... спазам и грчеви ДА ! на мускули? - ДА! ама на кои мускули? не може да се каже општо грч-спазам како што кажува името ,, Спазмекс,, ??!!??
уште во основно се учи дека постојат мускули односно се делат според клетките на ткивото на мазни,срцеви, и напречнопругасти...
И СРЦЕТО е мускул може да има грч-спазам, а не се пие антиспазмолитикот Tbl. Spazmex forte, затоа што е срцев мускул, исто МУСКУЛИТЕ НА КОСКИТЕ може да имаат грч - спазам, тие се т.н. напречно пругасти мускули и тука пак не се пие антиспазмолитик Tbl. Spazmex forte...
Значи Tbl. Spazmex forte содржи активна супстанца trospium која делува антиспазмолитчки на МАЗНИТЕ мускулни влакна ( ја намалува напнатоста на мазните мускули) што ги сочинува внатрешните органи, желудникот, жолчката, црева, уринарни патишта, мочен меур, јајници и гениталии и тука се дава таблетите Спазмекс како антиспазмолитик против грч- спазам....
Е сега, рефлексија на болката од кичма жената во ментруалниот циклус често ја има однапред, а не мора да е од јајниците иако се добива такво чувство, тогаш навистина Тбл.Спазмекс нема да делува оти не делува на НАПРЕЧНОПРУГАСТИ МУСКУЛИ и тука делува веќе аналгетик како што спомнавте погоре Тбл. Блокмакс што преставува ништо друго туку чист аналгетик лек - ибупрофен...
Чаевите што ги спомнувате сите делуваат на појачана диуреза да не би се задржувала течноста која жената во менструалниот циклус ,,потекува,, што дополнително дава болка на ткивата, задржувајќи ја водата поради лачење на вазопресин кој спречува исфрлување на водата од организмот....итн, да не одам нашироко...
Тоа што се спомнува ,,топла вода,, како облога е само и само кога имаме предходно воспалени јајници дали од кандида, дали некоја бактериска инфекција и при добивање на менструалниот циклус(често отсуствува поради тоа) се манифестира со силни болки и грчеви и топлината ја намалува болката од воспалениот јајник, но да се внимава да не се остави на страна на слепо црево оти може тоа да збувне...
И на крај , мој совет при јаки менстурални болки немојте да лежите во кревет, напротив движете се ако имате болка, движењето ќе го регулира спазамот и доколку сакате нешто да се напиете тогаш нека биде комбинација од антиспазмолитик и аналгетик т.е. пола Тбл.Спазмекс и пола Тбл.Кетонал или Аналгин како укажавте самите, со тоа ќе санирате двете страни на болката што ја имате, а не знаете од кои мускули