Менструални болки

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Оваа тема ја отварам за да споделите начини и техники за тоа како се справувате со болките кои ги имате за време на вашиот менструален циклус. Што користите за да ги намалите, што ви помогнало, што не.
За да биде уште поинтересна темава, исто така може да споделувате какво ви е расположението пред да ви дојде тетката од Црвени Брегови!
Ја отворив како посебна тема бидејќи мислам дека заслужува да стои како таква.
СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВА!
Не сте свесни колку ќе и бидете од огромна помош на некоја жена со вашиот совет и искуство!
А да и да дополнам, БЕЗ ТРОЛАЊЕ НА ТЕМАВА, ќе ве молам!
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Таблета кафетин менструал штом осетам дека почнува да ме боли стомакот, сега за сега за мене врши работа. Но доколку не ја испијам на време после ништо не помага. Исто така термофор со топла вода во пределот на јајниците мнооогу помага.
 
Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Пред да ми дојде у стање сум да се расплачам и на реклами... и чоколадо јадам без ситка.
Кога ќе ми дојде болки иам само првите два дена. Обично избегавам да пијам апче, ама кога стварно боли пијам Кафетин менструал. Негде прочитав дека требало нежно да се трие стомакот со рака и дека така топлината ги смирува болките, така да почнав да го практикувам, ама само помага ако е блага болката.
 
T

Tamora

Гостин
Мислам дека веќе има отворено една ваква тема .
Вака сега болките не само менструалните туку и другите болести вообичаено се јавуваат како последица дека нешто не правиме како шо треба премногу кофеин нередовна физичка активност нездрава храна се си има последица .
За време на тие денови ако болките се помали можете да ставите термофор со топла вода лично кај мене имам забележано дека стомакот во зима повеќе ме боли веројатно од студ затоа пијам и парацетамол најчесто колку да се загреам чај од ајдучка трева или нане , аналгин се ова мене ми помага е сега има девојки кој секој месец одат на инфузија поради неиздржливи болку за нив ништо од горенаведеното не делува , не им помагаат ни кафетин ни кетонал кој се доста јаки .Треба сами да си видите кај е проблемот секој нека си биди сам лекар :)
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Ретко кога имам болки, но доколку се појават си ги трпам,(затоа што се подносливи) не пијам таблети.
Доколку имате посилни менструални болки пијте топли напитоци, ставајте топли облоги во долниот дел на стомакот, легнете на страна со свиткани колена, практикувајте техники за релаксација како јога или медитација. Инаку менструалните болки се намалуваат како што жената старее или после породувањето.
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Јас ставам топли шишиња вода, а 1 недела пред да ми иди пијам таблети од ноќниче за намалување на болките, ама џабе. Тешко мене е во таа 1 недела :/
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имам болки само првиот ден, но не во стомакот, туку во грбот и ме кочи десната нога :( И аналгин е лекот, еден аналгин и доста е. Не можам да се жалам, со оглед на тоа што имате пишувано вие, сочувство :(
--- надополнето: 12 април 2013 во 01:28 ---
П.С. Заебавантите се казнети со бан од тема + казнени поени.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Пред да добијам, ден, два, не ме задевајте. Тогаш се ме еже, се ме иритира, тешко на тој што ќе ми згреше нешто. И напади на глад имам, најмногу по благо (чоколадо) тогаш сакам да јадам, а не сум ич по благото.
А за нигде сум ко ќе добијам. Првиот ден ништо не можам да правам. Ме боли стомак, половина, нозе. Само сакам да си лежам, да си читам, да си гледам филмови... Ама за жал не е секогаш така. :(
Решение за ова обично наоѓам во чаеви, Витамин Ц и аналгин.
Чај од невен ми помага многу, смирува грчеви во матка. Посебно првиот ден. И ајдучка трева е добар исто.
Витаминот Ц помага да се намали крварењето. Ова ми е препорачано од гинеколог, секој ден по еден Витамин Ц додека ти трае циклусот.
Аналгинот мене општо ми помага за се и за глава и за заб и за стомак. Сега кај сите знам дека не е вака, знам девојки на кои им поминува од андол болката на пример.
Некогаш ми помага и марихуана, дим, два и стомакот не ме боле, релаксирана сум дури. Ова не го препорачувам, ама ако ептен не можете да ги издржите болките пробајте, само да не се навлечете. :)

За кафетин менструал знам, пиев и јас порано. Ама се станува зависна од нив. Јас мислам дека секој нареден месец, од кога почнав да ги пијам тие апчиња, болките ми се зголемуваа повеќе и повеќе. И престанав да ги дружам.
Исто знам дека треба да се намали конзумација на кафе тие денови. И на благо исто.
Некоја погоре напиша како старееш болките се намалуват или ако родиш дете.
Еве 15 или 16 години како имам циклус, болките не само што не намалуват, туку мислам и појаки дека стануват, од година во година.
Ај може ко ќе родам ќе намалат. I hope so...
А до тогаш ќе си викам, пискам, жалам, плачам и лелекам секој први ден од циклусот...
И ќе си конзумирам природни билки против болки...
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Мене искрено не ми е јасно како можете да пишувате непроверени информации. На темава со 3-4 одговори има милион глупости. Како бе луѓе се станува зависен од кафетин менструал? За тие што не знаат кафитин менструал е всушност ибупрофен лизинат т.е. еден од најбезбедните нестероидни антиинфламаторни лекови и меѓу ретките кои се издава без рецепт секаде во светот. Каде и да отиде ако побарате нешто за болка ќе ви дадат ибупрофен. Друга работа, не се зголемуваат болките од месец на месец со пиење на кафетин менструал, баш напротив, гиниколозите го препорачуваат дури и како терапија во тек на цел месец (не се сеќавам како беше дали прво се пиеше по 2 таблети на ден па после по една или само по една таблета на ден) за лекување на премногуболна менструација заедно со вит.Ц. Резултатот на ваквата терапија е тоа што после неа болките речиси и да ги нема. Другарка моја пред оваа терапија завршуваше со инфузии и триста други аналгетици, сега воопшто нема потреба од никаква таблета.
Друга работа, болките не настануваат како резултат дека нешто не правиме како што треба (лоша исхрана, лоши навики), како што кажа некој погоре, туку настануваат како резултат на лупење на ѕидот на матката. Исто така не мора да значи дека со текот на годините болките се намалуваат, тоа е кај секого индивидуално, кај некого дури и се зголемуваат после породувањето или со тек на годините.
Земањето на аналгин за време на менструален циклус заедно со вит.Ц е контраиндицирано, бидејќи аналгинот го пролонгира крварењето, а вит.Ц го намалува па земајќи ги заедно се поништуваат нивните ефекти.
Мислењево е пишано не со цел да навредам некого или да се правам многу паметна туку да појаснам некои работи кои очигледно се нејасни, доколку модераторите сметаат дека е офф топик слободно нека го избришат.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Девојката пие кафетин менструал, првиот ден има ужасни болки. На доктор и кажале се до првото пораѓење ќе ги има истите проблеми. Што се не проба и пак болките се појавуваат. Некој да сподели некое искуство во кое успеале да ги намалат болките? Апчињата ги пие откако ќе започнат болките, има некоја корист ако ги пие пред?
 
Јас си кажав мое искуство со кафетин менструал. Мене ме направи зависна на некој начин, за тоа што, секој нареден месец кога добивав болките ми беа се поголеми од предходниот. Ми се случуваше да не можам од кревт да станм дури. И кога прекинав да го пијам после два, три месеци, немав толку големи болки. У меѓувреме пиев чаеви, како невен и ајдучка трева, кои многу ми помагат и ден денес. Имам исто така разговарано со гинеколог за кафетин менструалот, која има 30 годишно искуство позади неа, и она ми кажа дека можно е да се навлечиш на нив, до толку многу, да не можеш да го поминиш циклусот без нив. Кажа и дека гинеколозите кои го препорачуваат обично имаат договори со алкалоид или било кои други фармацевски компании кои произведуваат вакви лекарства, да ги нудат нивните производи на пациентите, значи се е бизнис кога ќе видиш. Јас не сакам да бидам експериментално глувче на фармацевските компании, за тоа ќе си продолжам со пиење на чаеви...
--- надополнето: 12 април 2013 во 11:10 ---

Нека проба со чај од невен и ајдучка трева. Ги има во билна аптека во Скопје, и на нив има упатство како се приготвуват...
 
Јас сум не кажувам мое мислење, јас ти кажувам факти. Јас сум фармацевт и воопшто немам никаков интерес ако ги промовирам производите од алкалоид или да вршам некаква кампања, ниту работам ниту имам некаква корист од Алкалоид. Знам дека голем удел има маркетингот нажалост но тоа не значи дека треба да се пласираат невистинити информации.
Кафетинот во никој случај не предизвикува завсност (ниту психичка ниту физичка), кај тебе е можно да се појавува некој несакан ефект од истиот па поради тоа да ти се зголемувале болките од мерсец на месец. Тоа што болките ти се намалиле може да е само делотворното дејство на чаевите кои ги пиеш бидејќи е докажано дека истите делуваат благотворно. (ајдучка трева, кантарион, нане, пелин) А за воља на вистината кафети менструалот е најбезбеден за употреба (после парацетамлот) од сите други аналгетици кои ги користат девојките за време на циклусот (тука мислам на кетонал, вентор, аналгин...).
Нормално дека е супер ако можеш да ги избегнуваш таблетите и да поминеш само со чаеви, но во најголем број случаеви тоа не е така.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Порано имав големи болки, ми се повраќање од што ме болеше и најчесто првиот ден, не можев да станам од креветот. Без апче (аналгин) немаше шанси да функционирам.

Со тек на годините, болките се намалени, не ми треба апче, само си лежам тој ден, ама ПМС-от ме растура.
Тажна сум, нерасположена, лута без причина. Мене ми помага физичката активност: долго пешачење или возење точак (y)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас сум не кажувам мое мислење, јас ти кажувам факти. Јас сум фармацевт и воопшто немам никаков интерес ако ги промовирам производите од алкалоид или да вршам некаква кампања, ниту работам ниту имам некаква корист од Алкалоид. Знам дека голем удел има маркетингот нажалост но тоа не значи дека треба да се пласираат невистинити информации.
Кафетинот во никој случај не предизвикува завсност (ниту психичка ниту физичка), кај тебе е можно да се појавува некој несакан ефект од истиот па поради тоа да ти се зголемувале болките од мерсец на месец. Тоа што болките ти се намалиле може да е само делотворното дејство на чаевите кои ги пиеш бидејќи е докажано дека истите делуваат благотворно. (ајдучка трева, кантарион, нане, пелин) А за воља на вистината кафети менструалот е најбезбеден за употреба (после парацетамлот) од сите други аналгетици кои ги користат девојките за време на циклусот (тука мислам на кетонал, вентор, аналгин...).
Нормално дека е супер ако можеш да ги избегнуваш таблетите и да поминеш само со чаеви, но во најголем број случаеви тоа не е така.
Океј фала ти на стручното мислење, за тоа и ја отворив темата, да научиме нешто плус од луѓе како тебе.
Јас не сум фармацевт, туку тежок лаик кога станува збор за лекарства, ама можам да си кажам мене како ми било и што ми се десило од употребата на истите. У принцип апчиња многу ретко користам, освен ептен ако сум болна, па не може да помине со чајче. Така правам и за менструалните болки. И да ти кажам право од кога го открив посебно чајот од невен, ептен сум задоволна...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom