Месечината, дали навистина слетавме?

  • Креатор на темата Креатор на темата Trancer4e
  • Време на започнување Време на започнување

Дали слетавме на месечината?

  • Да

    Гласови: 226 50,9%
  • Не

    Гласови: 218 49,1%

  • Вкупно гласачи
    444
С.Г Колинс одлучи да им објасни на овие луѓе неколку работи користејќи се со логика и факти. Попрецизно, со сето тоа со кое што повеќето самопрокламирани теоретичари на заговорите најчесто не располагаат.

"Живеевме во свет во кој не беше возможно да се лажира слетување на Месечината, но таму навистина отидовме. Денес живееме во свет во кој не одиме на Месечината, но многу лесно можеме да го лажираме слетувањето".

Изгледајте го, изгледа дека човекот "зна знање" и баш фино објаснува некои работи

Многу добро и логично објаснето.
 
STEALTH
баш интересно,вечерва сум трета смена и ќе има муабети
со еден инаетчија цела вечер,кој тврди спротивното дека не биле,уствари за се што се дешава по светот биле Американците криви.А има и стварно во нешто и што се разбира.
 
Прати го тука на темата да му кажеме кој чорап за која нога е :icon_lol:
 
а како вршеле директен пренос од месечината со таа технологија во тоа време?
 
Ама ако вешто криеле технологија која ја поседувале а е цел век пред моментално официјалната како денес, тогаш е возможно да се изсценира такво нешто... конспириси сепшн. :)
 
Anco
Чичко Анчо, човекот од видеото објаснува технички поими за се поврзано со видеото што е снимено тогаш, односно објаснува дека во тоа време не постоела технологија (или ако постоела тајно колку од таа опрема би било тешко да се однесе, монтира или спроведе во дело) за да тоа изгледа реално. Ние во денешно време сме свесни дека многу лесно се тоа може да се излажира, ама со ДЕНЕШНА опрема и техника. И ако би имало таква технологија, тогаш со која логика навигациските компјутери би биле спори, а би имале таква технологија која снима брзо?

Кажува дека со опрема од тоа време филмот кој што би со снимал во студио и кој би одел така успорено, лентата би била долга 1.6 км и дека е невозможно целата таа лента да се спои како да изгледа дека е во живо
Мислам дека првото слетување е најверојатно лажно, но, откако напреднала технологијата слетувањето се оддржало (верувам во тајност).

Туку, мене тоа што повеќе ме копка е: Зошто после толку децении од првото „слетување“ со денешнава извонредна технологија никој до големиве економски и технолошко напредни сили не се дрзне/реши за ново слетување на Месечината? :)
 
Има шест слетувања на месечината и тоа во периодот помеѓу 1969 и 1972.Сега ти види колку може да има напреднато технологијата за 3 години.
Незнам колку ги следиш актуелните случувања но по се изгледа слабо.Веќе не се инвестираат толку големи пари во истражување на вселената.Ја нема повеќе трката за вселената.Денеска се инвестира во телескопи,сателити и во ровери и тоа не е некоја голема пара па затоа и нема некој фантастичен напредок.НАСА ги повлече спејс шатлите и сега остана на приватни компании да смислат начин да се патува во вселената што е можно поефтино.
 
Пред некое време специјална емисија гледав од Mythbusters на Discovery и испитуваја во цела емисија дали е можно знамето да се вее во безвоздушен простор, дали е можно стапалките на површината на месечината да останат такви како да се на снег иако се на песок, дали човек во безвоздушен простор може да си подскокнува како што се подскокнува на видео снимката итн... И се на се дојдоја до заклучок дека ни една снимка не е лажна дека навистина се симнале на месечината.
Кој сака да ја погледне емисијата нека пише на Youtube search барот
Mythbusters Moon Landing episode и ја има цела епизода во неколку дела поделена.
 
Има шест слетувања на месечината и тоа во периодот помеѓу 1969 и 1972.Сега ти види колку може да има напреднато технологијата за 3 години.
Незнам колку ги следиш актуелните случувања но по се изгледа слабо.Веќе не се инвестираат толку големи пари во истражување на вселената.Ја нема повеќе трката за вселената.Денеска се инвестира во телескопи,сателити и во ровери и тоа не е некоја голема пара па затоа и нема некој фантастичен напредок.НАСА ги повлече спејс шатлите и сега остана на приватни компании да смислат начин да се патува во вселената што е можно поефтино.
What a bunch of BS. Никој не може да ми докаже дека од 1972 до 2013 човекот едноставно изгубил интерес да оди на Месечината. Туку, ај првиов одговор дека е тиње, тиње е, ама ај втора шанса: Што е со Русите? Зарем они немале пари, технологија, интерес помеѓу 1969 и 2013 за да слетаат на Месечината??? :свиркам:

Џабе ги следиш актуелните случувања кога на едноставни прости прашања не ми даваш логични одговори. Nice try though. ;)
 
Ова е најдоброто видео што сум го гледал за да докаже дека немало слетување на Аполо. Трае бајаги, ама вреди да се гледа.

Дел 1

Дел 2

What a bunch of BS. Никој не може да ми докаже дека од 1972 до 2013 човекот едноставно изгубил интерес да оди на Месечината. Туку, ај првиов одговор дека е тиње, тиње е, ама ај втора шанса: Што е со Русите? Зарем они немале пари, технологија, интерес помеѓу 1969 и 2013 за да слетаат на Месечината??? :свиркам:

Џабе ги следиш актуелните случувања кога на едноставни прости прашања не ми даваш логични одговори. Nice try though. ;)
1. На месечината нема ништо интересно
2. Ракетната технологија нема значителен напредок во последните 30 год.
 
Едноставно на месечината нема ништо вредно за да се оди повторно,единствена причина би било за да се докаже дека сме билe..А тоа е тешка глупост со оглед на тоа што сите докази дека не сме слетале се побиени :)
 
What a bunch of BS. Никој не може да ми докаже дека од 1972 до 2013 човекот едноставно изгубил интерес да оди на Месечината. Туку, ај првиов одговор дека е тиње, тиње е, ама ај втора шанса: Што е со Русите? Зарем они немале пари, технологија, интерес помеѓу 1969 и 2013 за да слетаат на Месечината??? :свиркам:

Џабе ги следиш актуелните случувања кога на едноставни прости прашања не ми даваш логични одговори. Nice try though. ;)
Нема поента.После првите две слетувања дури немало ни голем медиумски интерес за следните слетувања.А на месечината не е пронајдено ништо интересно па да има потреба од патување до таму.Денес патување до месечината ќе чини прескапо,ќе биде досадно и ќе нема никаква друга улога освен „мерење стапови“.
 
Абе колку замарате со овие теории на заговор, човекот од моето видео објасни СЕ во детал, а вие правете си филмови до 101 и назад
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 00:16 ---
а како вршеле директен пренос од месечината со таа технологија во тоа време?

Ај не трескај, а како пренесуваа радио врски, од сите можни работи ти се фати како пренесувале видео, ма немој
 
На Митбастерс на Дискавери, сите ги знаеме, докажаа дека е моќно слетување да е фејк бидејќи го направија истото со ефекти во студиото. А дали е вистина или не, Амстронг си знае :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom