МекКејн: Путин треба да биде нервозен заради смртта на Гадафи

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Не можеш да го поткрепиш твојот став со факти, тоа е проблемот, затоа и вака кратки одговори даваш.

Историјата на Виетнам е многу покомплексна одколку што очигледно знаеш. Виетнам (Индокина) беа во војна многу децении пред Американците да се одлучат да употребат нервни гасови, напалм и отрови врз земјоделието и другите индустриски гранки...
Не кратки одговори давам пошто се спремам да излагам и стварно неам време. Не ја познавам доволно добро историјата на Виетнамската војна, од прилика знам дека САД го подели на северен и јужен, (ете после 2 години се десило друго), знам и зошто им беше тешко да војуваат таму и тоа е тоа.

Не дека неам факти, ме мрзи сеа да гуглам и да пишувам есејски постови, не сум таков тип и не ми се пишува толку :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.078

Единствениот факт е дека Русија е светска сила, сакал или не. Објаснав погоре зошто.

Додека Виетнам... хех, Виетнам беше комунистички и народот воопшто не сакаше демократија, за демократија беа само поданиците на САД во Виетнам... кои нормално САД ги поддржуваше заради своите интереси. Интересно беше со Французите претходно...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.481
Не треси глупости, Хитлер не можеше да ја добие Британија најмногу поради супериорноста на англиските борбени ловци, Хитлер го бомбардираше Лондон, ама претрпуваше огромни загуби, пола од бомбардерите воопшто не се враќаа назад поради брзите и супериорни англиски ловци.
Точно, но јас мислам дека поважен фактор за германскиот пораз во битката за Британија е будалата наречена Херман Геринг.

Тој првокласен кретен наредувал да не се посветува многу внимание на британските радарски кули, туку повеќе внимание да се посвети на бомбардирањето на британските градови.

А гледав неодамна документарен филм за германската авијација за време на Втората Светска Војна и еден авијациски инжинер од тоа време, кажа дека првиот прототип на млазен авион го произвеле германците, што е точно, но будалата Геринг воопшто не дозволил прототипот да полета, бидејќи за него тоа било "ѓубре од цевки".

Е денес воените авијации на цел свет го користат тоа "ѓубре од цевки" како главно оружје за војување, со исклучок на македонската воена авијација, која користи хеликоптери како главно оружје за војување, а двата Сухои дали ги продадоа или сеуште собираат прашина во хангарите, не знам.

Но највиновен за германскиот пораз во битката за Британија е Хитлер, бидејќи со сиот памет, иако уште тогаш станало јасно дека Геринг дефинитивно не е соодветна личност за да командува со германската воена авијација, сепак, за да не се посрамел пред германскиот народ, не го сменил Геринг, што е тотално глупаво и апсурдно оправдание.

Уште една катастрофална тактичка грешка на Хитлер е германската морнарица.

Хитлер најмалку инвестирал во германската морнарица и покрај бројните молби од адмиралот Карл Дениц за зголемување на бројот на подморници, Хитлер одлучил дека германскиот челик е повеќе потребен за производство на тенкови и авиони, отколку за подморници.

Всушност, првите 2 подморници кои биле побрзи под вода отколку над вода, биле произведени исто така од страна на германците, но за жал биле завршени дури на почетокот на 1945 кога веќе било предоцна.

Дури во 1943, Хитлер обрнал внимание на германската морнарица, но тогаш било веќе доцна, војната во источна Европа дефинитивно била изгубена за Германија после битката кај Курск, а со сојузничката инвазија на Сицилија и јужна Италија, Германија ја изгубила војната и во Медитеранот, по што воспоставување на поморска блокада во водите на Атлантскиот Океан станало буквално невозможно.

Само Бог знае каков ќе бил исходот на Втората Светска Војна доколку Хитлер не ги направил тие 2 катастрофални тактички грешки:

1. Именувањето на Херман Геринг на позицијата врховен командант на германската воена авијација;

и

2. Слабиот интерес за производство на подморници за воспоставување на поморска блокада во водите на Атлантскиот Океан.

Само Бог знае каков ќе бил исходот на Втората Светска Војна доколку некој друг, покомпетентен и попаметен командант од Геринг би бил на чело на германската воена авијација и доколку Хитлер би инвестирал повеќе во градење на подморници, наместо на мегаломански бродови како Бизмарк кој брзо бил потопен од страна на британската Кралска Авијација и огромните топови Густав и Дора, кои биле со огромен калибар од дури 80 сантиметри, но сепак нивниот транспорт бил тежок и бавен, а поправањето на дефектите траело со денови.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Еден од најдобрите тенкови на сите времиња е Рускиот T-34.
Најпродаваната пушка на сите времиња знаеме од каде потекнува.
Овде морам да те поправам. Најдобрите тенкови на сите времиња биле германскиот ТИГАР и ПАНТЕР( гледав документарец за најголемата тенковска битка еден ТИГАР десетици пати бил погоден со тенковски гранати и успеал да се врати во базата и покрај големите оштетувања, а на екипажот внатре не му фалело ни влакно) така да грешка си.

А за АК47 постојат контроверзии дека е копија на германската STGMP44 дури и системот на работа( позајмување на барутните гасови) е ист со ак47.

За другото немам коментар.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.078
Мислам дека муабети од типот 'шта би било кад би било' не водат никаде. Којзнае дали би успеалe без Американската помош или не...

Јас знам само дека во времето кога Американците праќаа залихи во Русија, резервите од истокот уште не беа активирани зошто на Сталин му беше малку страв од Јапонска инвазија, и без тие залихи производството би било практично невозможно.

А кое е тоа решение против герилците, баш ме интересира. :D
Читај
http://en.wikipedia.org/wiki/Guerrilla_warfare#Counter-guerrilla_warfare

Една од најдобрите стратегии е оневозможување плодна земја за развој на герилата. Многу познато во Ј. Америка, каде герилата не успеала.

За погоре се сложувам, муабети од типот што би било кад би било не водат никаде.
Факт е - Русија имаше помош во ВС2.
--- надополнето: Oct 22, 2011 9:17 PM ---
Овде морам да те поправам. Најдобрите тенкови на сите времиња биле германскиот ТИГАР и ПАНТЕР( гледав документарец за најголемата тенковска битка еден ТИГАР десетици пати бил погоден со тенковски гранати и успеал да се врати во базата и покрај големите оштетувања, а на екипажот внатре не му фалело ни влакно) така да грешка си.

А за АК47 постојат контроверзии дека е копија на германската STGMP44 дури и системот на работа( позајмување на барутните гасови) е ист со ак47.

За другото немам коментар.
Да расчистиме, Т-34 немал шанса со Тигарот, барем не по карактеристиките.
Но бил најефективниот тенк во ВС2.
Имал одличен сооднос, брзина, нишанење и пукање и заради овие негови карактеристики се користи и ден денес.

А Стг-44 е доста различна од АК-47, иако изгледаат скоро исти.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Не треси глупости, Хитлер не можеше да ја добие Британија најмногу поради супериорноста на англиските борбени ловци, Хитлер го бомбардираше Лондон, ама претрпуваше огромни загуби, пола од бомбардерите воопшто не се враќаа назад поради брзите и супериорни англиски ловци.
хаха ваква формулација ни воен ветеран од британија не може да склопи.
не за џабе англичаниве сами си тераат мајтап дека најдобро одбранбено стретство им било маглата. во магла биле многу јаки

хитлер ги тероризирал 6 месеци секој ден над лондон со бомби, англичаниве поради сплет на околности се одбраниле, англичаниве од еднаш супериорни.
да биле они супериорни немаше да им летаат германски аиони над глава. да беа супериорни англиски бомбардери ќе летаа над берлин.
гулаб не можело да долета на берлин, а не па нешто друго.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.078
Најголемата грешка на Луфтвафе е бомбардирањето на цивилни цели, а не воени.
Всушност, од почетокот на бомбардирањето на Британија, Германците бомбардирале воени цели, но откако Британската авијација го бомбардирала Берлин негде во 1940, Германците донесле одлука за бомбардирање на градови, т.е. цивилни цели.
Изгледа Британците се спасиле себеси со таа акција за бомбардирање врз Берлин која имала голем психолошки ефект врз Германските лидери.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Сите дискутираат со факти како и што било над небото во Британија, Gerard фати со селски муабет. Покрај муабетот кој го спомнаа Хјуман и Декстер, факт е дека Британија имала многу подобри, побрзи и поефикасни ловци кои ите како помогнале во битките во воздух. Ако ти е тешко да читаш историја, ќе начекаш некој документарец за битките на Хитлер против Англија па ќе научиш.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.923
колку сте забегани со темата околу 2-та светска војна,а бе темата е глупиот МекКејн шо вели Путин треба да биде нервозен за смртта на Гадафи, ако ме прашуваш мене Путин го боли левото маде за Гадафи;)

и зошто така вели МекКејн????
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.481
Всушност, од почетокот на бомбардирањето на Британија, Германците бомбардирале воени цели, но откако Британската авијација го бомбардирала Берлин негде во 1940, Германците донесле одлука за бомбардирање на градови, т.е. цивилни цели.
Хаха, точно, во 1940 година министерот за надворешни работи на СССР, Вјачеслав Молотов, дошол во посета на Берлин, британците дознале за ова, поради што одлучиле да му приредат посебно добредојде во Берлин со бомбардирањето.

Министерот за надворешни работи на Нацистичка Германија, Јоаким фон Рибентроп, се надевал дека ќе успее да го вовлече Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна на страната на Германија, па затоа го поканил Молотов на директни преговори во Берлин.

На прашањето на фон Рибентроп дали СССР се согласува да ја продлабочи воената соработка со Нацистичка Германија, Молотов му одговорил:

" Кога ти дојде кај нас во Москва во 1939 година, те пречекавме како ценет гостин и пријател во Кремљ, а сега кога јас дојдов кај вас, ме пречекувате во подземно засолниште, додека надвор главниот град ви го бомбардираат. "

" Како очекувате да ви помогнеме во војната против Британија, кога не можете ни сопствениот главен град да си го заштитите од непријателот ? "

Значи сепак директно или индиректно Русија имала некакво влијание врз одлуките на Хитлер, бидејќи ако Молотов не дојдел во посета на Берлин, можеби бомбардирањата на Берлин во 1940 воопшто не би се случеле, а германската воена авијација би се фокусирала на уништување на воени цели во Британија наместо цивилни цели.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Сите дискутираат со факти како и што било над небото во Британија, Gerard фати со селски муабет. Покрај муабетот кој го спомнаа Хјуман и Декстер, факт е дека Британија имала многу подобри, побрзи и поефикасни ловци кои ите како помогнале во битките во воздух. Ако ти е тешко да читаш историја, ќе начекаш некој документарец за битките на Хитлер против Англија па ќе научиш.
а ти што мислиш дека мене ми се сонило?

ок се извинувам што сум надвор од темата.
РАФ биле инфериорни од повеке аспекти.
лоша одлука на хитлер е една од главните причини за изгубената битка по сите аназли. со одлуката да се премине на цивилни цели, наместо пристаништа, фабрики, бази и советскиот сојуз како приоритет. што им дало голема предност на РАФ да се оправат после големите загуби.
радарскиот систем распореден секаде на брегот како уште една од клучните причини.
предноста од домашен терен. да не наведувам што тоа значело. повеќе аспекти.
и многу други фактори кои кои се надовр од така наречена супериорност на РАФ.

никаква супериорност не е во прашање. британија било прашање на одлука дали ќе падне или не. карактеристиките на германската и англиската авиација изиграле минорна улога во битката.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.078
Сите дискутираат со факти како и што било над небото во Британија, Gerard фати со селски муабет. Покрај муабетот кој го спомнаа Хјуман и Декстер, факт е дека Британија имала многу подобри, побрзи и поефикасни ловци кои ите како помогнале во битките во воздух. Ако ти е тешко да читаш историја, ќе начекаш некој документарец за битките на Хитлер против Англија па ќе научиш.
Добро, ај кажи ми нешто за тие ловците, оти јас не сум запознаен со тоа.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.078
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_aircraft_of_the_United_Kingdom_in_World_War_II

За повеќе детали се наплаќа. Времето што ќе го потрошам во држење лекции за кралското воено воздухопловство чини пари.
Ај жити се, ќе ти платам колку треба, ако ми докажиш дека Британските ловци биле подобри, побрзи и поефикасни.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ај жити се, ќе ти платам колку треба, ако ми докажиш дека Британските ловци биле подобри, побрзи и поефикасни.
Еј види сега, имам читано и гледав неколку документарци за тоа како британските ловци биле многу пофлексибилни во воздух за разлика од германските, како успевале многу полесно да ги соборат германските бомбардери/ловци.
Не сум експерт за авиони и такви ствари, пренесувам само тоа што сум го видел/прочитал. Ако ти си поголем експерт од тие од History Channel, National Geographic ќе ми биде многу мило да излезеш во јавност и да им ги побиеш фактите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom