Математичка мистерија

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Во фундаменталната физика нема ништо ново 100 години.


Инаку нај лесно е да учиш со Шелдон од БИГ-Банг теори.
ма каков шелдон, во 1991-1995 немаше такви работи. руска литература најмногу
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Истовремено, од два града А и В, еден кон друг тргнале два мотоцикли, Блажо и Цацко
Од А тргнал Блажо со машина сузуки со 125 см3 ( брза машина )
Од В тргнал Цацко со машина хонда со 50 см3 ( спора машина )

Тие се сретнале точно еден час по поаѓањето и незастанувајќи продолжиле секој во својата насока

Блажо ( со брзата машина ) стигнал во В 50 минути порано отколку што Цацко стигнал во А

Колкаво е растојанието помеѓу А и В?
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
не е за предавање, него мене ко да ми фали бар уште една информација, ,пример брзина, ...... или се сретнале на 1/3, или 1/5 од патот и сл. вака некако ко да ми е фалична
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
не е за предавање, него мене ко да ми фали бар уште една информација, ,пример брзина, ...... или се сретнале на 1/3, или 1/5 од патот и сл. вака некако ко да ми е фалична
Точно е сум згрешил. Задачата е фалична недостасува уште еден податок а тоа е дека кога се сретнале Блажо ( побрзиот ) поминал 10 километри повеќе од Цацко
Се извинувам....
Еве ја повторно задачата:

Истовремено, од два града А и В, еден кон друг тргнале два мотоцикли, Блажо и Цацко
Од А тргнал Блажо со машина сузуки со 125 см3 ( брза машина )
Од В тргнал Цацко со машина хонда со 50 см3 ( спора машина )

Тие се сретнале точно еден час по поаѓањето и незастанувајќи продолжиле секој во својата насока. До местото на средбата Блажо поминал 10 километри повеќе од Цацко

Блажо ( со брзата машина ) стигнал во В, 50 минути порано отколку што Цацко стигнал во А

Колкаво е растојанието помеѓу А и В?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве мала помош за решавање на задачата од пост 894
Се работи за така наречени транспортен проблем, затоа да Bе подсетам на знаењата од физика дека патот s е производ на брзината v и времето t. Или напишано со формула s = v*t, v = s/t , t = s/v.
Ако патот кој го поминал Цацко, за првиот час, ( додека се сретнале ) го обележиме со х , тогаш Блажо поминал 10 километри повеќе, или х +10.
Бидејќи се работи за пат поминат за еден час, тоа е и вредноста на нивните брзини
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве го решението на задачата од пост 894
Ако со х го обележиме патот кој го поминал Цацко, за еден час возење ( пред да се сретнат )., тогаш патот што го поминал Блажо е х + 10 километри
Бидејќи се работи за пат поминат за еден час, овие вредности се нивните брзини
Значи вака:
Цацко за првиот час поминал х километри, неговата брзина е исто х, а должината патот кој му преостанува е х + 10. За да го помине преостанатиот пат му е потребно време ( х + 10 )/х . ( времето е количник од патот и брзината )
Блажо за првиот час поминал х + 10 километри, неговата брзина е исто х + 10, а должината патот кој му преостанува е х. За да го помине преостанатиот пат му е потребно време х /(х + 10 )
На Цацко му е потребно поголемо време, а разликата на времињата е 50 минути или 50/60 часови
Од тука следи равенката:

(( х + 10 )/х) - (х /(х + 10 )) = 50/60
НЗС е 6 * х * ( х+10 ) и се добива квадратна равенка:

6 * ( х + 10 )^2 + 6 * x^2 = 5 * x * ( x + 10 )

Кога ќе се реши се добива х = 20
Што значи за првиот час Цацко поминал 20 километри, Блажо 30 километри, а растојанието помеѓу А и В е 50 километри
Уште еднаш се извинувам за грешката во задачата која ја откри @kooperativa
 
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2013
Мислења
597
Поени од реакции
254
Здраво дали некој ке може да ми помогне во врска со ова, никако неможам да решам, во врска е со систем равенки



или еве ворд доккумент таму полесно да решите ако знае некој клик[DOUBLEPOST=1393353776][/DOUBLEPOST]точката . означува множење
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Здраво дали некој ке може да ми помогне во врска со ова, никако неможам да решам, во врска е со систем равенки



или еве ворд доккумент таму полесно да решите ако знае некој клик[DOUBLEPOST=1393353776][/DOUBLEPOST]точката . означува множење
Ако првата равенка ја помножиме со 4 а втората со 12 ќе се ослободиме од именителите., тогаш се добива
2ху + х + у = 4
16ху - 9х + 3у = 36
Ова е систем од две квадратни равенки и најдобро е да го елиминираме квадратниот член ( ху ) за да добиеме една линерана равенка. Ако горната равенка ја помножиме -8 и ја додадеме на долната равенка ќе добиеме линеарна равенка
- 17х - 5у = 4
Од оваа равенка можеме да изразиме у
у = - 3,4х - 0,8
Сега ова у можеме да го замениме во првата равенка 2ху + х + у = 4
2х(- 3,4х - 0,8) + х - 3,4х - 0,8 = 4
можеме да измножиме и ја средиме и добиваме квадатна равенка
- 6,8х^2 - 4х - 4,8 = 0
Ако ја упростиме ја делиме со - 4,
1,7х^2 + х + 1,2 = 0

Оваа равенка нема релни решенија и мислам дека доволно ја решававме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom