Менструација

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
каснииииит!!!! проклет ПМС!!!
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
викаш каснит а? :lol:
се онаквите од мали сите бе :lol: хахаха:))))))
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
The`bItCh напиша:
викаш каснит а? :lol:
се онаквите од мали сите бе :lol: хахаха:))))))
Шо збориш! :shock:

Види само колку е невино тоа маче :)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Изгледот понекогаш може и да лаже :wink: :lol:
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
403
Поени од реакции
2
The`bItCh напиша:
Изгледот понекогаш може и да лаже :wink: :lol:
Za to si vo pravo.....ti si ziv primer ...na izgled nevina a ustvari prefrigana....koj te znajt skapo te plakjat a kamoli toj sho ne te znajt.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Обилното крварење, болките и повраќањето се причина поради која го отворам топиков.:cry::cry::cry::cry::cry::(


Стапици на созревањето: кога и како растат малите девојчиња
Најчесто неподготвени за светот на возрасните

Сите промени се индивидуални, различни и настапуваат порано или подоцна, побрзо или побавно

Еволуцијата се движи бавно и навидум незабележливо, но внимателното следење ги дава (не)изненадувачките резултати. Денес првата менструација кај девојчињата во просек се јавува пет години порано, отколку пред еден век. Тој забрзан телесен развој, што стручњаците го нарекуваат акцелерација, очигледно е поврзан со подобрувањето на животните услови: подобра исхрана, повеќе движење, повеќе свеж воздух и сонце, попогодна облека и спорт.

Многу рано, околу седмата година на животот, се подготвува преминот од детство во девојчинство постепено. На родителите често не им е јасно дека е потребно да минат уште осум до десет години до крајот на пубертетот.

Првата менструација денес девојчињата ја добиваат, во просек, меѓу 11-тата и 13-тата година. Таа, секако, е главен знак на половото созревање, но никако не е прв и единствен. Кон крајот на четвртото одделение на основното училиште, кај девојчињата почнуваат да работат жлездите со внатрешно лачење, кои го подготвуваат телото за сексуалност и продолжување на видот. Тоа, во прво време, се одвива незабележливо, но подоцна почнуваат да растат градите и влакненца на интимните места и под пазувите.

Се менуваат и половите органи, јајцеводите и матката ги добиваат конечниот облик и големина. Конечно, поради наглото растење се менува и ставата на девојчето. Телото и лицето го губат детскиот изглед.

Сите тие промени се индивидуални, различни и настапуваат порано или подоцна, побрзо или побавно. Споредувањата на училиште, погледите на момчињата при спортување, посебно на пливање и на излети, ги прават девојчињата несигурни. Тие често се прашуваат: дали сум нормална? Сомневањата во себе уште се зголемуваат кога ќе се појави првата менструација и промените на гениталиите. Притоа, веќе и децата денес знаат како се раѓаат бебињата, за што служи пилулата и дека еднаш месечно жените имаат "свои денови". Но, новите искуства со сопственото тело ги збунуваат и загрижуваат. Белите секрети кои девојчињата сега често ги имаат е можеби знак за болест или недоволна хигиена? Одговорот е: не. Тој бел секрет е сосема нормална појава и нема никаква врска со болеста и хигиената.

Кога ќе се појави првата менструација девојчето би требало да го знае следното:

- крвавењето може некогаш да биде појако, а некогаш послабо, не мора да настапи точно навреме, ниту да трае еднакво долго, понекогаш минува со болки и непријатности, при што сето тоа с? уште не е причина за грижа.

- менструацијата не минува еднакво кај сите жени и девојки - секоја има свој сопствен ритам.

- за време на менструацијата жените можат да се занимаваат со спорт или да одат на игранки.

- веќе по првата менструација може да се забремени.

Драматични се и душевните промени, па расположенијата се менуваат од безволност, до желба за авантури, од веселост до лошо расположение. Однесувањето со пријателите и наставниците на училиште станува потешко, а дома постојано летаат искри.

Родителите, особено мајката, имаат грижи со пубертетликите. Мајката би поразговарала со ќерката за нејзините проблеми, но како и кога тоа да го направи?

Честопати тој разговор премногу долго се одложува, зашто ќерката е "вистинско дете", а подоцна тоа дете го избегнува разговорот.

Ако разумен и внимателен разговор за тие големи промени со девојчињата не е воден порано, или барем во текот на случувањето, тоа може да има последици:

- голем број девојчиња сосема се неподготвени за првата менструација.

- првиот сексуален однос повеќето девојки го доживуваат незаштитени од бременост.

- многу девојки, како и момчиња, денес сметаат дека сидата е единствена полова болест.

-поради недоволната информираност и невнимание, многу девојки се изложуваат на прекин на бременоста.

- секое второ девојче го оптоваруваат и нервираат хигиенските мерки кои мораат да преземат во текот на менструацијата иако крвавењето е сосема нормално и природно.

Најмногу забуна внесува тоа што менструацијата не е секогаш сосема редовна, туку некогаш подранува или доцни, некогаш е појака, некогаш послаба. Предзнаците на менструацијата се: напнатост во градите, болки во долниот стомак, душевните колебања - често се предвидуваат или погрешно се толкуваат, зашто с? уште недостасуваат искуства со сопственото тело.

Особено се ретки мајките што своите ќерки ги запознаваат и со средствата за заштита од бременост, а со тоа би се избегнале многу неволји во семејството.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
[FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Менстраулен циклус[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Менструалниот циклус го контролираат низа жлезди и соодветните хормони. Тој се состои од четири фази: менструација, фаза на лачење, овулација и фаза на создавање на јајцевата клетка. Проблеми кои се јавуваат често се голема минструација или менструација со болки како и предменструални тешкотии.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Менструација – аминореа[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Аминореа значи отсуство на менструација. Најчеста причина е пореметување на хормоните. Пореметување на хормоните може да настане како резултат на емоционален стрес, губење на телесната тежина, прекумерни вежби и заради некои болести на репродуктивниот систем.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Менструацијата и дисмонореа[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Дисменориа значи менструација со болки. Нормалната менструација со болки е позната како примарна дисменориа, додека секундарната дисменориа се јавува како последица на болки при менструацијата предизвикани од одредени репродуктивни болести. Лекувањето се состои од терапија со хормони, лекови за против болка и хируршки зафат.[/FONT]
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Болна менструација - болна реалност

Оваа состојба доведува до физичка и психичка исцрпеност кај девојчињата и младите девојки, особено во адолесцентниот период

Болката при менструацијaта, или дисменореа, е менструална тегоба, која се карактеризира со грчевита болка во долниот дел на стомакот - односно во пределот на матката и јајчниците. Таа доведува до физичка и психичка исцрпеност кај девојчињата и младите девојки, особено во адолесцентниот период.

Денеска е општоприфатена поделбата на дисменореата на:

- примарна дисменореа - кај која не постои органско-анатомска причина за нејзиното настанување;

- секундарна дисменореа - акј која постои одредена органска причина, како на пример: ендометриоза, миом, воспаление на јајчници, стеноза и опструкција на каналот на грлото на матката и др.;

- јатрогена - присуство на интраутерина контрацептивна направа (спирала).

Најчеста е примарната дисменореа, кај која болката се јавува по една или неколку години од првата менструација, но не е исклучена и појавата на болката од почеток односно од првата менструација... Од примарна дисменореа страдаат 25 отсто од сите девојчиња и млади девојки, од кои 5 до 10 отсто имаат неподносливи силни болки, кај кои е потребна поагресивна терапија.

Типичната клиничка слика при примарната дисменореа е грчевита болка, која се јавува во бранови, локализирана во средната линија на малата карлица и долниот дел на стомакот, а се шири во грбот, крстот и бутовите. Периодот на појава на болката е во првите часови од менструацијата, потоа достигнува одредено ниво и се одржува на него, и по неколку часа комплетно се смирува. Болката е најинтензивна пред почетокот и првиот ден на менструацијата, понекогаш и вториот ден, а е придружена со мачнина, гадење, повраќање, дијареа (чести столици), главоболка, па дури и колапс. Девојчињата се бледи со подочници, вознемирени, физички и психички исцрпени. Во ваква состојба тешко да можеме да им помогнеме со убедувањето дека е тоа физиолошка и нормална појава, која ќе помине, напротив потребно е на овие млади личности да им се помогне со смирување на болката со одредена терапија. Важно е да се нагласи дека тие се потполно здрави без какви било гинеколошки нарушувања. Гинеколошкиот и ултразвучен преглед помеѓу две менструации покажува нормален наод, а за време на менструацијата прегледот предизвикува силна болка, но и тогаш наодот е нормален без какво било нарушување.

Болката е предизвикана од вазоконстрикцијата (стегањето) на крвните садови на матката, кое пак предизвикува недостаток од кислород во мускулатурата на матката што доведува до стегање на мускулите, што се манифестира со грчевита болка. Во последните неколку години како причина се наведува улогата на простагландините - супстанции што нормално се создаваат во матката за време на менструацијата и предизвикуваат контракции. Затоа давањето лекови од типот на инхибитори на простагландин синтезата како што се аспиринот и нестероидните антиинфламаторни лекови е оправдано и во повеќето случаи успеваат да ја намалат болката.

Гинеколозите се обидуваат со повеќе видови медикаменти со цел да се намали болката, како што се: инхибиторите на простагландин синтезата - аспиринот и нестероидните антиинфламаторни лекови (индометацин, кетонал), кои го спречуваат дејството на простагландините на ниво на матката и се сметаат за најефикасен третман, ако се почне навреме и во доволно голема доза, при што треба да се води сметка за нивните негативни ефекти на дигестивниот систем; потоа аналгетици, спазмолитици, седативи, но тоа е моментна помош.

За подолготрајно решавање на проблемот, се употребуваат хормонските препарати, но при тоа мора да се води сметка за возраста, здравствената сосотојба и навиките на личноста.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Обилно крвавење асоцира на хормонално нарушување

На отстапување од нормалната менструација, дури и нејзино отсуство, побарајте совет од гинеколог

Од најстарите познати пишани документи па се до денешната модерна медицина дознаваме дека најчестите и најсмртоносни проблеми на жената биле т.н. женски болести. И праисториските документи за тогаш познатите болести и денешната строга поделба и категоризација на женските болести се сложуваат во следното: Постојат само три симптоми кои поединечно или во најразлични комбинации се резултат на сите болести во гинекологијата и акушерството. Тоа се: крвавењето (понекогаш и неговото отсуство), болката и вагиналниот исцедок (популарно "бело перење").

Впрочем, само жени со вродени аномалии на гениталните органи и болести на ЦНС и хипофизата немаат, повеќе или помалку, циклични крвавења што ги нарекуваме менструации. Сите тие се карактеристични за репродуктивниот период на жената од менархата (првата менструација) до менопаузата (последната). Нашите прабаби имале само околу 10-тина менструации во животот (рано се мажеле, забременувале секоја година, рано умирале), додека денешната жена има од 300-400 во својот животен век.

Да поставиме неколку клучни прашања: што е разликата меѓу нормална и абнормална менструација? По што се разликуваат абнормалната менструација и патолошко крвавење? Кога треба веднаш да побараме гинеколог?

Менструацијата е периодично крвавење од матката, се јавува во правилни или неправилни циклуси од 21 до 45 дена и повеќе, трае 2 до 7 дена, притоа се губи 30-60 мл крв (неколку влошки дневно) која не коагулира (нема парчиња) и има темноцрвена боја. Секое отстапување од оваа дефиниција бара посета на гинеколог. Отсуство на редовната менструација може да е првиот знак на бременоста, но може да е и резултат на хормонални нарушувања и присуство на водени цисти на јајчниците. Обилното и продолжено менструално крвавење може да е симптом на патолошка бременост или повторно резултат на хормонални нарушувања, но исто така и прв показател на сериозни болести на гениталните органи како што се бенигните и малигните тумори и премалигните состојби.

Секое отстапување од нормалната (субјективно) менструација, па дури и нејзино отсуство, треба да не поттикне да побараме совет од гинеколог. Тој на првата визита ќе направи рутински преглед, колпоскопија, ПАП-тест и ултразвук. Најчесто, тоа е доволно да се постави дијагноза и да се даде совет со или без терапија. Ако дијагнозата е несигурна или ако терапијата не даде очекувани резултати, тогаш се прават дополнителни лабораториски и клинички испитувања. Од овие последните би ги издвоил хистеросонографијата, експлоративната киретажа и хистероскопија. Хистероскопијата е модерна оптичка метода што полека ги отфрла другите две погоре спомнати. Едноставна е, може да се работи и во амбулантски услови, релативно е евтина и може да помине во оперативна хистероскопија (истовремено дијагностика и третман).

На овој начин и по овој редослед, гинекологот ќе има брза и точна дијагноза. На неговото искуство, стручност и совест ќе биде дали ќе го преземе лекувањето или ќе ја упати жената во некоја друга установа.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Земи од пазарче бела (не жолта) ајдучка трева (Achilea millefolium) и прави си чај. По една чаша навечер пред спиење еден месец. Досега не промашило, изворедно го регулира циклусот. Да ми дадеш update ако пробаш ме интересира резултатот.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Менструацијата и предменструалниот синдром се феномен при кој жените имаат крварење од вагината во текот на регуларен период од 28 дена.
Во текот на периодот пред менструацијата жените имаат серија органски и психички физиолошки промени кои предизвикуваат силни промени во нивното однесување.


Симптоми: кај некои луѓе, но не кај сите се:
- депресија
- силна болка во стомакот (грчеви)
- главоболка
- акни
- мускулни грчеви
- задржување на вода телото
- несоница
- отекување на стомакот
- нервоза
- замор
- болка во зглобовоте
- негативни промени на личноста (лесна надразливост, депресија, плачење итн)


Причини: за овие симптоми е хормоналната нерамнотежа која се случува поради преголемото ниво на естроген во споредба со нивото на прогестерон заедно со намалуваето на шеќерот во крвта (хипогликемија).
Грчеви: во текот на менструацијата телото произведува хормони наречени простагландини кои ги стимулираат мускулите на утерусот да се грчат и да го исфрлаат отпадот од менструацијата. Ова предизвикува грчеви.


Препорачан третман: Предложен треман за грчеви е:
- внес на мулти-витамини и минерали; особено калциум и магнезиум.
- Соодветна диета и секојдневно вежбање
- Следнава храна треба да биде исклучена од исхраната: сол (предизвикува задржување на водата), алкохол, кафе, цигари, црвено месо како што е свинско и говедско, и конзервирана храна.
- Пијте многу вода со Алое Вера сок пред и после менструацијата. Ова ќе помогне во намалување на воспалението и на болките.
- Избегнувајте запек
- Ставете ќесе со топла вода на стомакот. Ова ќе помогне да се намали воспалението како и да тече крвта, и на тој начин ќе се релаксираат мускулите
- Тријте го стомакот со топла крема од Алое Вера и еукалиптус. Ова го намалува воспалението и ја олеснува болката.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
4.059
Поени од реакции
2
Пред да родам како девојче , менструацијата ми беше многу болна.Баба ми стално ми велеше: "Керко радувај се додека ти доаѓа , тешко е ако еден месец не ти дојде". Сега откако родив едно дете ми е безболна и пократкотрајна.
 

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Боли пи*ка му матер, поготово у последно време по 2 саата сe виткам :icon_frow едно кетоналче и мине, ама дока да почне да делуе......
 

Samaramon

¤ ξωટ ¤
Член од
17 декември 2005
Мислења
1.081
Поени од реакции
18
Не боли бе. Ништо не е во споредба со породилни болки или шајка во пета.

Ја, како најрано созреан плод во мојот клас, прфпат ми дојде во четврто одделение, на 10 години. Па замисли ме мене, детенце, да менам ,,пелени,, додека другите учат таблица множење. Тогаш немаше ни влошки со крилца...Носев едни огромни влошки кои повеке личеа на вати памук отколку на влошки. Ама ајде, биде и тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom