А бе да стереотипите потекнуваат од металците, но тоа е само отвореност.
На кремците не им е во интерес да кењаат за други луѓе затоа што дел од нивниот имиџ е да бидат демек фини кон сите.
Така да самото такво вештачко однесување е хипокризија само по себе.
Јас се откажав колку толку со замарање за вакви работи.
Слушам што слушам-се облекувам како што сакам, на кој не му се допаѓа тоа е негов проблем.
Во принцип се дружам со луѓе што немаат ментални блокади за никакви работи.
Мене ме интересира дали ќе се насмееме и дали ќе си поминеме убаво-а тоа што си слуша е негова работа.
Ни на металки не се палам више(освен ако не е многу јака
).
Се разбира ако пак оформам група тогаш ќе барам музичари што сакаат горе-долу иста музика како мене, до тогаш...чилин килин.