Мачки (општи дискусии)

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Знае ли некој дали може некаде да се најде вегетаријанска храна за мачки кај нас? Како што гледав на нет, во западниве земји се продаваат такви конзерви со вегетаријанска храна за мачки (нормално збогатена со сите витамини и аминокиселини кои што и' требаат на мачката), па ме интересира дали сте сретнале некаде таква храна по пет шоповиве.
 
V

Vollstandig

Гостин

Како прво, МАЧКА ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ не бидува.. ПРво и основно да ти биди јасно мачките не се вегетаријански и нема потреба да ја труеш со ретардирана храна шо на фирмите им паднало на памет вегетаријанска храна. Како прво ЧОВЕКОТ да е вегетаријанец ќе има некој последици а не па мачка,мачките се месојадни животни и такви ќе останат и не можиш да ги смениш. Можи во таа вегетаријанската да има некој вкус на месо или што знам што, иначе која мачка се видело да јади зелка компири крастајци..
вегетаријанснка храна за мачки мадиња голи.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Имав мачка што јадеше диња и краставица свежа, но и месо се разбира, а сите мачки што до сега сум ги чувала обожаваат маслинки :)
 
L

Lu

Гостин
Знае ли некој дали може некаде да се најде вегетаријанска храна за мачки кај нас? Како што гледав на нет, во западниве земји се продаваат такви конзерви со вегетаријанска храна за мачки (нормално збогатена со сите витамини и аминокиселини кои што и' требаат на мачката), па ме интересира дали сте сретнале некаде таква храна по пет шоповиве.
Ако го прочиташ составот на конзервираната храна за мачки како што се например Whiskas , Kitekat и останатите брендови...

Тогаш ќе видиш дека конзервираната храна е речиси 96% вегетеријанска, а тоа се должни на тоа што во составот на тие конзерви има САМО 4% месо во нив.
Замисли отвараш конзерва и внатре гледаш месо и убаво мириса на месо, а всушост тоа е само 4% месо а останатото е вода и незнам уште неколку дуги состојки, фактички нама М од месо во конзервите.
 
B

BooBojan

Гостин
Ајде помош!?
Мачорот кој го чувам моменатално ми е нешто болен.Кашла,и кога се обидува да мјаука не може едноставно нема сила.
Се слуша само малку.Со што да го лечам.
 
Однеси го на ветеринар и тој ќе го прегледа и ќе ти каже точно со што да го лечиш.
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Како прво, МАЧКА ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ не бидува.. ПРво и основно да ти биди јасно мачките не се вегетаријански и нема потреба да ја труеш со ретардирана храна шо на фирмите им паднало на памет вегетаријанска храна. Како прво ЧОВЕКОТ да е вегетаријанец ќе има некој последици а не па мачка,мачките се месојадни животни и такви ќе останат и не можиш да ги смениш. Можи во таа вегетаријанската да има некој вкус на месо или што знам што, иначе која мачка се видело да јади зелка компири крастајци..
вегетаријанснка храна за мачки мадиња голи.
Со купувањето на месо, ја финансираме месната индустрија, а како љубители на животни воопшто не е етички да го правиме тоа. Мене воопшто не ми се допаѓа што го финансирам убивањето на животни само за мојот мачор да не биде гладен. Иако се месојадни животни, не значи дека не може да живеат поинаку. Еве и пандите кои иако припаѓаат во категоријата на месојадни животни, 99% од нивната исхрана е вегетаријанска. За правилен развој на мачките, потребно е да внесуваат таурин, витамин А и Б12 и уште некои други кои покрај во месото ги има и во вегетаријанската храна, освен тауринот кој може хемиски да се синтетизира.

Ако го прочиташ составот на конзервираната храна за мачки како што се например Whiskas , Kitekat и останатите брендови...

Тогаш ќе видиш дека конзервираната храна е речиси 96% вегетеријанска, а тоа се должни на тоа што во составот на тие конзерви има САМО 4% месо во нив.
Замисли отвараш конзерва и внатре гледаш месо и убаво мириса на месо, а всушост тоа е само 4% месо а останатото е вода и незнам уште неколку дуги состојки, фактички нама М од месо во конзервите.
Епа додека не најдам од тие вегетаријанските конзерви, да барам некои такви со минимално количество на месо. Фала за одговорот. :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Со купувањето на месо, ја финансираме месната индустрија, а како љубители на животни воопшто не е етички да го правиме тоа. Мене воопшто не ми се допаѓа што го финансирам убивањето на животни само за мојот мачор да не биде гладен. Иако се месојадни животни, не значи дека не може да живеат поинаку. Еве и пандите кои иако припаѓаат во категоријата на месојадни животни, 99% од нивната исхрана е вегетаријанска. За правилен развој на мачките, потребно е да внесуваат таурин, витамин А и Б12 и уште некои други кои покрај во месото ги има и во вегетаријанската храна, освен тауринот кој може хемиски да се синтетизира.

Епа додека не најдам од тие вегетаријанските конзерви, да барам некои такви со минимално количество на месо. Фала за одговорот. :)
Тебе ај паметот што ти одлетал, ти и никогаш не си го повикала да се врати. Како прво, КАЈ СЕ ВИДЕЛО МОРЕ ЧОВЕКУ ВЕГЕТАРИЈАНСКА МАЧКА алоооо свесна си што зборуваш од вакви глупости шо читам ми иди да ги затворам сите шо чуват мачки дома. Како прво, кажи ми ти мене, дали во дивината мачките стануват хипи вегетаријанци слушат џим морисон и пасат зелена млада росна тревичка?
Ај ќе го спречиш ти “месната индустрија да коли животни“ жими таквото ќе спречиш. Храната за мачки се приготвува вака:

Како прво, се колат крави свињи овци и други животни одгледани за МЕСО.
Месото се носи во месарници.
Месарницата го продава на луѓето, за домашѓна исхрана и на РЕСТОРАНИ кафаани и угостителски објекти.
Некој порачува плескавица во кафаната и не ја дојадува цела.
Месото се собира во канта посебна за месо одделено по тип (свинско пилешко говедско итн)
Месото се продава на фабрики кои рециклираат храна и произведуваат храна за мачки.

И кажи ми ти, со едно маче никакво дома, шо планираш да го прајш вегетаријанец, КАКО ќе успееш да ги удоволиш сите потреби за месо на мачката со давање на крастајци?
Не е кокошка тоа мачка е обична шо е месојадно животно, некој работи не одат против природата. И како ќе успееш да направиш протест на фабриките, и да не ги финансираш, со НЕКУПУВАЊЕ храна за мачки???? Зар тие од тебе живеат со една конзерва од 100 денари шо ќе ја земиш три пати неделно? Од тебе ни ќе престани да работи фабриката ни ќе продолжи, ќар имат само продавниците за мачки и опрема и храна за нив.

Прво и осново:

Со купувањето на месо, ја финансираме месната индустрија, а како љубители на животни воопшто не е етички да го правиме тоа.
Како љубител на жибвотните треба ДА ЈА ПОЧИТУВАШ НИВНАТА МАЧКИНА СТРУКТУРА И ДА ГИ ХРАНИШ СО ТОА ШТО САКААТ ТИЕ А НЕ СО ТОА ШТО САКАШ ТИ!

Мене воопшто не ми се допаѓа што го финансирам убивањето на животни само за мојот мачор да не биде гладен.
Ниеден човек не убива за мачорот твој да не биде гладен. Месото кажав погоре како стигнува до храна за мачки.
И на крај краева, што кога мачорот твој ќе убие друго животно, птица, риба, глушец??

Иако се месојадни животни, не значи дека не може да живеат поинаку.
Си ги помешала брзините, МЕСОЈАДНИ значи САМО МЕСО И НИШТО ПОВЕЌЕ!!
СЕШТОЈАДНИ животни се ЧОВЕКОТ и свињата, купи си свиња и неа прави ја вегетаријанец..
Мачорот твој ако нема дома јадење ќе најди начин да добие месо.Барем ќе улови нешто.

Еве и пандите кои иако припаѓаат во категоријата на месојадни животни, 99% од нивната исхрана е вегетаријанска.
Мачорот твој не е панда. Пандите во дивината највеќе се хранат со растителна храна а 8 % од исхраната им е месо, и тоа РИБА.

За правилен развој на мачките, потребно е да внесуваат таурин, витамин А и Б12 и уште некои други кои покрај во месото ги има и во вегетаријанската храна, освен тауринот кој може хемиски да се синтетизира.
Мачоот твој не е експериментално глувче за да го храниш со некоја хемиски синтетизирана храна. Од кај знаеш дека Таурин, витамини А б12 и други глупости им се потребни?? Прочита на интернет и тоа е тоа? Преку месото внесуваат уште МИЛИОН други потребни работи а не само тој витамин.
Правилната исхрана се добива кога на животното му се дава она што му налага видот и природата да јади и то е се вика “Природна Исхрана“ или на наши Здрава храна..

Не дека ме заболе мене за мачорот твој , во моментов има еден милион мачки што умираат без јадење, и јадат од контењери, па пак се живи, има еден милион мачки мачени и труени и убивани од страна на луѓе, колку и да сакам не можам ни јас ни ти да спречиме ни да се уништуваат мачките ниту да се хранат поинаку ниту да спречиш колење и касапење животни. Животните се потреба за исхрана и тоа е тоа, како лавот денес не може да помине ако не изеде срна и антилопа, така и човекот внесува разновидна храна во организмот негов.
На крај крајот, ако сакаш сфати ако не, провери се што напиша по некоја година, дефинитивно ќе се удриш по глава и ќе посакаш да го снема напишаното.
Dont worry, be stupid:)
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Ти препорачувам и ти да си го прочиташ напишаното за некоја година. :)
Не сфаќам како може на подфорум за животни некој да го оправдува нивното убивање...
Има еден куп теми јадења на форумов, па можеш слободно таму да си разменуваш рецепти за приготвување на убиените животни.
„Mачорот мој не бил ескпериментално глувче“ - демек ако е глувче можам што сакам да правам со него? Што мислиш ти, конзервине за мачки во маркетине содржат несинтетизиран таурин? Само во живото крваво месо има чист таурин, а не во конзервине со 8% преработено месо.

http://www.peta.org/living/companion-animals/vegetarian-cats-and-dogs.aspx

P.S. Машко сум. :)
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Ме интересира дали кога мачката е бремена има некави болки или слично? Мачкава е 8-9 месеци во последно време се берет дома по 5-6 мачори (прилично големи) и изгледа ја работет, ама чудно беше денес, некако се тркалат не реагират на ништо шо ќе му напрам (чудно за неа зашо обично таа прва се чепка) и се плаши од се шо ќе шушне, добив некаков впечаток дека се плаши од мачориве шо идат кај неа? Можно е? Или да е касната од нешто или да има изедено нешто шо не требит? Незнам шо му е, сте имале ваков проблем?
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Probaj so amoksiklav ili ampicilin. I jas go imav istiot problem skoro so meto macorce. Ako apetitot mu e dobar togas i pobrzo ke ja saniras kaslicata. I davaj mu topla hrana, moze i caj.

--- надополнето ---

Ајде помош!?
Мачорот кој го чувам моменатално ми е нешто болен.Кашла,и кога се обидува да мјаука не може едноставно нема сила.
Се слуша само малку.Со што да го лечам.
Probaj so amoksiklav ili ampicilin. I jas go imav istiot problem skoro so meto macorce. Ako apetitot mu e dobar togas i pobrzo ke ja saniras kaslicata. I davaj mu topla hrana, moze i caj.
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Probaj so amoksiklav ili ampicilin. I jas go imav istiot problem skoro so meto macorce. Ako apetitot mu e dobar togas i pobrzo ke ja saniras kaslicata. I davaj mu topla hrana, moze i caj.
Никако тоа. Сосема разично делуваат лековите наменети за нас на животните, може само полошо да направи со мачорчето. Подобро нека го носи на ветеринар.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ти препорачувам и ти да си го прочиташ напишаното за некоја година. :)
Не сфаќам како може на подфорум за животни некој да го оправдува нивното убивање...
Има еден куп теми јадења на форумов, па можеш слободно таму да си разменуваш рецепти за приготвување на убиените животни.
„Mачорот мој не бил ескпериментално глувче“ - демек ако е глувче можам што сакам да правам со него? Што мислиш ти, конзервине за мачки во маркетине содржат несинтетизиран таурин? Само во живото крваво месо има чист таурин, а не во конзервине со 8% преработено месо.

http://www.peta.org/living/companion-animals/vegetarian-cats-and-dogs.aspx

P.S. Машко сум. :)
Дечко, без навреда, ама не си ти за мачка. Ти очигледно не си во состојба да ја сфатиш нејзината природа, така твојата наклоност кон овој вид не може да се објасни. Мачките не се луѓе, и далеку се од тоа да делат некакво гледиште за исхраната со луѓето. Тоа што ти си несфатливо емотивен кон глувчињата, гулапчињата и сиротите мали врапчиња, кои се мал дел од менито на овој фантастичен ловец и заколнат месојад, е твој проблем (и на фриковите од ПЕТА). Во природата не постои сентименталност, особено кога се работи за ловец и плен. Кратко и просто. За мене ти имаш нефер однос кон твоето милениче. Еве, јас се кладам дека веќе си му ги скинал јајцата? Ако не си, сигурно планираш? Епа, да те праша тета, зошто бе си направил (би направил) такво нешто? Зошто си себичен и сакаш да го чуваш само за себе, во четри ѕида, стерилизирано и осудено да пасе тревки? Не е фер! Пушти го таму да шета, да сексне по нешто, да се раскупуса со некој ривал или да фати некое бело глувче (за среќа колку)...
За да немаш грижа на совест, морални дилеми и еве за да не ја стимулираш месната индустрија, јас мислам дека идеално милениче за тебе е САКСИСКО ЦВЕЌЕ. Или АКВАРИУМ. Добра работа е што имаш голем избор за што и да се определиш.

Биди човек, ослободи го твоето маче од тебе! Плиз!
 
Се согласувам со се што имаш кажано во постот, освен со болдираната реченица.
Греота се мачињата така гладни и напуштени и болни шетаат по улици. Зошто свесно ние луѓето дозволуваме така да им се случува на животинчињата?
Со тоа што би го оставил мачорот да се пари со други мачки, со тоа би се допринело да се зголеми бројот на напуштени мачиња кои што ќе страдаат и ќе бидат малтретирани, а наместо да се зголемува бројот на таквите мачиња, треба да гледаме да се намали и што повеќе од нив да си најдат топол дом.
Кастрацијата не е само колку да не се пари мачорот/мачката туку кастрацијата спречува многу болести што можат да се појават како на пример рак , тумор и сл.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom