- Член од
- 7 февруари 2011
- Мислења
- 211
- Поени од реакции
- 105
Бидејќи сме колеги ќе ти одговорам како колега.Не мислам, ама тука не зборуваме за такви случаи, зборуваме за оние плачковци што паѓаат во несвест од обично боцкање во вена. Не ги праќаат сигурно редовните пациенти во брза помош да им вадат крв за обична крвна слика. И "ако колабира и се здобие со фрактура на череп" е еднакво на "што ако си одам по улица и одеднаш падне саксија, ме удри по глава и ме убие". Се случува, да, но ретко е. Обично вадењето крв во нормална лабораторија е безопасна процедура. Секако, секогаш има исклучоци, нели.
Кој прави крвна слика секоја недела? Кој матичен доктор по телефон ги вика пациентите да дојдат? Обично не може да стигнат на ред пациентите кај матичниот, им вика дека ништо не им е и ги праќа дома или со никаква терапија, или со некој пресилен антибиотик за вирусна настинка. Барем така е во Скопје, во другите градови не знам како е.
И пак ќе кажам, убаво разгледај, СЕКАДЕ во постовите пишува консултација со матичен лекар.
Доста беше офтопик на темава.
Ако имаш да дадеш некој коментар за нечии резултати, повели. Ако не, коментирај на соодветна тема, не овде.
Значи ако не си се сретнал лично со такви случаеви не значи дека ги нема.. Ајде да зборуваме со аргументи тогаш.
Случаевите што ги опишав лично јас сум бил на смена кога ми јавиле да дојдеме брзо бидејќи на некој му се слошило или расцепил глава.
Тој што расцепи глава (болдираниот плачко) сега трипати ќе размисли дали да прави крвна слика..бидејќи имал страв од игли се онесвестил и паднал. И сега матичниот лекар мислиш отиде да виде што се случило? Дозна дури по 2 дена
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Дај биди реален - не велам дека во Брза Помош се прават редовни крвни слики туку дека од премногу писарска работа на матичните лекари - почнаа да забораваат медицина..
Дали е факт дека ако ги исполни целите матичниот лекар ќе земе пари??? Факт е.
Што спаѓа во исполнување на цели? Крвна слика,Ртг снимка..итн итн
На колку месеци се прават целите? На 3.
Дали и потполно здрави луѓе непотребно прават крвна слика и се зрачат? Да. Хумано ли е ? ....
![Палец долу (n) (n)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsdown.png)
Кој ќарува од тоа? Фондот и матичните лекари..
А Пациентите (и старо и младо,и здраво и болно и непокретно) се викаат масовно да прават испитувања кога истекува рокот за исполнување на целите.
Кој матичен доктор по телефон ги вика пациентите да дојдат? Обично не може да стигнат на ред пациентите кај матичниот.
Не се секирај - откога ќе му заврши смената ќе им се јави попладнето на сите пациенти или пак сестрата ќе го направи тоа. Плус и бомбонче ќе ви дадат да не ви падне шеќерот
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Значи сфаќате зошто сега има повеќе гужви пред лаборатории и на РТГ? Заради целите што мора да ги исполни матичниот..Така му наложува Фондот за Здравство и така мора да направи
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Кој прави секоја недела и каде?
Во приватните ординации и поликлиники во Скопје па и во внатрешноста некои си имаат свои лаборатории.. Таму пак све се решета. И тоа секоја недела.. Во Скопје..и секаде..
За да бидеме на темата - значи крвна слика? - Да. Со Индикација и 1 годишно контрола. Интерпретација сами? На свој ризик.(Долу објаснето пример каде може да се зезнете)
Не велам дека не пишувате дека треба да се консултираат со матичниот лекар, туку дека поради тоа што на интернет можат да прочитаат - не идат на лекар.
Зошто да не си ги сам прочитам резултатите? Па денес има све на интернет!!!
- За да не скинеш конци.
![Збунет :confused: :confused:](/styles/default/xenforo/smilies/confused.png)
Еве уште еден случај за воља на вистината;
Пациент 14 години - се жалела на болки во стомакот и лошење.
1. Прв Ден - Третирана од матичниот како Pharyngitis acc.
2. Втор ден - повторно болки во стомак - повраќање. Третирана како Gastroenteritis.дадено чаеви,антибиотска терапија, препорачано течности и витамини
4 - Ден: неподносливи болки - Spasmex
5 - Ден: сеуште прима антибиотска терапија и до сега направила 4 крвни слики (во рок од 5 дена)
Значи првата крвна слика имала индикација(оправдано испитување). Сите резултати биле исти - Замислете леукоцити и седиментација нормални
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
6. Ден - Примена во Брза Помош - Ехо на абдомен(Знаци за субакутен апендицит) - и позитивен Маc Burney и defans.. Крвна слика - пак нормална - најверојатно поради приманата антибиотска терапија - маскирање (Овде има индикација). Однесена на Хирургија.
Значи - ете зошто не би ви препорачал на своја рака да интерпретирате и еве пример каде примената на крвната слика навистина има вредност.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Тој што ве пратил - Тој ви ја чита. Никаков Свети Интернет нити Надрилекари нити Баба Ванѓа..