Не треси глупости, Хитлер не можеше да ја добие Британија најмногу поради супериорноста на англиските борбени ловци, Хитлер го бомбардираше Лондон, ама претрпуваше огромни загуби, пола од бомбардерите воопшто не се враќаа назад поради брзите и супериорни англиски ловци.
Точно, но јас мислам дека поважен фактор за германскиот пораз во битката за Британија е будалата наречена Херман Геринг.
Тој првокласен кретен наредувал да не се посветува многу внимание на британските радарски кули, туку повеќе внимание да се посвети на бомбардирањето на британските градови.
А гледав неодамна документарен филм за германската авијација за време на Втората Светска Војна и еден авијациски инжинер од тоа време, кажа дека првиот прототип на млазен авион го произвеле германците, што е точно, но будалата Геринг воопшто не дозволил прототипот да полета, бидејќи за него тоа било "ѓубре од цевки".
Е денес воените авијации на цел свет го користат тоа "ѓубре од цевки" како главно оружје за војување, со исклучок на македонската воена авијација, која користи хеликоптери како главно оружје за војување, а двата Сухои дали ги продадоа или сеуште собираат прашина во хангарите, не знам.
Но највиновен за германскиот пораз во битката за Британија е Хитлер, бидејќи со сиот памет, иако уште тогаш станало јасно дека Геринг дефинитивно не е соодветна личност за да командува со германската воена авијација, сепак, за да не се посрамел пред германскиот народ, не го сменил Геринг, што е тотално глупаво и апсурдно оправдание.
Уште една катастрофална тактичка грешка на Хитлер е германската морнарица.
Хитлер најмалку инвестирал во германската морнарица и покрај бројните молби од адмиралот Карл Дениц за зголемување на бројот на подморници, Хитлер одлучил дека германскиот челик е повеќе потребен за производство на тенкови и авиони, отколку за подморници.
Всушност, првите 2 подморници кои биле побрзи под вода отколку над вода, биле произведени исто така од страна на германците, но за жал биле завршени дури на почетокот на 1945 кога веќе било предоцна.
Дури во 1943, Хитлер обрнал внимание на германската морнарица, но тогаш било веќе доцна, војната во источна Европа дефинитивно била изгубена за Германија после битката кај Курск, а со сојузничката инвазија на Сицилија и јужна Италија, Германија ја изгубила војната и во Медитеранот, по што воспоставување на поморска блокада во водите на Атлантскиот Океан станало буквално невозможно.
Само Бог знае каков ќе бил исходот на Втората Светска Војна доколку Хитлер не ги направил тие 2 катастрофални тактички грешки:
1. Именувањето на Херман Геринг на позицијата врховен командант на германската воена авијација;
и
2. Слабиот интерес за производство на подморници за воспоставување на поморска блокада во водите на Атлантскиот Океан.
Само Бог знае каков ќе бил исходот на Втората Светска Војна доколку некој друг, покомпетентен и попаметен командант од Геринг би бил на чело на германската воена авијација и доколку Хитлер би инвестирал повеќе во градење на подморници, наместо на мегаломански бродови како Бизмарк кој брзо бил потопен од страна на британската Кралска Авијација и огромните топови Густав и Дора, кои биле со огромен калибар од дури 80 сантиметри, но сепак нивниот транспорт бил тежок и бавен, а поправањето на дефектите траело со денови.