Имам две прашања и се надам дека ќе може да ми ги одговорите.
1. Моево маче, кое веќе има година дена, од кога го земав постојано е во стан. На неколку наврати пробав да ја изнесам надвор, за да се прошетаме, да протрча и да си поигра, али штом го прејдеме прагот на влезната врата, ја фаќа паника, почнува да гребе и одма трча назад у станот.
Еднаш и успеав некако да ја изведам пред зграда, али се пикна под една клупа, и нејќеше да мрдне.
Па, пошо ипак сметам дека не е ок да биде нон-стоп затворена, има ли начин да ја изнесам надвор без да ја исшокирам и без да ме напраи лом од гребење, а и ако веќе успеам да ја изнесам, онда како да напраам да не се склупчи на едно место и да не мрда, него да се движи?
2. Пред половина година мачето ми падна од прозор (живеам на 5-ти спрат). Од тогаш никако не оставам отворен прозор или балконска врата кога е она присутна у собата, и за да излуфтирам, секогаш ја затворам у друга соба.
И тоа у зимо,кога е ладно, се издржуе некако, али сега у лето не ок да седам со затворени прозорци (плус дома сите сме пушачи, па проветрување е неопходно).
А, како што кажав, за да отворам прозор у една просторија нејзе морам да ја затворам у друга, и на тој начин приморана сум да ја оставам сама у соба, што на нејзе и смета (мјаука,пробува да ја отвори кваката и сл.) а мене ми се кине срцето што просто како да моли да ја пуштиме и да биде со нас.
Затоа, ме занима дали сеуште постои реална опасност пак да падне од прозор и дали има начин да ја спречам да се качува на прозорци, или единствена варијанта ми е ова што го праам до сеа?