Мед

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Добро и јас незнав ама еве со гуглање. Најдов инаку на истата страна го има и начинот со вода кој е опишан погоре.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.639
Поени од реакции
5.929
Добар мед само од познат човек.
Квалитетно направен фалсификат на течен мед, освен со хемиска анализа, тешко се познава.

Кристализиран мед полесно се препознава фалсификат ( и, ДА, кристализира и фалсификат мед, иако повеќето не го знаат тоа)

Инаку, квалитетот на македонскиот мед што вообичаено се наоѓа во продажба , без разлика колку и да се “прскаме“ дека имаме нај, нај....не е најсјаен
Колку што јас знам, последно направено независно истражување кај нас, покажа катастрофални резултати.
Истражувањето е правено од професори и стручни соработници по пчеларство за нивни лични потреби ( издавање стручни пибликации) при што е испитуван мед од сите региони во МК.
Она што упаѓа во очи:
Скоро сите мостри покажуваат висок процент на сахароза, што укажува на претерано хранење на пчелите со шеќер ( или на фалсификат )
Скоро сите мостри имаат низок процент на киселини, под законскиот минимум, што повторно укажува на истиот проблем,
Буквално сите мостри не задоволуваат законски максимум во однос на хидроксиметилфурмурол, што укажува или на несоодветен третман на мед, или на фалсификат.

Затоа, ако веќе давате пари за мед, платето го поскапо, ама од познат пчелар.
Инаку, шербет, можете и сами да си направите. И тоа, евтино.....
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.602
Поени од реакции
22.772
Прво мене она што ме интересира е што подразбирате под фалсификат од мед. Како си го пецепцирате тоа. Ке земи некој во некое буре и ќе измеша разно разни смеси, ке додади малце вистински мед колку за вкус и мирис , ке го претури во тегли и толку. Завршена работа?
Така да стварно ме интересира што подразбирате под чист мед а што под фалсификат?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.639
Поени од реакции
5.929
Ако под МЕД дефинираме производ добиен од пчелите и од цветовите на растенијата, се друго би било фалсификат
Не е баш буре и разно разни смеси , туку тенџере и шпорет :). Се раствора шеќер со вода, се загрева, се додава уште нешто ситно ( да не кажуваме до крај, или ? ) , можеш малку вистински мед за вкус, а и не мораш, можеш и кесички филтер чај, исто за вкус. Понатаму ти е точно, се претура во тегли и завршена работа.
Или готов гликозен сируп наместо шекер , ја поедноставува постапката....

Ова, мање-више, го знае секој пчелар и истота смеса ( во потечна состојба ) го употребува за прихранување на пчелите.
Е сега, премногу хранење на пчелите со ова, ќе доприносе да пчелите вишокот храна ја складираат во сачето ( исто како медот, кој всушност е исто резерва храна ).
На ваков начин, исто че добиеш “мед“.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Се за медот - кој мед е вистинскиот?

Медот е здрава природна храна во која нема потреба од додавање конзерванс пред да се спакува во тегла. Со добар капак, вистинскиот мед може да опстои во теглата и до неколку илјади години. Тоа е нерасиплив продукт, кој истовремено претставува и храна и лек.




Медот е најпопуларниот пчелин производ, кој со векови е ценет и користен, а за чии благотворни својства многу е пишувано. Некогаш одамна, кога модерната медицина не била на ова ниво од развојот, народните лекари во лекувањето користеле различни мешавини чија база бил токму медот.


Дури и современата медицина го цени медот како скапоцена храна за човекот, од неговото раѓање па се до длабоката старост, и во здравје и во болест. Во неговиот состав влегуваат речиси сите елементи кои се неопходни за нормален раст и развој на децата.


За жал, денес на нашиот пазар постои мед кој може да ви донесе повеќе штета отколку корист. Покрај тоа што голем број производители користат антибиотици во текот на производството, потврдено е и дека продаваат лажен мед кој може да предизвика алергија, особено кај децата.


Каков вкус има лажниот мед?

Има сличен вкус како и вистинскиот мед, а всушност станува збор за шеќерен сируп со вкус на билки од кои пчелите го собираат нектарот. Овој сируп е направен вештачки од страна на човекот а не од пчелите, и тој не кристализира. При производството најчесто се користи пченкарен сируп и меласа (нуспроизвод при процесот на производство на шеќерот). При процесот, овој сируп се загрева, при што се создава хидроксиметилфурфурал (HMF), супстанција која во поголеми количини може да биде токсична. Нејзиното присуство се открива единствено со лабораториска анализа.


Вештачки мед може да се направи и од вистинскиот со додавање на шеќер и одредени киселини, а тој метод може да се изведе и во домашни услови.


Треба ли медот да кристализира или не?


Доколку продавачот ви тврди дека вистинскиот мед не кристализира, немојте да му верувате. Тоа е еден од најсигурните начини за препознавање на вистинскиот мед. Кристализацијата е природна појава, која има различна должина на траење, во зависност од видот на медот. Според тоа, немојте да „бегате“ од кристализираниот мед, зошто на тој начин ризикувате да внесете во организмот некаква хемија.


Што е медиковец?


На пазирите, покрај лажниот мед, се нуди и таканаречен шумски мед, кој всушност е медиковец, т.е. мед кој пчелите го собрале од секретите на растителните вошки од листовите на дрвјата. Значи, медиковецот се користи во човековата исхрана, и поседува некои лековити својства, сепак различни од вистинскиот мед, па затоа е важно да се знае, дека тоа не е цветен (нектарски) мед.


КАКО ДА СЕ РАЗЛИКУВА ВИСТИНСКИОТ МЕД ОД ЛАЖНИОТ?
Поради нашето здравје, а особено поради здравјето на нашите деца, многу е важно да знаеме како да го разликуваме вистинскиот мед од лажниот. Иако „фалсификаторите“ на медот имаат добра пракса во својот занает и знаат многу лесно да измамат, постојат неколку начини кои можат да ви бидат од помош за да ги разоткриете:


1.Ако медот не кристализира по неколку месеци (освен багремовиот мед, чија кристализација трае подолго), бидете сигурни дека станува збор за лажен мед.


2.Лажниот мед е потечен од вистинскиот- боцнете една чепкалка во медот и подигнете ја. Медот е природен и квалитетен ако од чепкалката тече непрекината низа.


3.Ако продавачот ви вели дека кристализира само оној мед во кој е додаден шеќер, побарајте друг продавач кој ќе ви го тврди спротивното.


4.Ставете една лажица мед и три лажици чист алкохол во чаша. Загрејте ја чашата во врела вода и промешајте. Вистинскиот мед ќе се раствори, а лажниот ќе остави бела трага на дното од чашата.


5.Ако медот е вистински, на амбалажата ќе пишува дека тежината на празна тегла (ова важи за стаклена тегла од 720мл) е 365 грама. Кога ќе се наполни со мед до врв, таа тежи најмалку 1360 грама. Ако обрнете внимание, ќе видете дека на повеќето тегли во продавниците пишува дека наполнетата тегла има 950 грама- и тоа е всушност, лажен мед.


6.Цената на производот е уште една трага која може да ве упати кон вистинскиот мед. Треба да се пресметаат сите трошоци, и да се земе во предвид каква била годината (плодна, сушна) цената на медот не може да биде пониска од реалните трошоци.

http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=6865&l=63&page=3
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.602
Поени од реакции
22.772
Ако под МЕД дефинираме производ добиен од пчелите и од цветовите на растенијата, се друго би било фалсификат
Не е баш буре и разно разни смеси , туку тенџере и шпорет :). Се раствора шеќер со вода, се загрева, се додава уште нешто ситно ( да не кажуваме до крај, или ? ) , можеш малку вистински мед за вкус, а и не мораш, можеш и кесички филтер чај, исто за вкус. Понатаму ти е точно, се претура во тегли и завршена работа.
Или готов гликозен сируп наместо шекер , ја поедноставува постапката....

Ова, мање-више, го знае секој пчелар и истота смеса ( во потечна состојба ) го употребува за прихранување на пчелите.
Е сега, премногу хранење на пчелите со ова, ќе доприносе да пчелите вишокот храна ја складираат во сачето ( исто како медот, кој всушност е исто резерва храна ).
На ваков начин, исто че добиеш “мед“.
Колку да нема забуни јас сум хоби пчелар( сега засега) така да поприлично сум запознает во тие работи. Но друго беше прашањето пошто овие дена се изначитав статии како да се препознае фалсификуван мед. Затоа и прашав што некои мислат под тоа. Дали на смеса создадена по вештачки пат во тенџере и на шпрет или што. Дали сметаат дека со тие постапки ке можат да откријат фалсификуван мед кој е добиен од пчелите но е на база на прихрана од шекер. Значи за време на паша или во лоша година ако природата не меди доволно пчеларот им обезбеди вештачки нектар( шербет) и пчелите тој шербет нормално го преработат во мед, дали сметаат дека тој мед како прво можат да го разликуваат од вистинскиот мед добиен од нектар, дали тие техники на тестирање ке им успеат во намерата да откријат за каков мед се работи? Па дури и со хемиска анализа , демек сите можиме да си дозволиме за две тегли мед да правиме хемиски анализи.
 
Член од
21 август 2012
Мислења
23
Поени од реакции
2
Здраво, можеби прашањево не ми е за тука но сакав да прашам каде можам да најдам матичен млеч и прополис за да ги ставам во мед, бидејки прочитав дека сето тоа било многу корисно. Фала :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.229
Поени од реакции
15.289
во специјализирани продавници за мед,но пази поголемиот дел се преваранти.продаваат гликоза наместо мед
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Трикови со кои ќе откриете дали медот е природен или вештачки


Напишано од Јелена Четврток, 06 Ноември 2014 13:49


Природниот мед не е леплив
– малку мед протријте помеѓу прстите - кожата би требало да го „впие“ вистинскиот мед. Доколку смесата стане леплива, значи дека таквиот мед содржи шеќер или вештачки засладувачи.

Неколку лажици ставете во сад и потоа загрејте на висока температура. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенлив преполн со меури.

Боцкање во устата и чувство на воспален јазик предизвикува чист природен мед, додека лажниот нема таков ефект на непцето.

Медот намачкајте го на парче леб. Под чистиот мед лебот ќе стане тврд, додека лажниот ќе ја навлажи површината, поради количината вода во самиот состав.

http://www.radiofortuna.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9207:med&catid=121:zdravjeiishrana&Itemid=648
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.229
Поени од реакции
15.289
не е проблем дас се распознае лажен од вистински мед.проблем е да се распознае колку има лажен мед ставено во вистинскиот-некои одат со 80-20%,а некои и до 10-90%.најчесто се околу 50-50%.и волкот сит и овците на број
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Зошто медот да се јаде само со дрвена лажица?
Инаку јадам мед често,а најубав ми е кога е измешан со таан. :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.508
не е проблем дас се распознае лажен од вистински мед.проблем е да се распознае колку има лажен мед ставено во вистинскиот-некои одат со 80-20%,а некои и до 10-90%.најчесто се околу 50-50%.и волкот сит и овците на број
Одлична комбинација доаѓа црниот мед во комбинација со гликоза, таа ти е 60тина денари, ги мешаш добиваш црвенкаст и вози (црниот ти е погуст и со повеќе минерали, таман да му го разредиш :D). Поголемиот дел од тие што ти продаваат на пазар и медот во супермаркетите ти е комбо, чист мед само ако ти е близок некој па да ти продаде. Искрено се каам зошто сум му продавал чист мед за 220 денари тегла на народов, се полоши и полоши се годините за пчеларството во последно време, мед слабо, а трошоците се поголеми и поголеми. Скапа опрема, многу болести, субвенциите од државата ниту горивото не го покриваат, што доведува до фактот дека се поретко и поретко ќе јаде народот чист мед.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom