Математичка мистерија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
2,87?
според мене, доволни се 0,717 и 4, кои помножено даваат 2,87, ........
ова овака како НЕелегантно решение ;)
Ова е за малку недовршена задача
Точно е
1 м3 гас има 0, 717 килограми метан. За да изгори тој метан потребно е четири пати поголема количина кислород. Тоа изнесува 4 * 0,717 = 2,868 килограми кислород.
Но во еден кубик воздух има само 0,276 килогами кислород и прашањето е колку кубици воздух се потребни за да се обезбедат потребните 2,868 килограми кислород за согорување на гасот.
Одговорот е: 2,868 : 0,276 = 10,39 м3
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве помош околу задачата од пост 824
Еден елегантен начин да се реши задачата е со користење на верижна сметка . Иако не е единствен начин
На оваа страница можете да се подсетите за неа:
http://web.math.pmf.unizg.hr/nastava/s4-prof/gosp_matematika/verizni_racun.html
Таа сметка се користи кога се работи за правопрпорционални величини
Битно е да се постават прашањата и да се наредат така да мерната единица од десната страна е иста со единицата од следниот ред од левата страна и да мерната еденица од првиот став биде еднаков со таа од последниот став
Еве пример како се поставуваат ставовите:

(х) кубици воздух за ------------1 кубик гас
1 кубик гас -------------------------0,717 килограми метан
1 килограм метан-----------------4 килограми кислород
0,276 килограми кислород -----1 кубик воздух
Еве решение со користење на верижна сметка ( производот на десните броеви се дели со производот од левите величини )

х = ( 1*0,717*4*1) : (1*1*0,276) = 10,39

Верижната сметка речиси да не се учи во училиштата во Македонија, а јас Ве „ исплашив “ со неа . А како што гледате е едноставна.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.483
Во секој случај геометриските тела се математичка дисциплина,па овде им е горе-долу местото:vozbud:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.483
е па кога ќе го дефинирам,ќе се пријавам за патент на годината:vozbud:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве една задача од елементарна математика:

Најди трицифрен број, кој е делив со 11 и кај кого збирот на трите цифри е 10
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.644
Поени од реакции
59.500
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Браво, стварно сте добри математичари

Еве решение на задачата:
Нека тицифрениот број е составен од цифрите a, b, и c
Неговата вредност можеме да ја напишеме и вака
100*а + 10*b + с = 99*а + 9*b + а + b + с = 99*а + 9*b + 10
99 е деливо со 11, значи делив со 11 мора да биде збирот 9*b + 10
b може да биде било која цифра од 0 до 9 но збирот е делив со 11 само за b = 5
А тоа значи дека мора да биде а + с = 5, односно а и с се 1 + 4, 2 + 3 или 5 + 0 и обратно
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
154
253
352
451
550

Има игра на бројки тука :)
Има,типично за броеви деливи со 11 е тоа што кога од збирот од секоја втора цифра на бројот ќе се одземе збирот на остатокот од цифрите треба да се добие број делив со 11 или 0.
Па така за некој број xyz
x+y+z=10 треба y-(x+z)=0 во нашиов случај од каде следи
y=5 a (x+z)=5 односно паровите цифри може да бидат (1,4);(2,3);(5,0);(4,1);(3,2)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom