Мачки (општи дискусии)

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
3. Mawecko Зошто да не го пуштаат во кревет? Мачката е најчисто домашно милениче. Постојано се лиже и мие и тоа е сосема доволно доколку хигиената во вашиот дом е на пристојно ниво. Спиење со мачето е најубаво на светот, само внимавајте особено додека е малечко некој да не го згмечи, може да го повреди.

4. Песок се продава во сите продавници за миленичиња, специјализиран, и не е воопшто скап. Детали најубаво ќе ви кажат во продавницата во зависност од песокот, но и да заборавите, доволно е да видите во каква состојба се наоѓа тоалетот на мачето и ќе знаете дали треба.

5. Нема потреба од надвор, но е убаво за мачето да протрча. Кога ќе стане повозрасно и способно да прескокне, може и да замине засекогаш. За жал.
Пушта влакна. Колку е хигиенски да ги вдишеш објасни ми.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Пушта влакна. Колку е хигиенски да ги вдишеш објасни ми.
Пушта влакна, мачка е. Тоа е као да речеш лае за куче. И влакната можат да бидат опасни, да, само што веројатноста е многу мала. А со редовно четкање веројатноста се сведува на минимум. :helou:
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Зошто мачката да не спие во кревет? Баш опушта кога ќе оклучи моторот за предење :) Ако се влакната проблем ќе бидат и при милување нели :toe:

Инаку за песок е најубаво да се стави купена и најдобро во ваков тоалет

Би препорачала песок од оние кои го прават уринот ко топка кое може да се отстрани. Незнам на македонски како се вика :toe: И се менува на секои 3 недели дека се троши со отстранувањето.
 
Сум чувала мачка. Ваква беше. И сите потребни ритуали ги проаѓавме, па пак пушташе влакна, посебно на лето.
И не реков дека чувството не е убаво да спиеш со мачката, додека се мази и ти преде, но не е правилно. Имам и статии читано, каде што доктори предупредуваат дека не е здраво да се спие со животно, посебно за помали деца. Така да, не измислувам. Тебе никој не ти забранува да си спиеш со мачката.:helou:
 
А

Александра Д.

Гостин
Имам 3 женски, така големки и 4 малечки. Обожавам мачиња!!!
Уште од 2 години чувам. :back:
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Зошто мачката да не спие во кревет? Баш опушта кога ќе оклучи моторот за предење :) Ако се влакната проблем ќе бидат и при милување нели :toe:

Инаку за песок е најубаво да се стави купена и најдобро во ваков тоалет

Би препорачала песок од оние кои го прават уринот ко топка кое може да се отстрани. Незнам на македонски како се вика :toe: И се менува на секои 3 недели дека се троши со отстранувањето.
Не се сеќавам дека некогаш сме купувале песок за мачката, од почетокот дури беше мала, одеше на балкон, таму вршеше нужда, а после излегваше надвор. 2 пати денот излегваше, ама штом извршеше нужда одма влегваше и се капеше можи (да не претервам) пола сат. Спиеше со дедо ми, во нозете, на креветот над јорганот секогаш дедо ми постелваше ќебенце за неа и таа таму спиеше, не одеше ни сантиметар полево или подесно од ќебенцето. Ја чувавме 15 години и во тие години ниту еднаш не напрај грешка, на пример дома да се измоча или слично. Ми умре пред 2 недели, многу ни фали :(
Ете ја лепотицата Фифи:

Имаме и мачор. Најголемиот дебел дебил на светот. Тој му е внук на Фифи (од ќерка :)). Прво беше кај едни пријатели, па тие го чуваја една година, ама ни го вратија. Тогаш имавме малку мака со него бидејќи беше поинаку научен. Му купвавме песок, имав забележано дека (како што спомнаја погогре) не сака песокта да му биди блиску до јадењето или до местото кај што спие.

Ете го дебилчето Били:
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Хахахахахах, каков е тромав. Душиче x)
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Не се сеќавам дека некогаш сме купувале песок за мачката, од почетокот дури беше мала, одеше на балкон, таму вршеше нужда, а после излегваше надвор.
Се убаво дур има каде да излегува и да врши нужда, но ако е во стан и е мачка само за во стан тогаш нема каде да излегува. Песок ко песок може и од надвор да се земе но има ризико за бактерии и по многу кратко време смрди :S Така да за мачки кои се чуват во стан или само дома и не се пуштат надвор најдобра алтернатива ти е купениот песок кој верувам не е скап.

Жал ми е за мачката која ви починала :( Ама толку некаде им е векот, најмногу до 17/18 години :(

Сум чувала мачка. Ваква беше. И сите потребни ритуали ги проаѓавме, па пак пушташе влакна, посебно на лето.
И не реков дека чувството не е убаво да спиеш со мачката, додека се мази и ти преде, но не е правилно. Имам и статии читано, каде што доктори предупредуваат дека не е здраво да се спие со животно, посебно за помали деца. Така да, не измислувам. Тебе никој не ти забранува да си спиеш со мачката.:helou:
Од кога памтам за мене памтам и дека спиев со мачки, па до сега немам ништо осетено :))) Ама ако статии така велат да им веруваме ;)
 
Малата

Smile..It Confuses People
Член од
2 јуни 2009
Мислења
40
Поени од реакции
3
ех мачиња многу си ги сакам
моето си го чувам веќе 5 години ама сега бев на алерго тест и ми најдоа на него алергија што да правам сега неможам да го допрам ми спие далеку од мене :(
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Се убаво дур има каде да излегува и да врши нужда, но ако е во стан и е мачка само за во стан тогаш нема каде да излегува. Песок ко песок може и од надвор да се земе но има ризико за бактерии и по многу кратко време смрди :S Така да за мачки кои се чуват во стан или само дома и не се пуштат надвор најдобра алтернатива ти е купениот песок кој верувам не е скап.

Жал ми е за мачката која ви починала :( Ама толку некаде им е векот, најмногу до 17/18 години :(

Од кога памтам за мене памтам и дека спиев со мачки, па до сега немам ништо осетено :))) Ама ако статии така велат да им веруваме ;)
Толку му е векот, (има исклучоци, мачката на тетка ми ете ја 20 година тера) зато и нејќам да чувам, многу ги сакам ама ко ќе треба да се разделам срцето ми се пара. И покрај сите трауми шо ги имам доживеано, пак си зедов куче :)

Инаку имам читано и јас дека е опасно да се спие со мачка, ама и јас сум цел живот со животни. Досега не сум имала никакви проблеми...
Обавезно четкање треба, се намалува опасноста (колку толку).
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
16
Поени од реакции
1
po mene macka e najmilo zivotince Site macki ne pustaat vlakna,zavisi od rasata ili pustaat samo eden perid vo godinata.Sepak ne se slozuvam za spienje so macka.:toe:
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Po tvoe mislenje kakva pesok treba da mu zemam.Mora li da bide kupecka ili moze i obicna sitna pesok.Daj tvoj sovet
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Po tvoe mislenje kakva pesok treba da mu zemam.Mora li da bide kupecka ili moze i obicna sitna pesok.Daj tvoj sovet
Не мора да е купечка, ама според мене поарна е купечката од обичната, не шири ич миризба, а во обичната можи да има секакви бактери.
И мислам дека не е скапа.
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Ve molam kazete uste nekoi informacii vo vrska so mackite.Dali i kolku pati treba da se banjaat,so sto i kako.Dali treba da se vakciniraat .Kolku pati treba da se nosat na veterinar i slicno.I ako imate drugi pozelni informacii za bilo sto okolu mackite kazete ne se sramete.Dali noktite treba da im se secat?????POzzz
 
Д

Демијан

Абе види,јас имав маче и го чував 10-11 години.Немаше никаква вакцина ставено,јадеше секакво јадење некогаш и рипчиња му купував,спиеше дома а се шеткаше и надвор.Ми умре пред две години,не ја најдов ама едно утро не дојде и од тогаш никогаш не се појави.Сега ја имам нејзината ќерка и две внучиња нејзини.

Мачката е многу самостојно животно и не требаат многу секирации околу нив.

Не сакаат да се бањаат ни да им се сечат нокти,само јадење и вода да имаат:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom