Машински Факултет

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
da be da sigurno od tvojta generacija site listat oglasi nema greska.
Мојата генерација дипломираше лани ...

Ме интересира што смер беше :)
И тоа на МХТ , или во слободен превод , иднината на машинството.

И ајде објанете ми вие мене , каде во македонија ке работиш како мехатроничар ????

Каде во македонија ќе го примениш тоа знање што ти го нуди факултетот ???

Ако неможеш во македонија , тогаш просперитет ли е тоа надвор од државата????

Мислиш лесно се искача од тука , и дека во странство ќе те третираат соодветно ...

таму ќе бидеш граѓанин од 6ти ред.Ќе мора да си поголтнуваш.
И ќе имаш пониска плата од колегите кои живеат во развиените држави...

..... и не се сите , у право си , од 30 студенти на смер , 3ца наоѓаат работа соодветна на студиите
други , нешто околу ,..... максимална заработувачка ти е 200-300 евра (пари ли се тоа бе, размисли кога ќе бидш богат у живот со толкави примања ?!?!! , никад !!!!)
 
T

Tetro

Гостин
Мојата генерација дипломираше лани ...



И тоа на МХТ , или во слободен превод , иднината на машинството.

И ајде објанете ми вие мене , каде во македонија ке работиш како мехатроничар ????

Каде во македонија ќе го примениш тоа знање што ти го нуди факултетот ???

Ако неможеш во македонија , тогаш просперитет ли е тоа надвор од државата????

Мислиш лесно се искача од тука , и дека во странство ќе те третираат соодветно ...

таму ќе бидеш граѓанин од 6ти ред.Ќе мора да си поголтнуваш.
И ќе имаш пониска плата од колегите кои живеат во развиените држави...

..... и не се сите , у право си , од 30 студенти на смер , 3ца наоѓаат работа соодветна на студиите
други , нешто околу ,..... максимална заработувачка ти е 200-300 евра (пари ли се тоа бе, размисли кога ќе бидш богат у живот со толкави примања ?!?!! , никад !!!!)
Полека бе, дете, не се нервирај.
Ако ти смета тоа што некој бил упорен да заврши машински факултет, не значи дека треба да плукаш тука, ебате.

И тие твоите колеги што завршиле, може си седат дома и не сакаат да најдат работа. Работа се бара по фирми, фабрики, огласи, а не да си седиш дома и да чекаш некој да ти дојде, да те вика на работа.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
И тие твоите колеги што завршиле, може си седат дома и не сакаат да најдат работа. Работа се бара по фирми, фабрики, огласи, а не да си седиш дома и да чекаш некој да ти дојде, да те вика на работа.
Важи друже , ако ти си на машински , дипломирај , ќе праиме муабет ...
само гордоста нема да ти дозволи така да кажеш ...

колегите мои , имаат по 3 интервјуа неделно у просек ....
се што добиваат е културно одбивање или пак понуда
за максимална експлоатација на трудот ...

Еве ти детална слика ...

Колега бр.1 , работи во Џонсон контолс , затоа што беше стипендист уште од сам почеток ... се снајде човекот ... нема таму многу машинци.

Колега бр.2 , работи во железара на потпишан договор на 3 месеци ,..
не ми текнува 200-300 евра зема плата... Цел ден е на нога .. опколен со бучава (Ако мислиш дека е мала работа тоа , прашај во странски држави за работни места со зголемен ризик) , амал е дечкото таму .... И ти кажи ми дали вреди факултет со 4 години за да добиеш такво работно место ???? Тоа може да го работи некој со средно машинско ... ако ти сам не си го цениш образованието и трудот ... другите уште помалку дека ќе те ценат ....

Колега бр.3 , девојче уствари , учителка во средно да не откривам детали ...али
ја маваат со се и свашта тоа учениците , а за плата , шо да ти расправам ...
дур да стигне до полн фонт на часови ... ќе се окози

Колега бр4 Избега у Америка ,којзнае колку време не сум го видел

Колега бр5 ,исто така Америка ... сигурно не работи нешто што е поврзано со Машинство .... Зашто би учел машински кога никогаш тоа нема да го работам ??? А ?

Колега бр.6 Листа весници од сабајле до вечер , бара огласи , оди на интевјуа , бацува врати ... и размислува дали да прифати работа во визбегово ... за каде што
ако прифати , ќе му требаат 2 часа да стигне до таму , ради лошиот распоред на автобуси ....

Е кој факултет ти е тоа бе.... кое образование за ја да станам у 5 сабајле за да можам да стигнам на работа и уште 2 саати да се приберам дома ...

8 работни плус 4 пат = 12 изгубени часови во работа !!!! Затоа ли студираш факултет ????

Слушнав за уште неколку колеги дека работеле нешто ... но ниту еден од нив не работи во областа на машинството !!!! и пак..... кој кур факултет кога ништо од тоа што таму ќе го научиш нема да го примениш !!!!!

Вистинска реткост е да работиш на тоа за што те научиле на факултет , кој ќе се снајде алал нека му е .... Ако ми кажеш каде се тие работни места за машинците , ќе ги обавестам моите бивши колеги и ќе ти бидат многу благодарни .... направи добра работа , и земи вработи ги чим им ги оправдуваш студиите...

Јас не оправдувам факултет од љубов , особено не во земја по име Македонија.
 
T

Tetro

Гостин
Ти ја цитирам последната точка што ја имаш ставено погоре.

Шо си се запнал за поголемите компании, во секој град, во секоја населба има помали фирми кои имаат потреба од машински инжинери, решив да не им правам реклами моментално, ако си од некое место со над 10.000 жители, сигурно има и кај вас некоја фирма која се занимава со производство или монтажа на нешто, па им треба стручно лице од областа на машинството,

за твоите поранешни колеги:
бр.1 се снашол, како што си напишал, или го погодил времето
бр.2 ако работи како амал, како што си напишал, или го нема завршено факултетот, или му фали нешто, па заглавил таму. А може е и паметен, па чека времето да се сврти во негова полза.
бр.3 за некои добра, за некои не толку добра професија (даскал). Таму треба да покажеш заби, а не да се правиш невин/а.
бр.4 мисли дека така е најдобро за него, не се мешаме таму, тоа си е негово право.
бр.5 исто бе како 4
бр.6 знаеш дека упорноста се исплатува. Така овој може и ќе има најдобра судбина. Кој чека, ќе дочека бе.


а за тебе: ако не ти се учи, оди пуцај камења на улица :toe:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
a sto mislis ti deka kolegite koi se vo amerika ili evropa ne gubat minimum 1 saat za da stignat do rabota dlaboko se lazes prijatele. ne e toa tamo kako kaj nas odi na edna nedela vo germanija da vidis kako vo 6 najkasno 6 30 ko mravi idat nakaj rabota za da stignat u 8
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
сигурно има и кај вас некоја фирма која се занимава со производство или монтажа на нешто, па им треба стручно лице од областа на машинството,

а за тебе: ако не ти се учи, оди пуцај камења на улица :toe:
Абе види , каква е таа мала фирма што има потреба од инжинер ???
Монторање ролетни ли е инженерство , за тоа ли ќе ти треба факултет ???
огради ќе монтираш ??
камери за надзор ?
Клима уреди ???
Дај да не навлегуваме за тоа , што треба да биде еден инженер , и како треба
да изгледа неговата работа ....

А сеа за мене малку , пошто мислиш дека не ми се учи ....
колку за инфо , поминав цели 2 години на машински ,
ги завршив со просек 8,6 без да се грижам многу за оценките.

Се случи пресврт , сменив мислење кога се обидов да се замислам каде ќе се наоѓам во иднина ...
Или требаше да седнам да учам повеќе од тоа што го правев , да зголемам просек
да продолжам на постдипломски во Бугарија ....


Еве зошто :
Дојде бугарскиот декан , не собараа сите од мехатроника , и почна бугаров да си цепа на негов јазик , кој разбра арно кој не .... си продолжи да студира ...

Бугарот рече :
Блоковна поделеност на светот Америка , Европа , Исток....
Иднината на машинството е Мехатроника , светот уште е во "Ладна војна"
Ние сакаме да одиме напред со технологија , нас ни требаат луѓе што ќе придонесат во тој развој ... За таа цел пошто бугарот неможел да ги убеди во неговата држава да отворат студии по мехатроника , дошол кај нас , им рекол , дајте тука ќе отвориме ...
кој ќе бидат најдобри , пратете ни ги во бугарија таму ќе ги преземеме студентите ...

Арно ама во меѓу време бугарите се убедија да си отворат самите студии по мехатроника ....
И Идејата за тоа , што ќе се прави со македонските мехатроничари , остана да виси во воздух ....Бугарски студент сигурно ќе има предност пред Тебе другар .....

Бугарскиот декан , јасно ни даде на знаење што е идејата со нашите студии ...
кој го разбра арно , кој не , продолжи да студира ..... Мене ми требаа 2 години да ми светне
што кажал бугарот.А останатите , шо да ти расправам ....


Денес студирам на ПМФ - Информатика , добро ми оди , учам , одам по пракси , договарам по некој проект од време на време да заработам дополнително ....Огласи гледам на сите страни , неколку пати имам одбиено работа затоа што факултетот ми е на прво место ....

Ете тоа е друже што сакам да го кажам ... Просперитет , да најдеш работа во сопствената држава.А таа иста работа да биде поврзана со тоа што го имаш студирано , и тоа што си го научил на факс , да го примениш ....

И за разлика од тебе , не вреѓам интелектуални способности , и во ниту еден момент не реков дека е глупост тоа што се учи на машински или било што такво....

Едноставно , македонија не е подрачје каде што успеваат машинците , факултетот произведува многу повеќе кадар одколку што е потребен.

А тоа што тебе лично сакам да те прашам , пошто ми го избегнуваш прашањето е ...
Зошто да учам факултет каде никогаш нема да го применувам знаењето стекнато таму ???
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Мојата генерација дипломираше лани ...



И тоа на МХТ , или во слободен превод , иднината на машинството.

И ајде објанете ми вие мене , каде во македонија ке работиш како мехатроничар ????
Микрон прилеп, Џонсон контрол, џонсон мети и чат пат ќе се најде уште нешто на овие се сетив :) ако те бива и си снаодлив ќе се снајдеш секаде, безоглед каде си :)
твојата генерација беше прва генерација меџатроника од Машински , ако не се лажам па неколку останаа и на факултетот како асистенти
и како што викаш си расчистил втра година со просек 8.6 без навреда ама можам да ти кажам дека си луд :)
 
T

Tetro

Гостин
Микрон прилеп, Џонсон контрол, џонсон мети
да се надоврзам на кажаното

Абе види , каква е таа мала фирма што има потреба од инжинер ???
Монторање ролетни ли е инженерство , за тоа ли ќе ти треба факултет ???
огради ќе монтираш ??
камери за надзор ?
Клима уреди ???
забега малку со камерите, другото до некаде е ОК, самошто на секоја фирма и треба инжинер, ти не се фурај дека си бил на мехатроника и одма треба да работиш на мехатронички системи :nenene:
затоа се учи од почеток, учиш и Механика на флуиди на пример, Термодинамика, треба да се чувствуваш способен да се снајдеш доколку ти дадат и друго работно место, а не да се занесуваш до толку.
Ако беше така, никој нема завршено факултет за претседател у Македонија, и значи дека никој не е адекватен за таа професија према тебе?
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Моментално највеќе работа кај нас има за термичари и производни инжинери е факт ама сепак машинец е машинец и има познавања од сите насоки на машинството и со малку напор битребало да можеш да работиш се согласувам со господинот Чекан :)
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Микрон прилеп, Џонсон контрол, џонсон мети и чат пат ќе се најде уште нешто на овие се сетив :) ако те бива и си снаодлив ќе се снајдеш секаде, безоглед каде си :)
твојата генерација беше прва генерација меџатроника од Машински , ако не се лажам па неколку останаа и на факултетот како асистенти
Држи вода муабетот дека ако си снаодлив , ќе те биде каде и да си ...
Јас не се чуствувам како човек што има среќа у гз и харизма до небо , нити пак сум некој голем оптимист.Така да , таа е мојата приказна што ја видов на машински ....

Иначе мојата генерација е втора генерација по мехатроника ...

како што викаш си расчистил втра година со просек 8.6 без навреда ама можам да ти кажам дека си луд :)
... сите се со исти коментар , се навикнав.


ти не се фурај дека си бил на мехатроника и одма треба да работиш на мехатронички системи :nenene:

ама сепак машинец е машинец и има познавања од сите насоки на машинството и со малку напор битребало да можеш да работиш
Ама јас не го кажувам тоа , малку грешно ме разбирате ... Камо среќа утре да работиш на нешто што ти е поврзано со тоа што си го учел ... проблемот е што во најголем број од случаите , тоа што го работат е нешто сосем трето .90% од тие на мехатроника никоаш во животот нема да работат на тоа.Нема ни да видат махатронен систем.
Тоа е маката ... инаку се согласувам дека во било која професија никој не е спремен веднаш по факултетот да засука ракави и да почне сериозно да ја тера ... се си бара искуство .
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Antagonist најди работа како програмер да му се невиди, или не си учел за тоа :tv:
 
T

Tetro

Гостин
ја отеравте темата у пм, и тоа на почетокот на колоквиумска недела :tapp:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Antagonist најди работа како програмер да му се невиди, или не си учел за тоа :tv:
Не бе , уште студирам , морам прво да го истерам факсот ...
и нека не те лажат годините од страна , не се точни.. у случај да мислиш дека имам 30 или којзнае колку покажува у моментов..
Само 2 години сум кус у образование ради префлувањето од еден на друг факс , се друго добро ми оди ...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Не бе , уште студирам , морам прво да го истерам факсот ...
и нека не те лажат годините од страна , не се точни.. у случај да мислиш дека имам 30 или којзнае колку покажува у моментов..
Само 2 години сум кус у образование ради префлувањето од еден на друг факс , се друго добро ми оди ...
Што планираш понатака да работиш, имаш ли некои планови?
 
Член од
26 септември 2008
Мислења
59
Поени од реакции
2
ако може некој да каже како се поминува кај Лазе Трајковски (Основи на автоматското управување), како е на колоквиуми, колкава е тежината на задачите итн.


?????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom