Од мое искуство: имам пластично корито за песок, отприлика 35х50см и 10-12 см висина, а песок сум купувала од продавница, специјален кој ја впива течноста (мокрачата станува како грутка моментално), со или без мирис (има парфимиран песок по продавниците). Цената колку што памтам беше околу 500-600 ден. околу 5 литри, а трае околу 1 месец. Има и поевтини варијанти, кои во моето искуство не се покажале како добри (не впиваат добро и брзо замирисуваат).
Коритото првиот пат, по правило, го полнам нешто повеќе од половина во висина, инаку рамномерно по целата површина, а потоа само се дополнува колку што треба. Инаку чистење на песокот според мене мора да е редовно (секој ден, обично навечер), бидејќи ако се преполни (а се полни брзо) стварно многу мириса, а има голема можност мачката при закопување на новиот "пакет" да се зацапа у стариот и да го разнесе низ стан (бљак).
Инаку, да се научи маче каде да врши нужда нема никаков проблем. Ја кога ќе донесам мало маче, обично прво го спремам песокот и го ставам мачето на него (за да го осети), а го оставам само да излезе за да го запамти патот. Ако е многу мало, првите неколку пати откако ќе му дадам јадење (пошто кога се мали нужда вршат речиси одма по јадењето), внимавам да сум во близина и повторно да го усмерам само да отиде до песокот...И после НЕМА ГРЕШКА, гарантирано. Малку трпение на почетокот и после раат.
Инаку, кога мачка ќе почне да излегува надвор на шетање, веќе практично и не го користи песокот (или мнооооогу ретко), така да тоа и е уште еден ПЛУС!
Во врска со чистењето на песокот, да дообјаснам, значи кај овие апсорбирачките песоци мокрачата станува како грутка и а "кафеавиот" дел се дехидрира, така да со лопатче лесно и без да се размачка може да се отстрани од коритото (при тоа чистењето е мин. после 10 мин, мислам дека стои во упатство). Откако ќе се отстрани отпадот се дотура нов песок (ако има потреба, по сопствена проценка) за да има мачето доволна количина за закопување. И така, со редовно дополнување една кеса песок може да трае до месец дена. Обично после месец дена, потрбно е да се исфрли целиот песок и да се почне со нов, бидејки замирисува. Ова е по сопсвена проценка.
Во врска со стерилизирањето...па и не сум голем приврзаник на оваа идеја. Важно е човек добро да размисли дали ќе се одлучи на ваков чекор, бидејќи сум читала дека може да има и негативни последици за животното (брзо и непропорционално дебелење, проблеми со мокрењето кај мажјците, опаѓање на имунитет, намален интерес за одржување на хигиена и сл.), но лично немам вакво искуство. Сум читала дека, сепак се препорачува за мачки кои што се чуваат само во стан-и е логично, бидејќи нагонот тешко може да им се контролира.