Анхоли,
Срц, се сметаш себе си за тру металец? Нели таквите не сакале да критикуваат? Едно три пати рече: Простата маса
Критикуваш, етикетираш.Ти.Металецот.
Јас за разлика од тебе ништо не негирам. Ги фативме под нозе стереотипите кои произлегуваат од самите металци, а ти не знам од кои причини посегна по обратните стереотипи. Веројатно зошто тие ти одговараат. Неоспорен е статусот мегу пошироката (пази не велам простата) народна маса на металците како сатанисти, секташи, наркомани и слично. Тоа е поради неинформираност. Впрочем тие стереотипи белким не никнале онака, им текнало па ај ќе ги викаат сите во црна облека сатанисти и наркомани. Свесен си дека рок, метал движењето е родено како нон-конформистичко и анти-релизгиозно движење. Плус, најпопуларен е анти-рисјанскиот блек, впрочем и најдостапен за пошироката јавност. Што мислиш, чив спот попрво би стасал до очите на незапознаените, Marduk или Antestor? Нормално дека првите и веднаш ќе летне муабет: Еееее безбожници, секташишта. Поради тоа во некои држави металот е забранет. Поради неинформираност. Има поконкретно една земја наведена во последното бројче на Вампирче, веројатно си прочитал.
Исто, прашај некој постар од семејството, зошто ги нарекуваат наркомани рокерите? Џенис Џоплин, Џими, Битлси, Д Дорс и таквите ко нив биле најпознати. Сите наведени се убивале во LSD, хероини, кокаини...Толку им требало на незаинтересираните за да залепат една огромна налепница на сите рокери: Наркомани. Стереотипите не се измислени, туку се непотребна генерализација...
уствари кој кур, јас сум за лечење...не те бива за дискусија Анхоли. Навредуваш и се поставуваш надмено, ако нешто ти значи тоа ептен е Метал. Честито.