Матура

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Па подразбирам да си учел математика од прво одделение до средно, затоа што ако не знаеш да собираш дропки, нема да можеш да решиш равенка со дропки, неравенка со дропки, да не зборувам за тригонометријата итн...
Ама математиката за матура воопшто не е сложена. Колку што се сеќавам ништо од тоа што се учеше во 4та година воопшто го немаше. Значи интеграли изводи лимеси трогонометрија комбинаторика и веројатност нема. Што ти останува?
Немој да ми кажеш дека некој нема капацитет да научи како да пресмета волумен на топка или пирамида, или да пресмета растојание помеѓу две точки во простор? Колку што се сеќавам прелани на матурата овие две беа најтешките задачи :D
Не викам дека не се учи математика, и ја мислам дека секој ако посвети време „ќе го биде“ за математика, ама ипак мислам дека не треба да ја има на матура како задолжителна..
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Со сила ништо нема да постигнат.Ако некој наумил да се запише на некој факултет каде нема математика,математика матурата нема да го премисли да се запише на технички факултет.Тоа е факт!Тоа е исто како оние што сакаат да се запишат на технички да им стаат на матура да полагаат вовед во право или филозофија како задолжителен.Премногу го уништуваат образованието на овој начин.Јас иако го поминав ова(за голема среќа) сум многу против ова.Знам дека ќе го прават лесен али која е поентата во тоа?Подобро нека биде тежок ама да го полагаат тие што ќе идат на технички факултет.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
Учете математика, it will make you better people. Не, сериозно, многу ви е глупава изреката 'што ќе ми е мене математика за на правен/економски/ФОН'.Некои луѓе така го поминуваат цело основно и средно. И после што, се запишуваат на економски и плачат од Драги Јанев, не можеле да положат математика. Се запишуваат на фармација и си го влечат математика испитот, зашто има интеграли, а нели нив не ги бива за математика. A, баш е проста математиката у средно и треба на секоја човекова единка да и е понижување да рече дека не ја бива за математика, мислам, самите се омаловажувате и си ги криете и потценувате способностите. Или што е полошо некој уште како мали, најчесто родителите кои не знаеле да ви објаснат, ве убедиле дека вас не ве бива за математика или за било што, оти тоа им било полесен чекор отколку да ве пратат на приватни часови или да најдат чаре да го научите тоа што тие не го знаат и вие тоа го сфаќате здраво за готово, толку, my life is ruined. Застанете еднаш цврсто на нозе, размислите кои сте вие и што можете доколку сакате!
 
Член од
5 септември 2010
Мислења
37
Поени од реакции
31
Како ќе пресметате просек на оценките од минатата година вклучувајќи ги притоа и оценките од екстерното полагање? Дали за предметите кои што сте ги полагале се пресметува просек или и тие два предмета кои што сте ги полагале на екстерното влегуваат како посебни оценки за два ,,други'' предмета?
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Државнава матура имат рок на траење, разбрав дека 3 години ми важит за да се запишам на факултет после тоа пак ќе требит да полагам матура ако сакам да се запишам?
 
Член од
8 февруари 2012
Мислења
83
Поени од реакции
3
Некој да не има искуство со полагање екстерен физика на матура? Дали е премногу тешко ?
 
Член од
8 февруари 2012
Мислења
83
Поени од реакции
3
епа оваа година имаме физика,биологија,хемија,филозофија,бизнис.. и др се јазици..
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.435
Поени од реакции
58.784
Тогаш нема кој да ти одговори на прашањето :)
Вие сте прва генерација што ќе полагате физика екстерно.
 
Член од
8 февруари 2012
Мислења
83
Поени од реакции
3
а интерно тешко беше ? и од сите 4години се полага или има некоја која се исфрла?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.976
Поени од реакции
11.617
Интерното тестирање е организирано од самото школо и ќе ве чуваат професори од вашето школо. Прашањата (барем во нашето школо) по сите предмети ни ги даваа однапред.

Така да, разликата меѓу есктерно и интерно тестирање е голема. Не дека на екстерно нема препишување и слично (секако, зависи од каков е тестаторот што ќе ве чува). Соодветно, и на интерно полагање може да ти се падне некој професор кој нема да ти даде да мрднеш што се вика (ја имав таков еден).

Е сега за материјал, што како, не знам искрено. Треба да има испитни програми за екстерните предмети, како што има за македонски пример.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.435
Поени од реакции
58.784
Интерно има разлика од школо до школо, од професор до професор, зашто тие сами ги составуваат тестовите.

Полагавме за материјалот од првите 3 години. Четврта година ја исфрлија зашто физиката беше изборен предмет. Природно-математичко А и природно-математичко Б подрачје учат различна физика.

Прашањата беа на заокружување, надополнување и неколку задачи за решавање.
Имаше општи прашања, дефиниции, мерни единици, формули...
 
Член од
8 февруари 2012
Мислења
83
Поени од реакции
3
ахам ако е на заокружување ке има барем за едно 2че :D
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.976
Поени од реакции
11.617
Па со заокружување и ќе бидат. Ако не се лажам математика сите беа со заокружување така? Или беа дел такви дел да ги решиш цели. Нема шанси да е само со решавање бидејќи ќе изгубат премногу време во прегледување.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.435
Поени од реакции
58.784
И математика беше исто.
Прашања на заокружување, надополнување и решавање.

Тоа е стандард за матурава. По сите предмети е така :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom