Трк на ветеринар, можно е да мјаука ради болви, дека прошлиов месец нон стоп врнеше, влажно беше времето па врие од болви по парковиве. И апче за против глисти да му земете...
И мојов вака мјаукаше, кога видов по некој ден фатил болви
, а домашен мачор е, 6 години нема излезено од стан, ама го најдоа. Бев до пет-шоп и тие вработените таму се чудеа како може мачка во стан да фати болви... Ми рекоа после дека можно е од парковите по тревите да сме закачиле, па сме ги донеле дома. Лупнав 50 евра на шампон, чешелче за вадење на гадинкиве, спреј, специјално ланче, и раствор за прскање на станот од гнидиве. Одма се исчисти мачоров, едно 80 до 90% испоумреа болвите, ама уште си има мака од тоа што го касале, не ми е расположен сеуште.