Матични лекари - промена на лекар, препораки, искуства

Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Не мислам, ама тука не зборуваме за такви случаи, зборуваме за оние плачковци што паѓаат во несвест од обично боцкање во вена. Не ги праќаат сигурно редовните пациенти во брза помош да им вадат крв за обична крвна слика. И "ако колабира и се здобие со фрактура на череп" е еднакво на "што ако си одам по улица и одеднаш падне саксија, ме удри по глава и ме убие". Се случува, да, но ретко е. Обично вадењето крв во нормална лабораторија е безопасна процедура. Секако, секогаш има исклучоци, нели.
Кој прави крвна слика секоја недела? Кој матичен доктор по телефон ги вика пациентите да дојдат? Обично не може да стигнат на ред пациентите кај матичниот, им вика дека ништо не им е и ги праќа дома или со никаква терапија, или со некој пресилен антибиотик за вирусна настинка. Барем така е во Скопје, во другите градови не знам како е.
И пак ќе кажам, убаво разгледај, СЕКАДЕ во постовите пишува консултација со матичен лекар.
Доста беше офтопик на темава.
Ако имаш да дадеш некој коментар за нечии резултати, повели. Ако не, коментирај на соодветна тема, не овде.
Бидејќи сме колеги ќе ти одговорам како колега.
Значи ако не си се сретнал лично со такви случаеви не значи дека ги нема.. Ајде да зборуваме со аргументи тогаш.
Случаевите што ги опишав лично јас сум бил на смена кога ми јавиле да дојдеме брзо бидејќи на некој му се слошило или расцепил глава.
Тој што расцепи глава (болдираниот плачко) сега трипати ќе размисли дали да прави крвна слика..бидејќи имал страв од игли се онесвестил и паднал. И сега матичниот лекар мислиш отиде да виде што се случило? Дозна дури по 2 дена :)
Дај биди реален - не велам дека во Брза Помош се прават редовни крвни слики туку дека од премногу писарска работа на матичните лекари - почнаа да забораваат медицина..
Дали е факт дека ако ги исполни целите матичниот лекар ќе земе пари??? Факт е.
Што спаѓа во исполнување на цели? Крвна слика,Ртг снимка..итн итн
На колку месеци се прават целите? На 3.

Дали и потполно здрави луѓе непотребно прават крвна слика и се зрачат? Да. Хумано ли е ? ....(n)
Кој ќарува од тоа? Фондот и матичните лекари..

А Пациентите (и старо и младо,и здраво и болно и непокретно) се викаат масовно да прават испитувања кога истекува рокот за исполнување на целите.

Кој матичен доктор по телефон ги вика пациентите да дојдат? Обично не може да стигнат на ред пациентите кај матичниот.
Не се секирај - откога ќе му заврши смената ќе им се јави попладнето на сите пациенти или пак сестрата ќе го направи тоа. Плус и бомбонче ќе ви дадат да не ви падне шеќерот :pos:
Значи сфаќате зошто сега има повеќе гужви пред лаборатории и на РТГ? Заради целите што мора да ги исполни матичниот..Така му наложува Фондот за Здравство и така мора да направи :)
Кој прави секоја недела и каде?
Во приватните ординации и поликлиники во Скопје па и во внатрешноста некои си имаат свои лаборатории.. Таму пак све се решета. И тоа секоја недела.. Во Скопје..и секаде..
За да бидеме на темата - значи крвна слика? - Да. Со Индикација и 1 годишно контрола. Интерпретација сами? На свој ризик.(Долу објаснето пример каде може да се зезнете)
Не велам дека не пишувате дека треба да се консултираат со матичниот лекар, туку дека поради тоа што на интернет можат да прочитаат - не идат на лекар.

Зошто да не си ги сам прочитам резултатите? Па денес има све на интернет!!!
- За да не скинеш конци.:confused:
Еве уште еден случај за воља на вистината;
Пациент 14 години - се жалела на болки во стомакот и лошење.
1. Прв Ден - Третирана од матичниот како Pharyngitis acc.
2. Втор ден - повторно болки во стомак - повраќање. Третирана како Gastroenteritis.дадено чаеви,антибиотска терапија, препорачано течности и витамини
4 - Ден: неподносливи болки - Spasmex
5 - Ден: сеуште прима антибиотска терапија и до сега направила 4 крвни слики (во рок од 5 дена)
Значи првата крвна слика имала индикација(оправдано испитување). Сите резултати биле исти - Замислете леукоцити и седиментација нормални :) Сите други параметри - нормални. Матичниот лекар одговорно ја следел пациентката ама крвната слика има нормален резултат. Зошто??
6. Ден - Примена во Брза Помош - Ехо на абдомен(Знаци за субакутен апендицит) - и позитивен Маc Burney и defans.. Крвна слика - пак нормална - најверојатно поради приманата антибиотска терапија - маскирање (Овде има индикација). Однесена на Хирургија.

Значи - ете зошто не би ви препорачал на своја рака да интерпретирате и еве пример каде примената на крвната слика навистина има вредност. :)
Тој што ве пратил - Тој ви ја чита. Никаков Свети Интернет нити Надрилекари нити Баба Ванѓа..
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Интерпретација сами? На свој ризик.(Долу објаснето пример каде може да се зезнете)
Не велам дека не пишувате дека треба да се консултираат со матичниот лекар, туку дека поради тоа што на интернет можат да прочитаат - не идат на лекар.

Зошто да не си ги сам прочитам резултатите? Па денес има све на интернет!!!
- За да не скинеш конци.:confused:
Еве уште еден случај за воља на вистината;
Пациент 14 години - се жалела на болки во стомакот и лошење.
1. Прв Ден - Третирана од матичниот како Pharyngitis acc.
2. Втор ден - повторно болки во стомак - повраќање. Третирана како Gastroenteritis.дадено чаеви,ант. перапија, препорачано течности и витамини
4 - Ден: неподносливи болки - Spasmex
5 - Ден: сеуште прима антибиотска терапија и до сега направила 4 крвни слики (во рок од 5 дена)
Значи првата крвна слика имала индикација(оправдано испитување). Можеби и последната. Сите резултати биле исти - Замислете леукоцити и седиментација нормални :) Сите други параметри - нормални.
6. Ден - Примена во Брза Помош - Ехо на абдомен(Знаци за субакутен апендицит) - и позитивен Маc Burney и defans.. Крвна слика - пак нормална - најверојатно поради приманата антибиотска терапија - маскирање (Овде има индикација). Однесена на Хирургија.

Значи - ете зошто не би ви препорачал на своја рака да интерпретирате и еве пример каде примената на крвната слика навистина има вредност. :)
Тој што ве пратил - Тој ви ја чита. Никаков Свети Интернет нити Надрилекари нити Баба Ванѓа..
Се согласувам! Ако почнеме со интернет диагнози, не косата. коските ќе ни испаднат од тоа што ќе го прочитаме!
Сам свој лекар...:tapp:! Од живци кинење за наводниот проблем, навистина ќе го добиеш проблемот!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.325
Поени од реакции
7.324
А ако мислиш дека хипогликемијата е многу убава и ништо страшна работа тешко тогаш на твоите пациенти.. Ако е проследена пак со хипотензија и колабирани вени..плус додај му малце шок.. па ќе видиш дали е лесно да му погодиш вена за да му администрираш Гликоза..Ќе бараш после у нога да погодиш некоја..Со овие пациенти се расправаат доктори во Брза Помош а штом така ноншалантно размислуваш..

Другар, тука малку забега, ако еден вазовагален синкоп е проблем тогаш не знам што да кажам , одма исфрчи со хипогликемии, шокови и други срања.

Башка и конфузен си малку, еднаш збориш за непотреби испитувања а после за тоа дека во медицината 2 и 2 не се секогаш 4 (за последното се согласувам)

Шириш скептицизам, па после матичниот нека го убеди пациентот дали има индикација или не...
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Другар, тука малку забега, ако еден вазовагален синкоп е проблем тогаш не знам што да кажам , одма исфрчи со хипогликемии, шокови и други срања.

Башка и конфузен си малку, еднаш збориш за непотреби испитувања а после за тоа дека во медицината 2 и 2 не се секогаш 4 (за последното се согласувам)

Шириш скептицизам, па после матичниот нека го убеди пациентот дали има индикација или не...
Забега пациентот - ова не е измислено - се онесвести и си ја расцепи главата. Не се работи за ширење паника туку системот ги користи докторите да ќари на сметка на незнаење на пациентите. Што ќе му кажеш тоа ќе прави..

- Јас зборев за непотребни испитувања кај тие пациенти што се моментално здрави - а се повикани да прават крвна слика или РТГ за да се исполнат цели..
Сега тебе да ти ѕвонат да правиш крвна слика а се осеќаш здрав - нема да отидеш нели? Ама некои одат.
Ете тоа беше првиот мој пост и поента.
 
Член од
15 септември 2008
Мислења
13
Поени од реакции
4
Да ви го споделам моето искуство денес што го имав во фондот

Денес бев на стоматолог и без мое знаење матичен ми бил друг доктор. Овој доктор ми рече оди во фондот ке те одјават за 5 мин.
Одам во фондот,му кажувам на вработениот дека сакам да сменам матичен.Овој ми вика немаме обрасци дојди утре,ако сакаш денес оди кај матичниот лекар.
Излегувам од таму се јавувам ја во фондот на еден бесплатен број што е да се информираш за твоите права,му ја објаснувам ситуацијата на овој и го питам како е можно фондот да остане без обрасци. И овој ми вика сеа ке се јавими да провериме дај ми го твојот број и ке ти се јавиме за 15 мин. Чекам и ете ги звонат ,ми викат оди сеа имаат се.

Се вракам во фондот кај истиот вработен,тој ме погледнува и немаше потреба да кажам зошто сум дојден.Зима од обрасците кои и претоа стоеја пред него (од кај да знам ја зошто се ) и ја заврсуваме работата за помалку од 5 мин.

На кој и да му треба да промени матицен лекар треба одма да му ја завршат работата.

Поздрав
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Ајде малку хелппп!Имам некои проблеми со нозете.Долго долго време не сум бил настинат и поим немав и кој ми е матичен лекар.Пребарав во книшката и отидов кај докторката но таа да ти починала уште пред 1 годинаo_O.Бог да ја прости докторкава....Не успеав ниту еднаш да ја посетам,додека беше жива:).Е сега спомнав и погоре имам некој проблем кој ме влече еве веќе месец.Докторот кој е примен наместо мојата докторка е неискусен, па таа терапија која што ми ја препорача воопшто не ми помогна.:(.Сметам дека треба да направам некои испитувања,за да се осигурам дека се е во ред,но тој ми вели дека нема потреба.Поради тоа би сакал да си го сменам матичниот.Кои работи треба да ги направам?Другари ми рекоа дека требало да појдам до фонд за здравство и таму да направам промена.Дали е ова точно???
Исто така ќе ве замолам да ми кажете некој доктор,може и тој што ви е матичен,ако сте задоволни од него.Работата е да биде учтив и да е разбран и се разбира да ги познава малку повеќе работите т.е да знае навистина кај да ме упати,а не како овој сега да ме испраќа на Марс:unsure:.Да биде од околината на Центар т.е Аеродром,Кисела Вода,Капиштец или околината.Значи ако сте задоволни од вашиот матичен.Ако сметате дека знае да ги препознава симтомите ве молам препорачајте ми.Може и преку приватно пораче.Благодарност однапред....
 
Bump!!! Tолку нема некоја препорака....:(
 
Во ред!Дајте повеќе предлози па ќе наминам да видам на две три места.Што мислите за Медика Плус.Таа некако ми е најблиску.Бев но гледам дека малку ми е млада и некако неискусна докторката.Па ако може и некој челн ако се лекува таму да каже некој совет.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.325
Поени од реакции
7.324
Во ред!Дајте повеќе предлози па ќе наминам да видам на две три места.Што мислите за Медика Плус.Таа некако ми е најблиску.Бев но гледам дека малку ми е млада и некако неискусна докторката.Па ако може и некој челн ако се лекува таму да каже некој совет.
Каде и да отидеш, исто ти се фаќа.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Во ред!Дајте повеќе предлози па ќе наминам да видам на две три места.Што мислите за Медика Плус.Таа некако ми е најблиску.Бев но гледам дека малку ми е млада и некако неискусна докторката.Па ако може и некој челн ако се лекува таму да каже некој совет.
Тоа што е млад некој доктор не е критериум за неговиот квалитет, како ќе стекнуваме искуство ако сите пациенти размислуваат вака и одат стриктно кај постари колеги. Искуството се стекнува, а младите доктори имаат предност во одност на постарите со тоа што знаењето е и посвежо и помодерно. Конкретно за Медика Плус, ако мислиш на Д-р Ивановска, таа беше еден од најдобрите студенти во нашата генерација, и треба да има стекнато сосема доволно искуство до сега.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Во ред!Дајте повеќе предлози па ќе наминам да видам на две три места.Што мислите за Медика Плус.Таа некако ми е најблиску.Бев но гледам дека малку ми е млада и некако неискусна докторката.Па ако може и некој челн ако се лекува таму да каже некој совет.
Јас бев матична до пред еден месец у медика плус и не би ти препорачала...па човече таму ми наплаќаа све како да сум на приватно, плус што барем 5-6 докторки ми беа матични у период од 2 години. Ќе им отидеш со настинка и една недела примаш инфузии кои сам си ги купуваш а ти наплаќаат плус уште 500 ден за вклучување. Измислуваат се некакви прегледи и испитувања кои одат на приватно и коштаат илјадници денари. Некои од докторките стварно беа фини ама така им било наложено да прават пари само. Не знам како само ги трпев. А да не зборам колку погрешни дијагнози добив од тие нивните специјалисти. Подалеку од нив, навистина
 
Во ред,иако ми е најблиску ќе го послушам твојот совет и ќе ги избегнам...
 
C

cige

Гостин
Како да го сменам матичниот, а при тоа да немам контакт очи-во-очи со него? Затоа што се познаваме и приватно и ми е срам да му речам дека сакам да си го повлечам картонот од кај него.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Како да го сменам матичниот, а при тоа да немам контакт очи-во-очи со него? Затоа што се познаваме и приватно и ми е срам да му речам дека сакам да си го повлечам картонот од кај него.
Иди у фондот, копија од ЛК, книшка и ќе ти дадат одјава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom