Менструални болки

Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Порано имав големи болки, ми се повраќање од што ме болеше и најчесто првиот ден, не можев да станам од креветот. Без апче (аналгин) немаше шанси да функционирам.

Со тек на годините, болките се намалени, не ми треба апче, само си лежам тој ден,
Кај мене е спротивно...На почеток немав ниту една болка...4-5 дена ги поминував исто ко да немав...Но со текот на времето започнаа да се појавуваат.Болки во градите,на половина,стомакот...
Но не пијам апчиња,неможам...не знам зошто..Eдноставно не можам на секоја болка да конзумирам лекови...Така што чајот многу често ми е пријател тој период.
Kaква сум пред да ми дојде Госпоџа из Америке?Настрана од мене што е можно подалеку...Често пати се случувало да имам жолта минута,да плачам да се дерам да фрлам работи низ куката...расправиите со лугето околу мене -секојдневни...
Незнам како и неможам да се контролирам тие денови.
 
A

AnFem

Гостин
Можам роман да напишам на оваа тема. Болките ми почнуваат уште во пмс. Пмс-от ми трае од десет дена до една недела, циклусот околу недела. Се’ на се’ имам нормални две недели. :) Значи започнува со благи болки во пмс кои се зголемуваат како се приближува денот... Некогаш се случува да добијам силен грч во пределот на јајниците. Пмс-от ми е пропратен со скоро сите симптоми: променливо расположение, агресија, пореметена психа, вртоглавици, мачнини, нагони за повраќање, зголемен апетит... Последниот пат страдав од инсомнија цела недела, која прекина уште првиот ден кога добив. Кога добивам, обавезно имам болки, обилни крварења, вртоглавици и нагон за повраќање. Болките некогаш се силни, некогаш подносливи, али ги има обавезно. Со таблетите сум скарана и ги пијам само кога ќе дојдам до степен хистерично да плачам или пред онесвестување. Обично гледам да лежам, пијам чај од камилица, се ставам во некоја чудна положба која во моментот ми ги смирува болките, ставам шише со топла вода... Работам на случајот да пронајдам природен лек, знам дека го има. :)
Инаку, чудна работа, предпоследниот пат, првиот ден качив температура, а вториот ден отидов на работа, се напнав и ми отече ногата...
И кога некој ќе ми каже дека менструалниот циклус е некаков изговор, ми иде да го задавам!
 
Член од
6 април 2013
Мислења
32
Поени од реакции
31
Koга имам менструални болки сум повлечена и не сум толку многу комуникативна како што сум,за ублажување на болките од менструацијата тие денови јадам здрава храна и пијам што е можно повеќе течности(без шеќер се разбира базирани на природата),или пијам чај со цимет кој е пак доста корисен при забрзувањето на варењето на храната,подуеноста на стомакот и грчевите.Ако и тие не помогне ако сум веќе 'сред смртна постела' ќе си се напијам кетоналче .:)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
ПМС некад е пекол, некогаш не го ни осеќам, зависи како ќе ме трефне. :D
Трае сигурно 4-5 дена, обично ден-два ми се јаде многу, а еден ден плачам за се и сешто.
И имам повремени болки во стомак, колку да се најави теткицата. Градите не можам да си ги пипнам, ужасно ме болат некогаш!
И да, нервоза ме мава многу повеќе од обично. :D

Кога имам циклус, обавезно првиот ден ми е очаен. Болките се подносливи, ретко пијам апче, али цело тело ме боли, едвај одам и лежам на кревет со свиткани нозе, така помалце боли. :)
После тие неколку часа очај, подобро ми е, и кога ќе поминат, поминало најлошото.
Тогаш може да се прави нормален муабет со мене. :D

И да, аналгин немојте, мене одамна ми имаат кажано дека ко демек, го зголемувало крварењето. :)
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Обично немам болки, дури и да имам се подносливи и не пијам апчиња туку ќе се стуткам во кревет и ќе помине. И скоро секогаш сум нервозна пред да добијам и не сфаќам од што ми е таа нервоза се до денот додека да добијам. Ама сега последниов пат беше страшно. Градите ме болат 3 недели, ама многу. Ден пред да добијам се испокарав со сите. Следниот ден се истуширав сабајлето и веќе по пола саат добив. Еднаш во годината ми се случува вака да добијам, обилно уште од прв ден и со многу големи болки. Капак на тоа полагав дента. Се напив апче што многу ретко пијам и не ми помогна. Пред да излезам од дома се напив и кафетин менструал и обичен кафетин заедно. Е тогаш малце ми попушти иначе смрт беше, не се трпеше. Следниот ден пак малце мучно ми беше и веќе трет ништо.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Мојот коментар на темата...Напишан на 12 април 2013.

Тогаш со болки...Сега повторно се смени...Исто ко да немам...Ниту една болка во пределот на градите,на половината во желудникот...Како ли е можно тоа?Исто и овој пат пмс-то...Ниту плачев,ниту избувнував,ниту прејадував...Ма супер бре...:pipi:
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803

Добро што ти се случило? Кажувај! Да не си роди дете?:pipi:
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Добро што ти се случило? Кажувај! Да не си роди дете?:pipi:
Не знам,и јас се прашувам што ми се случи :pos:онака магично исчезнаа :icon_lol: И верувај преубаво се чувствувам моментално...Обично како што кажав претходно

Настрана од мене што е можно подалеку...Често пати се случувало да имам жолта минута,да плачам да се дерам да фрлам работи низ куката...расправиите со лугето околу мене -секојдневни...
Сега сум смирена,уживам...ниту чај ми е потребен ниту пак апчиња...Немам објаснување за тоа,навистина немам...Благото...наместо да јадам кога имам пмс јас го запоставив...
А за бебе,рано е :icon_mrgr:

Mислам дека нема врска тоа кога ке имаш бебе ке ти исчезнат болките.:)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Не знам,и јас се прашувам што ми се случи :pos:онака магично исчезнаа :icon_lol: И верувај преубаво се чувствувам моментално...Обично како што кажав претходно

Сега сум смирена,уживам...ниту чај ми е потребен ниту пак апчиња...Немам објаснување за тоа,навистина немам...Благото...наместо да јадам кога имам пмс јас го запоставив...
А за бебе,рано е :icon_mrgr:
Ти завидувам :(, ептен си среќка! :P
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 18:09 ---
Mислам дека нема врска тоа кога ке имаш бебе ке ти исчезнат болките.:)
Гинеколог ми го кажал тоа, не знам дали е 100 посто точно.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Гинеколог ми го кажал тоа, не знам дали е 100 посто точно.
Еве ке кажам еден пример чист...Пријателка моја имаше болки додека не го роди првото бебе...А потоа штом го роди болките продолжија.Ист пример е и мајка ми. :)
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Пред да ми дојде у стање сум да се расплачам и на реклами... и чоколадо јадам без ситка.
Кога ќе ми дојде болки иам само првите два дена. Обично избегавам да пијам апче, ама кога стварно боли пијам Кафетин менструал. Негде прочитав дека требало нежно да се трие стомакот со рака и дека така топлината ги смирува болките, така да почнав да го практикувам, ама само помага ако е блага болката.
Да тоа е посебна техника ама ти треба експерт да те упати;)

Мене искрено не ми е јасно како можете да пишувате непроверени информации. На темава со 3-4 одговори има милион глупости. Како бе луѓе се станува зависен од кафетин менструал? За тие што не знаат кафитин менструал е всушност ибупрофен лизинат т.е. еден од најбезбедните нестероидни антиинфламаторни лекови и меѓу ретките кои се издава без рецепт секаде во светот. Каде и да отиде ако побарате нешто за болка ќе ви дадат ибупрофен. Друга работа, не се зголемуваат болките од месец на месец со пиење на кафетин менструал, баш напротив, гиниколозите го препорачуваат дури и како терапија во тек на цел месец (не се сеќавам како беше дали прво се пиеше по 2 таблети на ден па после по една или само по една таблета на ден) за лекување на премногуболна менструација заедно со вит.Ц. Резултатот на ваквата терапија е тоа што после неа болките речиси и да ги нема. Другарка моја пред оваа терапија завршуваше со инфузии и триста други аналгетици, сега воопшто нема потреба од никаква таблета.
И тоа е во ред треба да разберат повеќето женски дека кафетин менструал е таргет производт.е производ за однапред позната група на пазарот која има мака и оттука е развиен специјално за таа намена, него ме интересира Налгесин(Naproxene) ви помага ли??

Цццц ја знаев дека "има нешто" и си мислев дека вака на муабет си преувеличувате ама ова стварно мака ви било.

Ајде од друг агол.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Да тоа е посебна техника ама ти треба експерт да те упати;)

И тоа е во ред треба да разберат повеќето женски дека кафетин менструал е таргет производт.е производ за однапред позната група на пазарот која има мака и оттука е развиен специјално за таа намена, него ме интересира Налгесин(Naproxene) ви помага ли??
Лично не сум го користела Налгесинот, пациенти многу ми го купуваат особено Налгесин С велат дека делува брзо и помалку го надразнува желудникот.

Еден особено јак аналгетик - Вентор (Nimesulide) делува речиси моментално, НО е мноогу јак аналгетик се препорачува само во случај на многу јаки болки.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Лично не сум го користела Налгесинот, пациенти многу ми го купуваат особено Налгесин С велат дека делува брзо и помалку го надразнува желудникот.

Еден особено јак аналгетик - Вентор (Nimesulide) делува речиси моментално, НО е мноогу јак аналгетик се препорачува само во случај на многу јаки болки.
Венторот е особено штетен и не би требало да го препорачувате на луѓе. Во повеќето земји каде што се продава, останат е во продажба само за употреба кај животни.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Венторот е особено штетен и не би требало да го препорачувате на луѓе. Во повеќето земји каде што се продава, останат е во продажба само за употреба кај животни.
И за животните е особено штетен венторот :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom