Тоа е уствари најголемиот проблем - скоро од сите паштети го фаќа пролив. Пробавме KiteKat, Whiskas, Royal Canin, тие од DM, со сите има проблем. Само со сува храна не. До душа, и од сувата, со KiteKat јуниор имаше пролив, исто. Сега му давам Dein Bestes Junior, од тоа што видов божем поквалитетна е, а за да не биде еднообразна, зашто таква има само со пилешко (со малите мачиња е проблем зашто нема кај нас многу избор за малечки, сите брендови се со пилешко најчесто), измеѓу оброци му давам Dein Bestes грицки, перничиња, такви има многу видови па му мешам - некогаш со лосос, друг пат хербални, трет - со говедско... има 7-8 различни видови. Ама нив ги сака сите, а главната храна не баш, бара од нив. Знам дека е проблем што јаде само сува храна, ама после оброците пие вода, и тоа обилно, па се надевам нема да има некој посериозен проблем. И се надевам ко ќе потпорасне ќе се реши проблемот со проливот. Само 4 и пол месеци е старо.