Зошто таинственост? Па има повеќе од доволно причини за таинственоста.
-На пример дадениот збор кој треба да го отслика карактерот и да биде репер за тоа колку доверлива е една личност која утре треба да ја нарекувам брат или сестра. Не е за џабе муабетот - колку ти вреди зборот, толку вредиш и ти.
-Потоа тука ти се разните фанатици кои се спремни да уништат и убијат било кого доколку решат дека тоа е закана за нив или нивната религија, нација, партија, идеологија. Што се случи со темпларите, ти текнува?
-Исто така, зошто мојот идентитет да биде на дисплеј на јавноста? Мојот приватен живот е мое право, а тоа Редот го почитува и ги заштитува податоците за идентитетот на своите членови. Дали државната администрација е "трето" затоа што личните податоци на граѓаните ги чува во тајност? Дали банките се "трето" кога за кредитната картичка ти даваат пин (шивра, тајна)? Дали твојот мобилен оператор е "трето" затоа што за твојот кориснички број ти доделува пин (шифра, тајна)