Ми имаат кажано дека се тоа го има изрежирано Стенли Кјубрик, а како претставник на армијата бил Колин Пауел(да, на Буш соработникот) После целото снимање сите биле убиени, само Кјубрик останал жив. Затоа сега тој живее изолиран во огромен дворец во Велика Британија. Ама се ова е шпекулација, така да...
Да,постои цела заедница на интернет која го дели истото мислење,имајќи го предвид талентот на Кјубрик за снимање на генијални научно-фантастични филмови.Сомнежот го подгрева и фактот за чудната повлеченост и мистериозна изолација на Кјубрик.
Според мене,главни докази(покрај другите) за неслетувањето на човекот на месечината се:
1. Жиците кои се гледаат на повеќе снимки,а на кои се закачени астронаутите на филмската локација >>>
2. Големината на џипчето со кое се возеа астронаутите по месечината т.н."moon buggy",просто неверојатно е како успеале да го сместат во месечевиот модул.
3. Кој ги сликал видеото и сликите? На една од Аполо-мисиите на НАСА,се гледаат сите астронаути како си подигруваат со разни предмети,се шетаат итн. но се поставува прашањето кој ги снима,дали е можно да е направен таков банален превид,друго е кога еден астронаут би отсуствувал,но тука на снимките се сите.Уште кога би нашле видео-доказ на кој се мрда камерата,додека сите астронаути од модулот се во кадарот,тогаш тоа би било непобитен доказ дека сето тоа е една обична местенка на НАСА.Од НАСА се правдаат дека камерата била поставена на трипод-за камери,но тоа е недоволно убедително.
Зошто НАСА би правела вакви местенки,би се запрашале сите ние? Па,одговорот лежи пред се во тоа да се прикаже
супериорноста на амариканската технологија(психолошка војна) и со тоа дасе придобијат што повеќе пријатели низ светот(сите сакаме да се дружиме со победниците нели,никој не сака да излегува со лузери),и втората,според мене,најбитна причина е
перење на пари т.е. легално молзење на пари од американскиот буџет и даночни обврзници.Тоа ќе му дојде слично како кога нашите влади прават тендери кои се однапред наместени а парите се знае каде ќе завршат.Ако знаеме дека буџетот на НАСА за фискалната 2009 бил фамозни 17.6 милијарди долари,тогаш работите пополека стануваат јасни.Се сомневам дека сите тие милијарди се потрошени за истражување на вселената и за др. проекти.Па луѓе-ентузијасти на Discovery channel со буџет од милион долари,направија авион со човечки екипаж кој се вивна до границите на нашата хемисфера.
Вистината е тука некаде,а ќе исплива на видело во некој иден Wikileaks,се надевам искрено.Поздрав :smir: