Луѓе, документарец треба да има врска со реалноста. Овој за слетувањето на Месечината е правен од луѓе што очигледно немаат врска од физика што нормално треба да се научи во основно. И самиот висок процент на гласови со „не“ укажува на тоа дека физиката во нашите училишта е сериозно занемарена. „Документарецот“ е само уште една сензација направена од исфрустрирани типови кои инаку не ги бива за ништо друго, освен да лајат.
Знамето се вее зашто ако нешто тресеш, ќе се тресе. Ова го покажал Њутн пред 5 века. Исто така, неговите теории работат уште подобро во вакуум.
Нема ѕвезди на сликите, зошто експозицијата е доволно кратка да не може светлината од ѕвездите да го осветли филмот. Сликајте се со идиот во тотален мрак на земјата, и ќе видите дека нема ниту трага од ѕвезди.
Има уште многу идиотизми во клипчево, и верувам дека некој пишувал пред мене, и се извинувам ако се повторив, ама ми дојде така да се изпразнам овде, пошто се повеќе ме замараат со оваа и слични глупави теории кои немаат врска со мозок.
Секоја чест на Ipsissimus за документарците од Mythbusters