Мачки (општи дискусии)

Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.316
Поени од реакции
4.702
Кај мене позади зграда на паркингот бидејќи е така мирно место скоро секој ден се собираат мачиња. Сум приметил ќе застанат едно до друго, се гледаат во очи и вриштат едно на друго на цел глас, што им значи тоа?
Најчесто и најгласно е мјаукањето за време на територијалните спорови
меѓу мачките и потсетува на плачење на бебе.
Може да има и други причини, на пример во време на парење.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Дечки што храна им давате на мачките?
Мојот почна многу да пребира во последно време и доста е ослабен.
Највеќе виршли јаде, некако храната за мачки неќе ни да ја види.
Многу пари ни туна со масло и леб мешано неќе да јаде.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.647
Поени од реакции
81.687
Дечки што храна им давате на мачките?
Мојот почна многу да пребира во последно време и доста е ослабен.
Највеќе виршли јаде, некако храната за мачки неќе ни да ја види.
Многу пари ни туна со масло и леб мешано неќе да јаде.
Однеси го на ветеринар ако е ослабен, можно е да има глисти...а и летен период мачките не јадат многу многу, туку се кријат на поладни места да ја избегнат горештината.
Ако ти е за храна за мачки, во Веро имаш најголем избор, Вискас, Шиба, Миљор Гато, КитеКат, Гурмет, Феликс... Види земи по една од овие паштети, која ќе ти ја јаде, таа купувај му ја :)

Виршлите се ОК ако им ги даваш одвреме-навреме, али на подолг период може да настанат проблеми кај мачката...
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Однеси го на ветеринар ако е ослабен, можно е да има глисти...а и летен период мачките не јадат многу многу, туку се кријат на поладни места да ја избегнат горештината.
Ако ти е за храна за мачки, во Веро имаш најголем избор, Вискас, Шиба, Миљор Гато, КитеКат, Гурмет, Феликс... Види земи по една од овие паштети, која ќе ти ја јаде, таа купувај му ја :)
Аха важи друже фалати и ја така мислев, да проверам дали има глисти.
Ама обично во зима се здебелува секое лето се праи ваков суштер.
Ке видам во Веро позз.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
383
Поени од реакции
210
Дечки што храна им давате на мачките?
Мојот почна многу да пребира во последно време и доста е ослабен.
Највеќе виршли јаде, некако храната за мачки неќе ни да ја види.
Многу пари ни туна со масло и леб мешано неќе да јаде.
Живо месо и органи.
Пилешко, телешко, дроб, срца, крилца и слично.
Јас избегнувам да и давам процесирана храна.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
па во природа нема виршли и салами. Со виршли холестерол ќе го удри, џигер ќе му замастиш, кардиоваскуларни проблеми итн. Таа мачка не тера на долги стази.
Абе, нема во природа преработена храна, ама па мачињата ловат гуштерчиња, глувчиња ... тоа јадат, не било какво живо месо
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.869
Абе, нема во природа преработена храна, ама па мачињата ловат гуштерчиња, глувчиња ... тоа јадат, не било какво живо месо
па сега не можеш да му фаќаш гуштери и глувци, се снаоѓаш некако, крила, џигер, малце некогаш ќе се омрси со риба сардина и така.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
па сега не можеш да му фаќаш гуштери и глувци, се снаоѓаш некако, крила, џигер, малце некогаш ќе се омрси со риба сардина и така.
ОК, јас планирам кога ќе потпорасни за некој месец, да го пуштам во дворче да си лови гуштерчиња :D
Автоматски споено мислење:

Туку, да прашам: денеска маче си доби вакцина (тровалентна), ветеринарот рече дека може да крене температура и да е клапнато три дена и ене го кутро, лежи во клопче цел ден. Има ли некој начин да му помогнам да му се олесни?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
383
Поени од реакции
210
Скапо е ова бе друже
Па релативно е ова, зависи и колку му даваш количински. На мене до 3-4000 мкд месечно не ми е проблем да одвојам за храна. Моите се outdoor cats, мн ретко ги пуштам дома, така да неам други трошоци по нив.
Џигер е доста евтин, крилца пилешки исто се евтини. Телешкото е скапо јебига, стек, свинско, некоја риба по некогаш, јајца.. поарно на храна него ли на ветеринари.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Па релативно е ова, зависи и колку му даваш количински. На мене до 3-4000 мкд месечно не ми е проблем да одвојам за храна. Моите се outdoor cats, мн ретко ги пуштам дома, така да неам други трошоци по нив.
Џигер е доста евтин, крилца пилешки исто се евтини. Телешкото е скапо јебига, стек, свинско, некоја риба по некогаш, јајца.. поарно на храна него ли на ветеринари.
@qqq_
И мојот е во двор, дома иде само да се погали или кога бара за јадење.
Па не бил скап многу џигерот од Кам му земав денеска мислам 70 денари кило беше се утепа од јадење хахах. Дефинитивно виршлите ке летаат.
паштета исто многу сака.

иначе веќе е поправен ради топлото многу ослабе летово, сега е таман и крзното му е многу големо. Такада фала за совет на сите (y)
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Подарувам маче.

Некој го имаше фрлено во дворот кај мене, немаше повеќе од две недели. Едвај го накренав за да преживее. Сега е старо 4-5 недели и е вистинско зверче. Има усвоено хигиенски навики и е чисто од паразити. Ептен е срцко. Јас сум од Битола ако има заинтересирани од Битола и околината нека пишат овде. Би го чувал, но веќе немам услови за чување милениче плус а не можам само така да го фрлам на улица. Ќе ставам и слики подоцна, преубаво е мачето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom