Lurtz, ако масонеријата на време се вмешаше во Македонското општество, немаше истото да биде на ова дереџе на кое што е сега. Ќе беше водено од морални принципи, од далеку почисти идеи и ќе имаше повисоки идеали. За жал, многу доцна се формира македонската ложа, многу бавно се одвиваше процесот на остварување на комуникација со останатите Големи Ложи... Во секој случај, нивното влијание и контакти се одразуваат многу позитивно.
Колку до донации и помагање на општеството - има многу проекти кои се финансирани од масони во Македонија, а за кои не се зборува - од областа на образованието, медицината, науката. Многу е погрешно да се мисли дека масонската ложа може одеднаш да промени се и да ја процвета земјата. Самата масонска ложа НИКОГАШ не се меша во политиката на државата, не се меша во меѓународните односи, единствено и само поединечните масони можат тоа да го направат. Ќе се согласиш со мене, дека во тој поглед, едно е да си во земја која има дво-вековна масонска традиција, стотици илјади членови и изградени врски со другите земји, а сосема друго да си во земја која има ложа само неколку години и одвај стотина членови. Потребно е време и градење на врски.
А колку до инвестициите - во Македонија што и да се направи, секогаш некој ќе мисли дека е негативно. Има доста примери на успешни инвестиции, само што никој не ги гледа нив, затоа што неуспешните се поинтересни за озборување.