im se prateni na organizacioniot odbor na Pettata zemska konferencija. Na samata Konferencija doaga do seriozen spor pomegu stavovite na Sarlo i srpskite i crnogosrkite komunisti ocenuvajki go za nacional-sovinist.

Vo januari 1941g. se odrzuva prosiren Plenum kade e doneseno Resenie: Potpolno osloboduvanje i ramnopravnost na Makedonija -- duri do baranje za otcepuvanje za samostojna drzava. Dokuentite,proglasite, povicite bile pisuvani od Sarlo (Izvori za istorijata na SKM, Ilegalniot pecat na KPJ vo Vardarska Makdonija megu dvete svetski vojni, tom 2, kniga vtora ... megu drugite kad sto mozete da procitate ... i od intervjuto vodeno so organizacioniot sekretar na PK Pero Ivanoski-Tikvar eden od retko doslednite i verni luge na Sharlo).

Toa e momentot koga makedonskata partiska organizacija pod rakovodstvo na Sharlo idejno-politicki ke se razidi od konceptot za obedineta Jugoslavija na Tito vo koja ke vleguva samo Vardarskiot del od Makedonija.

Metodija Satorov vo sekoj dokument e jasen i dosleden: "obedineta i samostojna Makedonija", so makedonski narod - koj e razlicen i poseben nacionalen individualitet na Balkanot.I tuka nema dilemi.

Analizata na dokumentite povrzani so povrzuvanjeto na makedonskata part. organizacija (MPO) so BRP ke se sluci pod dirigenstvo na Kominternata a na pokana na BRP (Sharlo za ova ima razgovarano so Pero Ivanoski-Tikvar) no kako sto veli Tikvar, Sharlo ne brzase da se povrze, mnogu dlaboko razmisluvase za ova.

Pero Ivanovski vo mart 1941g. dobiva instrukcii od Ivan Milutinovik (clen na CK na KPJ) vo Zagreb: dokolku se sluci predvidenoto i Bugarija ja okupira Vardarska Makedonija, za da ne dojde do prekin na vrskite vie ke treba da se povrzete so BRP. Toa jas po doaganjeto vo Makedonija mu go prenesov na Sharlo. Taka, da se zastapuva gluposta okolu toa deka Josip Broz ne znael za povrzuvanjeto i potrebata od povrzuvanje so bliska komunisticka partija vo denesno vreme e cist amaterizam.Uste poveke da se veruva deka bez odobruvanje na Kominternata, samoinicijativno od rakovoditel na PK (pa makar toa da e i samiot Sarlo) moze da se sluci bez nejzino znaenje e idiotizam.

Vo dokumetite na BRP stoi deka MPO ke ja zadrzi svojata avtonomija i deka povrzuvanjeto e nastanato poradi prakticni pricini( stoi vo dokumnetot upaten od CK na BKP do Gorgi Dimitrov). Vo nego uste se veli 1/3 od naselenieto (se misli na Makedonija) e so jasno makedonsko soznanie, 1/3 neoformeno i neopredeleno ama se priklonuva nakaj prvoto, a 1/3 od postaroto naselenie so bugarsko nacionalno soznanie.

Eliminiranjeto na Sharlo od MPO e rezultat na intersot na Tito da ja zacuva MPO vo ramkite na KPJ. Povrzuvanjeto na MPO so BRP e rezultat na interesot na BRP za ostvaruvanje na nejzinite golemodrzavni interesi vo koi e vklucena i Makedonija. Metodija Shatorov e zrtva na nivnite aspiracii i golemodrzavni interesi

NO ZRTVA I NA NESPREMNOSTA I NESOZREANOSTA NA MAKEDONSKITE KOMUNISTI DA JA REALIZIRAAT IDEJATA NA SHARLO ZA OBEDINETA KP, ANALOGNO I OBEDINETA MAKEDONSKA DRZAVA. ZATOA VO TOJ ISTORISKI MOMENT EDNA MARGINALNA FIGURA KAKO STO VO TOA VREME E LAZAR KOLISEVSKI USPEVA POLITICKI DA GO ELIMINIRA SHARLO I NACIONALNO-OSLOBODITELNOTO DVIZENJE VO MAKEDONIJA VO RAMKITE NA NOB DA GO IMA TEKOT KOJ STO GO IMA. SEKOJ REVOLUCIONERNO-OBEDINITELEN ELEMENT KOJ KE SE POJAVI VO MAKEDONIJA ZA VREME NA NOB KE BIDE ELIMINIRAN (ako ne do 1945Г.,togas podocna).
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
“... Господата од Белград и Софиа спорат за Македониа, а македонскиот народ ич не го питат. Тиа поробители на Македониа имаат тепегјозлук да зборуат оти македонскио народ бил српски, бил бугарски и оти Македонците немале историа, јазик и др. Македонските поробители лажат. Во сушност,Македонците не сет нити Срби, нити Бугари а сет само Македонци


Проглас на Покраинскиот Комитет на КПМ, на чело со Методија Шаторов - Шарло...
Вистинската улога на политичкиот комесар на Покраинскиот комитет на Куминистичката партија во Македонија, Методија Шаторов-Шарло, во комунистичкото движење и во почетокот на народноослободителната војна во Македонија, долго време беше вистинска загатка. Под влијание на Лазар Колишевски, одредени политичари и историчари долго време ја прикриваат вистината за неговата дејност во овој период. Односно се прекриваат трагите на револуционерот кој се борел за слободата на македонскиот народ и обединета Македонија.

Обвинет дека македонската партиска организација ја присоединил кон Бугарската работничка партија и дека ги спроведувал нејзините ставови во Македонија, името и улогата на македонскиот патриот Методија Шаторов-Шарло, долго време по Втората Светска Војна било ставено под ембарго. Меѓутоа, неговиот животен пат, неговите настапи и пишани материјали кои подоцна се појавуваат во јавноста, јасно говорат за неговата определба за Македонија.


Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Основно и средно образование завршил во Прилеп и во Битола, а во 1914/15 година и Учителската школа во Скопје. Во 1918 година емигрирал во Бугарија, каде станал член на македонските организации во Софија. Во 1926 година учествувал во создавањето на ВМРО-Обединета, а во декември 1927 година бил делегат на Втората конференција на Коминтерната, каде говорел за македонското прашање. Во анкетниот лист на Коминтерната запишал дека е Македонец. Потоа се вратил во Бугарија, каде за ВМРО- Обединета ја организирал работата во Пиринскиот дел на Македонија. По налог на Коминтерната престојувал во Париз, каде собирал помош за Интернационалните бригади во Шпанија. Со отпочнувањето на Втората Светска Војна, со легални документи добиени од југословенскиот конзулат, во 1939 година се вратил во Прилеп. Односно, тој доаѓа во Македонија по налог на партијата, откако КПЈ побарала кадровска помош од Коминтерната.

Во пролетта 1940 година Шарло работи на обновата на ПКМ, а на 8 септември истата година на тајно гласање бил избран за политичкиот секретар на ПК КПЈ за Македонија. На конференцијата беше донесена Резолуција, со која се предвидуваше создавање македонски револуционерен фронт, кој требаше да биде дел од општата борба на пролетаријатот на Југославија, а во сојуз со народните движења на Македонија и сите слоеви, требаше да застанат против српскиот империјализам. Истовремено било покренато прашањето за враќање на земјата на македонските селани и бркање на сите српски колонисти.

Месец дена потоа, на Петтата земска конференција на КПЈ, Шарло бил избран за член на ЦК КПЈ. Во своето обраќање на конференцијата тој се осврнал на српската колонизација на Македонија, па по ова прашање, ваквите ставови во КПЈ биле сметани за екстремни. Во тоа време во Југославија, граѓанските партии не сакаа да го признаат македонскиот идентитет, а Македонија ја сметаа за Јужна Србија и Македонците за Јужни Срби.

Но, по окупацијата на Чехословачка и се` поотворените завојувачки намери на фашистите спрема Балканот и Македонија, ЦК на КП укажа на можните манипулации во врска со националната обесправеност на Македонците и Црногорците. Во тој поглед ЦК на КПЈ во пролетта 1939 година издаде посебен документ „КПЈ и македонското национално прашање“ во кој се истакнува дека „македонскиот народ како нација никогаш немал своја национална слобода“.

Напаѓајќи ги балканските буржоазии кои во Македонија гледале само како монета за поткусурување, како и оние кои не можеле да го сфатат не само балканското, туку и европското значење на македонското национално прашање, КПЈ во овој документ ќе го посочи неоспорниот факт дека Македонците се една посебна нација (ни Грци, ни Бугари, ни Срби). Истовремено „во документот се прецизира дека КПЈ и работничката класа во Југославија мора да најде во македонското демократско движење сојузник во борбата за демократија и национална слобода и против нациофашистичките поробувачки планови и дека создавањето на ваков борбен сојуз ќе биде најсигурен пат за ослободувањето на македонскиот народ и гаранција за одбрана на југословенските народи од туѓинска инвазија..“ (Историја на македонскиот народ, Скопје 1988)

Во тој контекст на сите овие настани како на домашната така и на меѓународната политичка сцена можеме да го гледаме и Прогласот на Покраинскиот Комитет на КПМ, на чело со Методија Шаторов – Шарло, во кој се вели:

„ДРАГИ БРАЈКЈА!
Првото иешто, кое бие на очи е признаването от страна на српските големци оти постои Македонија. До сега секогаш си го дереа грлото оти Македониа нема, а има само “Јужна Србија“, а сега признаа оти Македониа има не само во Грција и Бугарија, ами и во Југославија. Ама сушноста на споро мегју српските и бугарските шовинисти е кој да владеј во Македониа и кој да стрижи македонската овца.

Господата от Белград и Софиа спорат за Македониа, а македонскиот народ ич него питат. Тие поробители на Македонија имаат тепегјозлук да зборуат оти македонскио народ бил српски, бил бугарски и оти Македонците немале историја, јазик и др. Македонските поробители лажат! Во сушност македонците не сет нити Срби, нити Бугари, а сет само Македонци.

БРАЈКЈА! Вие имате свој јазик, своја култура, свои традиции, свои песни итн. Вие имате славна историја и минало. Кирил и Методиа не беа ни Срби, ни Бугари, а македонски славјани кои дадоја писменос и култура на сите славјани. Новата историа на Македониа е богата со борби за национална слобода. Илинден е најславнио пункт на Македонците за слобода и равноправие.

Поробителите на Македоноиа ќе се раскина да докажат оти Македонците биле слободни. Навистина пак во Македонија не постои слобода, а апсани, џандари, кјотеци, национално претопуенје, колонијална експлоатација, политичко ропство и бесправие. Поповите со евангелие и џандарите со камшик биат македонскиот народ по очи, по глава, да му докажат оти тој бил Србин. Жални големосрпски човечина!

ДРАГИ СЕСТРИ И БРАЈКЈА!
Српските властодржци се борат да не би да испуштат кокало (Македониа) от устата, па затоа се готват за отпор за војна. Ни еден народ не сака војна во това число и македонскио. От една војна помеѓу Југославија и Бугариа за Македониа, ќе страдат народите на двете држави. Во најарен случај при една таква војна Македониа ќе смени само господарите си. Вие сакате не војна, а мир, работа и добар живот.

Благодарение на големата земја на социјализмо – СССР овие дена затегнатото положение во Југославиа, Бугариа и Турциа попушти. Конфликто можеше да избувни и да станеме сите балкански народи плјачка на империалистите. Голема заслуга за запазуанје на мирот е на СССР!

На Македониа спасението е во борбата за слобода во сојуз со сите народи и потиснати во Југославија.“

По кратката априлска војна во 1941 година и фашистичката окупација Југославија и Грција, во Македонија започнува нова етапа на македонскиот народ во неговата национално ослободителна војна. Неполн месец по навлегувањето на окупаторските сили, Шарло го упатува своето „Писмо до Стојана“ во кое го истакнува ставот дека „..како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италјански и бугарски војски... Ние не видофме нити наши чиновници, нити да се споменува нешто за нашите македонски револуционери, што пак за македонската култура. Се` што е наше ни се представуе како да е било бугарско... Да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ“.

Долго време комунистичкиот режим не го експонирал ова писмо од мај 1941 година, кое истовремено преставува прв документ на КПЈ во Македонија по окупацијата. Во него секретарот на ПК на КПЈ за Македонија Методија Шаторов Шарло ги изнесува не само своите ставови и погледи за априлската војна и за положбата на Македонија во првите денови по окупацијата, туку преку него, како своевиден проглас тој го повикува македонскиот народ на борба против новата окупација на Македонија.

Овој факт под влијание на Лазар Колишевски беше премолчуван од историчарите, исто како што беа премолчувани фактите за првите диверзантски акции кои се случуваа во првите месеци по окупацијата во 1941 година, како и за улогата на Шарло во формирањето на Првиот скопски партизански одред во Македонија на 22 август 1941 година. За Лазар Колишевски овој одред не постоеше. Единствено што јавноста знаеше, беше дека Шарло без знаење на КПЈ ја приклучил Куминистичката партија во Македонија кон Куминистичката партија на Бугарија.

Во тоа време врските меѓу КПЈ и КПБ биле несигурни и не биле редовни, па КПЈ навреме не ја добива одлуката на Коминтерната по која делува Шарло и кој бара од БКП партиската организација од Пиринска Македонија да се припои кон партиската организација во Вардарска Македонија. Во партијата настанува конфузија кога на 24 јули 1941 година Колишевски во присуство на инструкторот на КПЈ, Драган Павловиќ, ја донел одлуката со која се распушта раководството на КПМ. Но уште поголема конфузија настанува на 17 август 1941 кога Петар Богданов ја донел одлуката на Коминтерната за припојување на ПКМ кон КПБ. Оваа одлука не му одговара ниту на КПЈ, ниту пак на КПБ.

Всушност за Методија Шаторов Шарло, националното прашање на Македонците било на прво место и тој сметал дека во македонскиот револуционерен фронт требало да влезат сите слоеви на македонското општество, за разлика од Тито кој сето тоа го сфаќа како класна борба на пролетеријатот и селаните против владеачката боржуаска класа. Во судирот на двата концепта, Тито се жали до Коминтерната дека во Македонија ништо не се прави со цел да им се помогне на советскте луѓе, додека во Југославија се води вооружена борба. Против Шарло истапува и КПБ, која ги нема целосно дефинирано своите ставови кон македонското прашање. По ова Коминтерната се сложува КПМ повторно да биде под КПЈ, а Шарло откако од Колишевски не му било дозволено да се приклучи на Скопскиот партизански одред, заминал за Софија.

На 4 септември 1944 година, Методија Шаторов Шарло кој секогаш се изјаснувал како Македонец, при една акција на бугарската војска против партизаните, загинал под неразјаснети околности во близина на Пазарџик. Постои сомнеж дека неговото убиство било нарачано и извршено со знаење на БКП.

http://www.mn.mk/aktuelno/7953-Metodija-Satorov-Sarlo-sekogas-se-izjasnuval-kako-Makedonec
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Фотографии од детството и младоста на Методија Шаторов-Шарло

 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
...
Пред извесно време во партиските фондови на Централниот државен архив во Софија пронајдов непознат документ - Извештај на се' уште оспоруваниот Методија Шаторов-Шарло од 1937 година. Овој Извештај носи наслов: 'Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика?'. Извештајот е доставен до Задграничното биро на Централниот комитет на БКП во Москва, односно до Васил Коларов, и претставува една од најаналитичните проценки за политичката и економската положба, како и за политичкото расположение на македонските емигрантски и бегалски маси во пиринскиот дел на Македонија во меѓувоениот период.

Во Извештајот, областа Петричко, односно пиринскиот дел на Македонија, Шаторов го нарекува македонскиот крај во кој македонското население целосно ја прифатило идејата за изградување масовно македонско движење.

Подвлекувајќи дека во овој македонски крај на прво место треба да се постават прашањата што имаат национален карактер, Шаторов во Извештајот сугерира да се популаризира идејата за создавање единствена македонска народна организација, односно македонска партија, одредувајќи ја приоритетната задача на Македонците во овој дел на Бугарија во изградувањето на македонски народен фронт.

Овој Извештај е напишан токму од самиот Методија Шаторов. По 19 мај, со воведувањето на отворена фашистичка диктатура, бугарската реакција спроведе поширока терористичка акција против целокупното македонско движење, против се' што е македонско', вели проф. д-р Зоран Тодоровски.
...
Целиот извештај-реферат на Методија Шаторов-Шарло од 1937 г. (клик на насловот)

ЗОШТО БУГАРСКАТА ФАШИСТИЧКА ДИКТАТУРА ПО 19 МАЈ СПРОВЕДУВА ОТВОРЕНА ПРОТИВМАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА?

 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Нов научен труд околу дејноста на македонскиот национален деец Методија Шаторов-Шарло

Клик на насловот:

МЕТОДИЈА ШАТОРОВ-ШАРЛО ПОМЕЃУ ИНТЕРЕСИТЕ НА КПЈ, БРП И КОМИНТЕРНАТА

.
Уште на првата страница има грешка, уште многу има да учи оваа "докторандка".
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Или доискажи се, или прошетај од темава.
"Воено-политичките настаните кои се случуваат.."

Како ти се чини тоа граматички?

И ова се првите два зборови од книгата на "докторандката". Зборовите нацифашистички се како од комунистичка книда од пред 60 години, а фактот дека не знае точно кој е окупирал Вардарско и кој го администрира само докажува ниското ниво на луѓето кои сакаат да заштитат докторска дисертација во Република Македонија.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
"Воено-политичките настаните кои се случуваат.."

Како ти се чини тоа граматички?

И ова се првите два зборови од книгата на "докторандката". Зборовите нацифашистички се како од комунистичка книда од пред 60 години, а фактот дека не знае точно кој е окупирал Вардарско и кој го администрира само докажува ниското ниво на луѓето кои сакаат да заштитат докторска дисертација во Република Македонија.
Кутриот ти, почна и граматика да бистриш на потфорум "Историја".. :pos:
"На кривото дрво и пепелта му е крива!"
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
"Воено-политичките настаните кои се случуваат.."

Како ти се чини тоа граматички?
Мошне ми е мило што го признаваш и се грижиш за граматичката точност на македонскиот литературен јазик, арно ама исправањето на печатните грешки е работа на лекторите и редакторите на публикациите каде се објавува, и воопшто не значи дека е грешка на авторката.

Тоа за Шарло т.е. за темава е апсолутно неважно.

штипјанец' напиша:
И ова се првите два зборови од книгата на "докторандката". Зборовите нацифашистички се како од комунистичка книда од пред 60 години, а фактот дека не знае точно кој е окупирал Вардарско и кој го администрира само докажува ниското ниво на луѓето кои сакаат да заштитат докторска дисертација во Република Македонија.
Твоето ниско ментално ниво, како и на секој еден бугарски трол овде на Кајгана ни е добро познато, не мора да го докажуваш со секој нареден пост.

Неколку примери за употреба на "нацифашистички":

http://books.google.com/books?hl=en&lr=&id=xGkXKWtlL08C&oi=fnd&pg=PA101&dq=nazifascist&ots=QfM0cPv2Xb&sig=QvoNYk4ax-BBt0xg2DAi_K83j8Q#v=onepage&q=nazifascist&f=false

http://www.bv.fapesp.br/en/auxilios/45487/the-transition-from-stateless-persons-to-brazilian-citizens-the-biographies-of-the-jewish-refugees-f/

http://books.google.com/books?hl=en&lr=&id=Tm6uVwH03hAC&oi=fnd&pg=IA150&dq=nazi-fascist bulgaria&ots=CVqC0Ix1f8&sig=2oTnUjHslLHuuj9e9Dvxx-fyWfc#v=onepage&q=nazi-fascist&f=false

Ајде сега сиктер од темава, да не добиеш бан од неа.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
само за "б`лгарите":

Нови факти за осветлување на ликот на Методија Шаторов Шарло
Пренесени се некои од аргументите од повеќегодишните истражувања на архивската граѓа и заклучоците на елаборациите на научниците на повеќето симпозиуми за откривање и демистифицирање на фигурата на Шарло во македонското ослободително движење. Новата содржина ја отстранува повеќедецениската дамка што е фрлена врз Шарло и го препознава низ документи како позитивна личност во комунистичкиот период


Во меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп е поставено ново пано за прилепскиот комунист и член на Коминтерната, Методија Шаторов-Шарло, со кое целосно се исправа долгогодишната неправда кон неговиот лик и дело и се посочува дека бил борец за независна Македонија.

Потомокот на Шарло, Илија Димоски Шаторот, не го крие задоволството што вистината за неговиот предок излезе на виделина и се преземаат чекори за осветлување на неговиот лик и заземање на соодветното место во историјата.

- Со новите содржини се исправа неправдата креирана од некои историчари по ослободувањето дека Шарло бил колаборационист и дека го опструирал почетокот на Народноослободителното востание во 1941 година и поради тоа бил сменет од челното место на ПК на КПЈ за Македонија - истакна Димоски.

Во новата поставка се презентирани повеќе факти и фотографии од негови соборци, а текстот за паното го подготви д-р Виолета Ачкоска.

- Пренесени се некои од аргументите од повеќегодишните истражувања на архивската граѓа и заклучоците на елаборациите на научниците на повеќето симпозиуми за откривање и за демистифицирање на фигурата на Шарло во македонското ослободително движење. Новата содржина ја отстранува повеќедецениската дамка што е фрлена врз Шарло и го препознава низ документи како позитивна личност во комунистичкиот период - велат надлежните од музејот.

Д-р Ачкоска смета дека за разоткривањето на вистината за личноста на Шарло мора да се земе предвид и влијанието на силите и околностите во тоа време.

- Шарло има несреќна судбина што е злоупотребена и од КПЈ и од БКП. И едните и другите го гледале како пречка на нивните интереси - додава таа.

Она што е најзначајно е дека е истакнато оти Шарло уште тогаш се залагал за самостојна Македонија.

Автор: Ка.М
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=38588
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На 4 септември 1944 година кај областа "Милеви скали" во Бугарија под неразјаснети околности загинува Методија Шаторов-Шарло.
Слава му!

Шарло на излет (трет од лево)




Шарло (во белиот мантил) со семејството и пријатели во Прилеп 1940 год.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom