Јас имам исто такво, машко, само има повеќе бело, сите 4 нозе му се бели и на стомак е бело исто. Се вика Мрки и го собравме од улица, го собираше во шоља за кафе, ама сега е прав вол, а младо е сеуште 8 - 9 месеци.
Ако влезам во друга соба и ја затворам вратата, ќе застане пред неа и мјаука, кога се враќам од работа ми кажуваат дека 30 секунди пред да си дојдам застанува пред врата и ме чека (не се враќам секогаш во исто време).
Искрено не сакав мачки, но ова штом го пречекори прагот ми влезе во срце.
И ми е тешко што мора да го дадам, чекаме бебе, а викаат дека мачки и бебиња не иделе заедно, патем Мрки е пргав затоа и го крстивме така, па ни е страв дека може да направи некоја глупост така да ќе мора да се пресели некаде, на одредено време потоа сакам да си го вратам.
Два месеца се расправам со сите, се лутам, не го давам, се карам ама изгледа ќе морам, сите се против.
Ми е страв дали ќе се снајде мачево бидејќи од малецко е во стан, а таму кајшто ќе оди ќе биде во куќа со двор, па да не избега. И дали нема да не заборави па да не доаѓа како сега да се гали.