Месечината, дали навистина слетавме?

Дали слетавме на месечината?

  • Да

    Гласови: 211 50,6%
  • Не

    Гласови: 206 49,4%

  • Вкупно гласачи
    417
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
На Митбастерс на Дискавери, сите ги знаеме, докажаа дека е моќно слетување да е фејк бидејќи го направија истото со ефекти во студиото. А дали е вистина или не, Амстронг си знае :)
Што имаш пушено додека ја гледаше емисијата ,изгледа некоја со доста јаки пестициди прскана била.
Мјут бустер докажуваа и докажаа дека слетувањето не е фејк не дека е можно да е фејк.
И да Советите кој го следеле целиот тој настан немало да излезат 69 и да кажат Американците не слетаа ЛАЖАТ
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 01:20 ---
а како вршеле директен пренос од месечината со таа технологија во тоа време?
За телеграф имаш слушнато ? Е така вршеле пренос, пуштиле еден долг антенски кабел и емитувале :pos:
Сите наредби и команди со морзеова азбука ги примале :D и се додека постојат неписмени кој што не разбираат основна физика и како тоа функционираат радио бранови а имаат интернет ќе се води ваква дискусија,туку притури му газја на мониторот зашто ќе престане да свети.
:pos:
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 01:24 ---
STEALTH
баш интересно,вечерва сум трета смена и ќе има муабети
со еден инаетчија цела вечер,кој тврди спротивното дека не биле,уствари за се што се дешава по светот биле Американците криви.А има и стварно во нешто и што се разбира.
Анчо дај ти кажи некоја хроника, кај беше тој ден ког беше слетувањето каде го гледаше остана ли со подзината уста ? Беше уплашен или среќен ?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Мислам дека првото слетување е најверојатно лажно, но, откако напреднала технологијата слетувањето се оддржало (верувам во тајност).

Туку, мене тоа што повеќе ме копка е: Зошто после толку децении од првото „слетување“ со денешнава извонредна технологија никој до големиве економски и технолошко напредни сили не се дрзне/реши за ново слетување на Месечината? :)
Првото слетување е лажно заради што немале технологија, а второто не е лажно заради што напреднале во технологијата иако тоа се случило по 4 месеци?

Факт е дека Американците потрошија огромни пари на Аполо програмата (најскап проект во историјата на човештвото) со една цел, да докажат дека се подобри од Советите. Заради паниката што ја предизвикаа Советите кај Американците со лансирањето на Спутник, потоа и на Гагарин и ред други успеси, Американците беа приморани да му докажат на светот дека комунизмот нема да владее.

Зошто се користи терминот "денешна технологија" кога над 80% од технологијата за вселенски летови, потекнува токму од тој период, периодот на вселенската трка? Русите сеуште го користат Сојуз кој е преку 4 децении стара технологија (иако значително подобрена), Американците ги пензионираа шатлите, технологија исто така стара 4 децении.

Одговор на твоето прашање, моментално се развива технологија која ќе му овозможи ефтино и трајно престојување на човекот на Месечината. Причината зошто ова се случува олку касно е заради фактот што вселенските агенции беа зафатени со друг скап проект ISS (МВС) која чини преку 150 милијарди долари. Моментално и Русија и Америка развиваат ракети и вселенски возила кои ќе им овозможат летови до Месечината, до некои астероиди и до Марс.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Што лупа експертов фотограферски бе.
Има трилион нелогичности што не можат да се објаснат со „во тоа време технологијата“.
Хаха, јако. Во тоа време технологијата беше таква, што нема шанса да се лажира слетување.
Да, Clockwork Orange со футуристичка опрема беше сниман...

A oд многуте нелогичности, од страна, што не се објаснуваат со „експертските фотографски заклучоци“...
Зошто Армстронг не се сеќава дали видел звезди или не? Пример.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Што имаш пушено додека ја гледаше емисијата ,изгледа некоја со доста јаки пестициди прскана била.
Мјут бустер докажуваа и докажаа дека слетувањето не е фејк не дека е можно да е фејк.
И да Советите кој го следеле целиот тој настан немало да излезат 69 и да кажат Американците не слетаа ЛАЖАТ
Они соработуваа како гз и гаќи тие години, ќе ги кажеле дека го фејкирале слетувањето на Месечината, дај не зафркавај. Они заедно се смееле додека чукале живели на некоја ракија или американски шампањ за глупоста која успеале да ја изведат, не ќе се тужакаат по јавни медиуми како кај нас, кој што направил или кој што не направил.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Не знам од кого беше мислава... ама стварно најголем проблем на овај свет е тоа што паметните луѓе се полни со несигурност, додека глупите пливаат во самодоверба.
Колку само многу - човекот ужива во таа пуста конспиративност..
Вистина е, слетавме!
Зошто? Ам то беше единственото нешто во тоа време што можеа американците да го направат, за да ја ублажат бруката што ја доживеаа пред цел свет.

Шкорпион, не ми се верува дека студената војна и вселенската трка за тебе изгледа како соработка помеѓу гз и гаќи.
Америка и Русија единствено "соработуваа" кога направија братска делба со нуклеарно/ракетната технологијата од чичко Хитлер и неговите научници.. И британците лапнаа нешто, ама во споредба со овие - ситнурија.

45 страни на назад се... не вреди пак да се дискутира одново.. има еден пост каде членот се чуди како е возможно толку луѓе да гласале "НЕ" на темава.. И јас се чудам, искрено..
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Шкорпион, не ми се верува дека студената војна и вселенската трка за тебе изгледа како соработка помеѓу гз и гаќи.
.
Затоа што изгледа како неверојатно лош аргумент тоа дека „ако не слетаа, немаше да преќутат Русите“.

Русите во студената војна преќутеле многу поголеми работи од “слетувањето“ на Месечината. Како на пример Agent Orange. Но, who cares, right?
 
W

Werther

Гостин
Затоа што изгледа како неверојатно лош аргумент тоа дека „ако не слетаа, немаше да преќутат Русите“.

Русите во студената војна преќутеле многу поголеми работи од “слетувањето“ на Месечината. Како на пример Agent Orange. Но, who cares, right?
И на Русите им е преќутено нешто многу големо,за време на WW2.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Шкорпион, не ми се верува дека студената војна и вселенската трка за тебе изгледа како соработка помеѓу гз и гаќи.
Америка и Русија единствено "соработуваа" кога направија братска делба со нуклеарно/ракетната технологијата од чичко Хитлер и неговите научници.. И британците лапнаа нешто, ама во споредба со овие - ситнурија.
Ти со полна сериозност мислиш дека претходно не соработувале, и дека после делбата со научниците, исто така не соработувале?

Се што се прави е глобално достапно за проверка? Се што е пред очите на јавноста е вистина? Тоа ли сакаш да ми кажеш?

Уште за време на втората светска војна кога открија огромни депозити нафта на север, соработуваат, и си ги делат меѓу себе. Едните си го однесоа својот дел близу Сибир, другиве на границата помеѓу Канада и САД да си ги чуваат. И претходно се правеле соработки, но после ова се дебел задник и широки гаќи. А ако мислиш дека тоа што се сервира јавно како параван е вистина, тогаш тоа си е твое мислење, не мораш останатите да ги правиш глупи само затоа што не го делат истиот став (јас ете, иако строго друг став имам, тебе не ти дадов погрдна придавка само затоа што поинаку гледаш на работите).
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Мене ме интересира дали Нил Армстронг го видел селотејпот на Месечината?
Пошо ако не сте знаеле, Алах ја има преполовено Месечината, па после ја има залепено.

едит Шкорпион не сум сигурна дали беше во прашање Алах или Мухамед, ама некој од нив двајца ја имаше поделено. :D
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Мене ме интересира дали Нил Армстронг го видел селотејпот на Месечината?
Пошо ако не сте знаеле, Алах ја има преполовено Месечината, па после ја има залепено.
Не сум знаел. Ова е некој бисер од Куранот или?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Мене ме интересира дали Нил Армстронг го видел селотејпот на Месечината?
Пошо ако не сте знаеле, Алах ја има преполовено Месечината, па после ја има залепено.
На единственото интервју кое го дал а е поврзано со мунлендинг, рекол: I can not recall seeing any селотејп. Истото го потврдил и Олдрин. :icon_mrgr:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
На единственото интервју кое го дал а е поврзано со мунлендинг, рекол: I can not recall seeing any селотејп. Истото го потврдил и Олдрин. :icon_mrgr:
Али Олдрин нели видел споменици, монилити или нешто слично. Сега дали беа на Месечината, или се работеше за Марс, забораив :D. Важно јавно го посрамотија и извреѓаа дека кутриот такви изјави сега дава по медиуми оти бил сенилен човекот, му се губел умот, не знаел шо збори :D.

Ме интересира за помладиве астронуати што ќе измислат, или може поригорозно ги држат за уста во врска со искуствата таму горе.

--- надополнето: 31 јануари 2013 во 15:20 ---
Да, тоа е уште едно од чудата на Мухамед (моја грешка, сепак не бил Алах, пророкот бил, ќе го едитирам постот).
Најсмешното е што, по став на логика, божество како Алах има повеќе смисла да може тоа да го изведе (и без салотејп), него ли пророк (читај човек, обичен).
 

ferdzo(hacker) :)

Македонче
Член од
19 април 2013
Мислења
115
Поени од реакции
14
Ги читав првите постој невидов дали ова го пиши.
Нели на месечината нема атомсфера и нормално нема ветер.Тогаш оти се веј знамето ете еден доказ дека е Faill


apollo11-flag.jpg
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Ги читав првите постој невидов дали ова го пиши.
Нели на месечината нема атомсфера и нормално нема ветер.Тогаш оти се веј знамето ете еден доказ дека е Faill


Прегледај го приврзокот 75955
Баш тука лежи одговорот зошто знамето се вее.Ако се поставува знаме на земјата,поради триењето на знамето од воздухот,ќе има пригушување на вибрациите и веењето на знамето ќе биде пократко.А ако се поставува во вакуум,тогаш нема да има сили на триење кои ќе ги угушуваат вибрациите,и теоретски знамето ќе се вее бесконечно,но сепак постојат и внатрешни триења на материјалот од кои е направено знамето,па после некое време ќе се угушат вибрациите.

Ова беше убаво објаснето на емисијата на Дискавери-разбивачите на митови,и се повтори во нивниот експеримент.Во соба со вакуум,знамето се вееше многу подолго него ли надвор.

А ако некоја од земјите(пошто ние можиме само да зборуваме,ништо повеќе) се сомнева во фактот на слетувањето,нека појдат со сателити на месечина и нека ги снимат траговите од вкупно 11 астронаути кои престојувале таму.Има оставено и едно теренско возило(Ровер),траги од возење со него,поставено има мали пирамиди преку кои се мери одалеченоста на Месечината од Земјата,има траги од отпад и сл.Нека ги анализираат ако се мажи и нека кажат дали е лага или не.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903

Kajgana Shop

На врв Bottom