realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Имајќи во предвид дека во анкетата не може да се набројат повеќе од десет субјекти, наведени се 10-те (според мене), најгледани, најчитани и најслушани медиуми во државава, кои ја третираат политиката.
Кога ја почнав темата, првичната идеја за насловот ми беше "независноста на медиумите" Но насловот не би ја имал смислата своја откако ќе се воочи, дека скоро и да нема медиум во Македонија, било пишан или електронски кој е независен.
Сите тие се финансирани од моќните политички и бизнис центри, така да би било безпредметно да се разговара за нивната независност, туку за степенот на објективноста во зависните медиуми. Доколку грешам...нека ме поправи некој.
Втора работа, за која би сакал да подискутираме е, објективноста на новинарите, или барем оние кои мислат дека се новинари.
Сведоци сме за рушење на сите новинарски но и етички кодекси кај дел од новинарите, кои ја преминуваат секоја граница и полека нивната "објективност", преоѓа во безобразлук....така да имаме криза од квалитет на јавно информирање, и веродостојност на информациите кои ни ги пренесуваат.
Би сакал истите да ги ставиме на тапет со се' нивните емисии, колумни и мислења, и да прокоментираме за нивната "објективност" и нивниот "професионализам", но се тоа да биде во граници на нормалата, аргументирано и доколку е можно фактички поткрепено.
Паушалните обвинувања и деградации, не водат кон конструктивна дискусија, па доколку е можно да се избегнуваат.
Но...за да не биде дискусијата сведена само на напади и обвинувања, да ги спомнеме и пофалиме новинарите кои чесно и совесно си ја вршат својата работа, и без разлика на притисоците или заканите кои ги трпат од разноразни структури, остануваат доследни на нивниот професионализам, и работата која ја работат.
Медиумите и објективното информирање, се огледало за демократијата во една држава.