Од мене до сега никој не се пожалил, само знам дека дрндам во сон.
Ама има еден што живее со мене во истава куќа, се досели пред еден месец, кога го видов првпат од памет се извадив, прав врколак.
Уште првата вечер некаде околу три саат беше таман сум задремал слушам некој како да ја подотвори вратата кај мене во соба, си викам ај сонувам нешто.
Кога дечково си отвори врата си влезе кај мене во соба како кај него да си влегува, си викам овој уште не се вселил се тупна кај мене да краде.
Почна да буричка низ соба, а во соба црна темница.
Си викам овој или незнае кај се наоѓа или точно знае каде е и што бара.
Што правиш?
М?
Бараш нешто?
М?
Бараш ли нешто бе? Ти треба ли нешто од мојава соба?
М?
Абе ти треба ли нешто од кај мене во соба?
WC-то каде е?
Право низ врата од кај што влезе и одма лево, овде WC нема!
Си излезе низ врата како што си влезе па ни во WC не отиде.
Другиот ден му кажувам сто се случи, а тој врска нема дека бил кај мене во соба.
За две недели пак се тупна кај мене во соба (гол,само гаќи на него)
Пак истиот муабет го имавме, само што сега ја учука главата во врата, и пак не отиде во WC.
Другиот ден пак врска немаше што се случило.
Да сум спиел ке се измочаше врз мене. Бог да чува.
Сега сите во куќава спиеме со заклучени врати, што е сигурно сигурно си е.
:bi: