Многу интересен рецепт, убеден сум дека е супер вкусно, иако никогаш ве сум пробал
Она што сум пробал и што личи на ова е пржено месо во тегла
Месото се пржи на свинска маст и кога ќе се испржи топло се реди во поголеми тегли и целото се прелива со топла свинска маст во која се пржело. Ваков начин на чување месо, покрај саламурењето беше во вообичаена употреба пред да се појават фижидерите
Но рецептот на
@Anco до сега не сум го видел. Затоа го замолувам да објаснни од каде го нашол овој рецепт? Дали неговите Родители го употребувале?
Порано,пред земјотресот и овде во Скопје имаше по еден фрижидер во маало,
па оние што чуваа или ќе купеа свинско месо,а така и ние го чувавме во дрвена каца,тоа не беше онаква како за зелка, буре широко или за вино,туку доле поширока а нагоре потесна.Така да во кацата се редеше месото во долги потенки парчиња и се виткаше како пита,и се солеше повеќе,солта го држеше месото до пролет. Се сеќавам и ќе добиеше и подруга боја. Е одозгора се посипуваше со маст,да трае подолго.
После земјотресот,почнаа мојте да одат на бања во Ќустендил,и од таму ја донесова оваа рецепта, а предходно кај нас многу доваѓаа Бугари,бидеиќи живеевме во близина на автобуска.Потоа и јас почнав да одам кај тие пријатели и таму многу научив со припремање на зимница на овој начин во тегла.Само никако не ми беше јасно на пример што прават и феферонки во тегла не со киселина,туку со шеќер.
Па вака може да направите и месо со боранија,грашок,бамња,морков и слично. Тоа ти е поточно готово јадење за брза подготовка.
Инаку на овој начин правам во тегла и мешан зеленчук за ѓувеч-манџа,секоја година.