Мачки (општи дискусии)

Член од
14 јули 2016
Мислења
99
Поени од реакции
58
Не. Можно ли е да е од тоа?
Да, затоа и те прашав. Отокот на рачето не е од тоа, ама по другиве симптоми на тоа ми личи. И мојот мачор лани периодов фати глисти, тогаш имаше пет-шест месеци и мислев дека нема шанси сред зима да фати. Баш беше таков, безволен, само спиеше и лежеше.
Дај му 1/4 апче против глисти. За ден-два ќе ги исфрли, ќе биде кенкав и без апетит дури не ги исфрли. По три недели пак уште 1/4 ќе му дадеш, и потоа превентивно на секои 3-4 месеци според килажата (цело апче е за 10 кг). Апчињата се релативно ефтини, 30-50 денари чинат по пет шоповите.
Најдобро нека изгладни убаво па помешај му го во храна, или вметни го во парче виршла. Ако случајно го осети и го плукне, може да се даде и згмечено растворено во вода и со шприц директно во грло (пази да не те изгребе, јас обично го мотав во ќебе, како бебе :) )
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
Стерилизацијата е важна одлука, па информирај се добро пред да ја носиш на операција, после тоа нема назад.
Во контекст на овој дел од муабетот

Добар ден прво и поздрав до заедницава...
Се соочуваме со одлука по дома која искрено ако не се најде алтернативно решение нерадо би ја донеле(ако воопшто ја донесеме) а делот од муабетот што го QUOTE-риав уште повеќе ја усложнува одлуката.

За што станува збор:
Чуваме 3 мачки дома во моментов две сестри (едната личи на мајка и другата на татко и) кои Април-Мај ќе наполнат една година и мачорче помладо од нив околу еден месец и од други родители. Сите се прибрани дома, есента пред да почне да заладува (ни стана некако пракса изминативе 6-7 години да ги вдомуваме оние на кои им е потребно најповеќе) обично се мали мачиња спасени од нешто и сите си имаат прикаска.
Четврти пат и дојде период за парење на една од сестрите, на другата само еднаш сега-засега, мачорчето не појавува никаков интерес но од досегашното искуство знаеме дека тоа може да се смени преку ноќ-што се вика.
Дилемата или проблемот ми е оклу кастрацијата/стерилизацијата и моето несакање за донесување на таква одлука.
Изнесувањето-враќањето надвор и е ама и не е опција(кого да одбереш-пуштиш надвор?) а некој дефинитивно ќе остане дома овојпат (потопол е домот со милениче во него) ама па нема да можеме да оставиме 3 возрасни мачки дома и да имаме простор за есента што ни доаѓа.
Совет секаков е добредојден и одприлика знам што ќе ме советувате и веднаш ќе се оградам од здруженијата и вдомувањето преку нив (тотално сум разочаран од нивното работење=неработење). Како што згрижуваме мачки дома така згрижувавме и кучиња во нашиот двор и до сега ми имаат идиотите од комшии отруено 7-8 кучиња од кои 3 последниот пат пред одприлика пола година(и можеби некој ќе препознае кој сум по моите постови и барање помош по страниците на тие здруженија таканаречени пријатели на животните).
Полицијата бар советуваше нешто (иако колку да се рече) и записник направи, овие "пријателиве на животните" не ме удостоија ниту со безполезен совет од типот: Јави се во полиција.
Затоа и тука ќе прашам, дали можеби има заинтересиран љубител на мачки за вдомување на една или две од 3те да не мора ние да ја донесуваме одлуката за кастрација/стерилизација (ова со одлуката кобожем со доза на хумор требаше да биде кажано ама...)
 
A зошто мачките не ги префрлите надвор, во двор?

Не верувам дека некој би ги вдомил толкави големи а без стерилизација се како темпирани бомби, може и се трудни веќе а не знаеш. Сите ветеринари даваат попуст ако однесеш повеќе миленици наеднаш.
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
може и се трудни веќе а не знаеш.
Да, ја аквариумски рипки имам дома а не мачки...
A зошто мачките не ги префрлите надвор, во двор?
Само ќе го изигнорирам ова...

Знам дека претходниот мој пост е долг и не-секој сака/има нерви да го прочита но барем воздржете се од коментирање на нешто што не сте сакале да го разберете-прочитате-дочитате...

P.S. This one has an attitude, да имам, кога се пишува нешто колку само да се напише и било опфатено во мојот примарен пост...
 
Член од
14 јули 2016
Мислења
99
Поени од реакции
58
Да, ја аквариумски рипки имам дома а не мачки...

Само ќе го изигнорирам ова...

Знам дека претходниот мој пост е долг и не-секој сака/има нерви да го прочита но барем воздржете се од коментирање на нешто што не сте сакале да го разберете-прочитате-дочитате...

P.S. This one has an attitude, да имам, кога се пишува нешто колку само да се напише и било опфатено во мојот примарен пост...
Што збориш бе? Не се чуди ако те изненадат некој ден, стомакот им се познава само последните 2-3 недели од бременоста.
Прочитав што си пишал. Твојот пост е "бриго моја преџи на друг". Ако веќе глумиш мајка Тереза и загрижен сопственик, стерилизирај ги што побрзо, од вакви како тебе надвор врие од бездомни мачки и кучиња.
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
Твојот пост е "бриго моја преџи на друг".
А кај и со која моја реченица јас го тврдам спротивното, свесен сум и нагласив дека ЈАС ТАКВА ОДЛУКА НЕ САКАМ ДА ДОНЕСАМ и мојов пост беше инспириран од реченица на член околу важноста на одлуката!!!
Ако веќе глумиш мајка Тереза и загрижен сопственик, стерилизирај ги што побрзо
Не глумам јас ништо, и не знам од што е инспирирано твојава мудра мисла, по муабетов досега шо го напраи и насоката во која е тргнат единствениот некој/а што треба да биде стерилизиран/кастриран си ти, не заслужуваш ти расплод пријателе/ке...
Впрочем кој сум ЈАС или ТИ во случајов да одлучуваш за судбината или не дај боже животот, на некое друго живо суштество???
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.555
Поени од реакции
412
Кај едно од мачињата гледам позади ушите соголено крзното, му се гледа кожата, негде сантиметар.

Ваљда е шуга, ако може некој да ми препорача што да му ставам, плус некои лекови?
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
1.751
Поени од реакции
1.227

Не го фаќај со голи раце.
За тоа што да му ставиш,прашај ветеринар,овде нема да добиеш одличен совет.
Не му ставај без консултација со ветеринар.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
250
Поени од реакции
1.029
Дали на мачорот може да му биде лошо од зрнцата Wiskas?
Прашувам бидејќи се случува два пати по ред да му даваме и следниот ден да му биде лошо, да не си игра, да биде поспан, па дури и да не јаде.

Не е од тие мачки што јаде по канти, што јаде се и сешто.
Малку е пребирлив.
 
Зависи со што сте го хранеле претходно
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
250
Поени од реакции
1.029
Зависи со што сте го хранеле претходно
Ништо посебно, виршли, конзерви, млеко и такви работи.
Чудно е што на брат му, другиот мачор никогаш не бил во таква ситуација а се храни исто како и него.
Почнува веќе да ме загрижува.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
1.751
Поени од реакции
1.227
Ништо посебно, виршли, конзерви, млеко и такви работи.
Чудно е што на брат му, другиот мачор никогаш не бил во таква ситуација а се храни исто како и него.
Почнува веќе да ме загрижува.
Таа храна е лоша.А,изгледа не му прие.Дај му друга,а ако пак му е лошо,носи го кај ветеринар.
 
Член од
14 јули 2016
Мислења
99
Поени од реакции
58
Ништо посебно, виршли, конзерви, млеко и такви работи.
Чудно е што на брат му, другиот мачор никогаш не бил во таква ситуација а се храни исто како и него.
Почнува веќе да ме загрижува.
Ако првпат сега почнал со сува храна (Whiskas во случајов), можеби му треба време да се навикне на неа. Јас кога воведувам нова храна обавезно ја мешам неколку дена со старата, дури да се навикне.
Како и да е, се сложувам со @redfogv , Whiskas и не е којзнае колку квалитетна храна. Во пет шоповите за слични пари има поквалитетни храни. Втора опција е можеби има осетлив стомак, па не толерира секаква сува храна, пробај друга некоја. Трета опција е што некои мачки се алергични на лактоза, па можеби млекото му смета. И четврта опција е, ако последниве 3-4 месеци не е прочистен од глисти, можеби фатил глисти.
 
Му купувавме и италјанска мачешка храна со омега и некои други витамини, не ги јадеше баш секогаш.
Но сега кога ќе размислам за глистите секогаш кога му даваме апче, состојбата се подобрува.
Совет на колку месеци да му даваме апчиња против глисти?
Четири годинки има, ми имаат кажано дека само првата година да му давам но ние ете на три месеци му даваме а некогаш и на 6, по половинка.
Сакав да го носам на ветеринар ама секогаш кога ќе пробам да го изнесам од дома бега како луд, трча се плаши, а домашна посета од ветеринар не можеме секогаш бидејќи се зафатени ветеринарите и мора да чекаме со денови.
 
На врв Bottom