Мачки (општи дискусии)

lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
Незнам,исто било како за куче,против сите надворешни паразити.Не оштетува влакно многу е нежно не е ни кожа.Ефектот му е 5 месеци.Цело лето ќе поминам со неа.А ампулите кај мене не се добар избор,досега само ампули ставав,го бањам двапати неделно и брзо се губи дејството,вака можам да му ја ставам само недвор кога одам,иако не му смета тенко е.Немаше во моментот такви за мали кучиња теба да чекам да набават нова роба,а итно ми беше.Инаку од марки на каишки за надвор,паразити најефикасни се Ескалибур,овде никаде ги нема,само србија.Знам другарками чува голден,она е се на такви,тетките и ги носат од србија,и никаков проблем немала досега.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Незнам,исто било како за куче,против сите надворешни паразити.Не оштетува влакно многу е нежно не е ни кожа.Ефектот му е 5 месеци.Цело лето ќе поминам со неа.А ампулите кај мене не се добар избор,досега само ампули ставав,го бањам двапати неделно и брзо се губи дејството,вака можам да му ја ставам само недвор кога одам,иако не му смета тенко е.Немаше во моментот такви за мали кучиња теба да чекам да набават нова роба,а итно ми беше.Инаку од марки на каишки за надвор,паразити најефикасни се Ескалибур,овде никаде ги нема,само србија.Знам другарками чува голден,она е се на такви,тетките и ги носат од србија,и никаков проблем немала досега.
Незнам дали има од тие како шампон се се прават како пеена. Најефикасни се и делуваат одма. Инаку пронајдов уште еден продукт, а изгледа вака



Со гаранција на 2 години ефикасност и биолошки тестирано.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Од мое искуство: имам пластично корито за песок, отприлика 35х50см и 10-12 см висина, а песок сум купувала од продавница, специјален кој ја впива течноста (мокрачата станува како грутка моментално), со или без мирис (има парфимиран песок по продавниците). Цената колку што памтам беше околу 500-600 ден. околу 5 литри, а трае околу 1 месец. Има и поевтини варијанти, кои во моето искуство не се покажале како добри (не впиваат добро и брзо замирисуваат).
Коритото првиот пат, по правило, го полнам нешто повеќе од половина во висина, инаку рамномерно по целата површина, а потоа само се дополнува колку што треба. Инаку чистење на песокот според мене мора да е редовно (секој ден, обично навечер), бидејќи ако се преполни (а се полни брзо) стварно многу мириса, а има голема можност мачката при закопување на новиот "пакет" да се зацапа у стариот и да го разнесе низ стан (бљак).
Инаку, да се научи маче каде да врши нужда нема никаков проблем. Ја кога ќе донесам мало маче, обично прво го спремам песокот и го ставам мачето на него (за да го осети), а го оставам само да излезе за да го запамти патот. Ако е многу мало, првите неколку пати откако ќе му дадам јадење (пошто кога се мали нужда вршат речиси одма по јадењето), внимавам да сум во близина и повторно да го усмерам само да отиде до песокот...И после НЕМА ГРЕШКА, гарантирано. Малку трпение на почетокот и после раат.
Инаку, кога мачка ќе почне да излегува надвор на шетање, веќе практично и не го користи песокот (или мнооооогу ретко), така да тоа и е уште еден ПЛУС!

Во врска со чистењето на песокот, да дообјаснам, значи кај овие апсорбирачките песоци мокрачата станува како грутка и а "кафеавиот" дел се дехидрира, така да со лопатче лесно и без да се размачка може да се отстрани од коритото (при тоа чистењето е мин. после 10 мин, мислам дека стои во упатство). Откако ќе се отстрани отпадот се дотура нов песок (ако има потреба, по сопствена проценка) за да има мачето доволна количина за закопување. И така, со редовно дополнување една кеса песок може да трае до месец дена. Обично после месец дена, потрбно е да се исфрли целиот песок и да се почне со нов, бидејки замирисува. Ова е по сопсвена проценка.

Во врска со стерилизирањето...па и не сум голем приврзаник на оваа идеја. Важно е човек добро да размисли дали ќе се одлучи на ваков чекор, бидејќи сум читала дека може да има и негативни последици за животното (брзо и непропорционално дебелење, проблеми со мокрењето кај мажјците, опаѓање на имунитет, намален интерес за одржување на хигиена и сл.), но лично немам вакво искуство. Сум читала дека, сепак се препорачува за мачки кои што се чуваат само во стан-и е логично, бидејќи нагонот тешко може да им се контролира.
 
Ј

јовица11

Гостин
Денес си земав ново маче, па да се пофалам:vozbud:. Помина скоро година одкако ми умре претходното и дојде време за нов член во мојата фамилија. Марко три му е името и преубако е.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Честито јовица11 за новото пријателче. Искрено ти завидувам, бидејќи јас не можам да си земам едно (а толку сакам)...нетолерантен комшилук, мислам дека овде кај мене им имаат објавено војна на мачките :( Поздрав и среќно!
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
ima li spas od bolvi ?
Има, се разбира. Јас користев Bolfo спреј, за кучиња и мачки е (мислам дека така се викаше), и е доста ефикасен. Првин испрскаш маче, после некое време треба да го исчешлаш со ситен чешел за да испаднат болвите (а и не мора). Треба да внимаваш како и каде прскаш (види упатство најубаво), но не смее да е во близина на очи и нос/уста. Во еден случај имам користено и ампула Frontline, која се капнува на вратот одозгора-всушност на место кое мачката не може да го дофати при чистење (лижење). Само треба ДА ВНИМАВАШ на дозирањето (на ампулата) или начинот на аплицирање на спрејот, особено ако се работи за мало маче, за да не го затруеш. Мислам дека инсектицид против болви сличен на ампулата, ставаат и во ветеринарните амбуланти...па ако сакаш стручно да го истретираш, однеси го на ветеринар. Огрлица не сум користела, бидејќи моите мачки биле ШЕТАЧИ, па ми било страв да им ставам нешто околу врат што може да ги кошта живот...Најдобро е да си пршаш по PET SHOP-овите, сигурно ќе ти препрачаат нешто добро, бидејќи постојано излегуваат нови и ефикасни производи. Крлежи на мачка немам видено, а сум слушнала дека е МНОГУ ретка појава, така да од таа страна немаш многу грижа...И уште нешто за болвите-можеш да ги чистиш на СТАРИОТ ДОБАР НАЧИН-рачно, со чешелче вадиш, забавно е, има акција, бегање и ловење, ама е доста заморно особено ако е во прашање голема "работна" површина...мала шала за крај, ПОЗДРАВ и среќен ЛОВ!
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Денес си земав ново маче, па да се пофалам:vozbud:. Помина скоро година одкако ми умре претходното и дојде време за нов член во мојата фамилија. Марко три му е името и преубако е.
Големо да растит, стави слика ако имаш да ти подзавидиме и ние:pipi:

И јас од кога сакам маче мало да си земам, ама не испаднало прилика, само машки мачори имам дома, па нема од каде принова да добијам:toe:
 

^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
Има, се разбира. Јас користев Bolfo спреј, за кучиња и мачки е (мислам дека така се викаше), и е доста ефикасен. Првин испрскаш маче, после некое време треба да го исчешлаш со ситен чешел за да испаднат болвите (а и не мора). Треба да внимаваш како и каде прскаш (види упатство најубаво), но не смее да е во близина на очи и нос/уста. Во еден случај имам користено и ампула Frontline, која се капнува на вратот одозгора-всушност на место кое мачката не може да го дофати при чистење (лижење). Само треба ДА ВНИМАВАШ на дозирањето (на ампулата) или начинот на аплицирање на спрејот, особено ако се работи за мало маче, за да не го затруеш. Мислам дека инсектицид против болви сличен на ампулата, ставаат и во ветеринарните амбуланти...па ако сакаш стручно да го истретираш, однеси го на ветеринар. Огрлица не сум користела, бидејќи моите мачки биле ШЕТАЧИ, па ми било страв да им ставам нешто околу врат што може да ги кошта живот...Најдобро е да си пршаш по PET SHOP-овите, сигурно ќе ти препрачаат нешто добро, бидејќи постојано излегуваат нови и ефикасни производи. Крлежи на мачка немам видено, а сум слушнала дека е МНОГУ ретка појава, така да од таа страна немаш многу грижа...И уште нешто за болвите-можеш да ги чистиш на СТАРИОТ ДОБАР НАЧИН-рачно, со чешелче вадиш, забавно е, има акција, бегање и ловење, ама е доста заморно особено ако е во прашање голема "работна" површина...мала шала за крај, ПОЗДРАВ и среќен ЛОВ!
mu kupiv kaivce vcera 210 den :) i od mirisot begaat ima miris kako onie sakazine minti ako se sekavate :),i kako so gleam sea nema
 
Член од
23 јуни 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Јас незнам какво каивче си зел,сепак еве и кај мене нема,не делуваше одма но сега стварно нема,кратко е влакното па можам да видам добро.Јас го препорачувам тоа што го ставив погоре,многу е нарачно и лесно за носење,ако не ампула.Тоа со шампони и спрејови е краткотрајно,се ќе мора да си го прскаш.Ниту тоа што е неопетроид не помага,напротив по него си лазат.Тоа ќе прошета некоја,немаш 100% загарнатиран сигурнос,ама ја снемува бргу,има нешто што ги одбива,а и не се скапи.Јас за мачка зедов па делува и на куче.Чисто да си кажам од искуство,оти периодов до септември е проблематичен со паразити,зимно време ги нема толку.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Мислам дека каивчињата се ОК. И се сложувам со Transmacedonia дека спреевите и ампулите имаат краткотрајно дејство и дека мора да се повторува постапката во одреден период. Од друга страна и огрлицата има рок. Човек треба да си пресмета што му е поисплатливо...
Сум забележала дека мачка не можеш 100% да ја исчистиш од болви, мора да има по некоја ту-и-тамо (можда дека моите искачале надвор стално), и покрај спрееви и ампули...:)
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
ех неможи, искапи ја со бетадин(јод со шампон) и нема да има ништо неколку дена само ке мириса на јод а то и не е баш најпријатно сепак пред да се стави огрлица или нешто друго за заштита татко ми(ветеринар) вика и за мачките и за кучињата да се искапат со бетадин нема несакани дејствија барем со моето досегашно искуство со кучиња и мачки(но да не се нанесува на главата на животинката за да не му влези в очи пошто сепак има шампон па ке му љути на очите)
 
D

DartWader

Гостин
Едно прашање колку трае бременост кај мачките?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom