Масони

Z

zmej gorjanin

Гостин
Затоа што процесот на иницијација е приватна работа, нешто сакаме да го споделиме само со оние кои се иницирани.
Голем дел од останатите церемонии се јавни и отворени.

Тука е основната грешка. Масонеријата ниту нуди, ниту претендира дека нуди спасение. Напротив, изрично држи до ставот дека спасението секој сам треба да го бара во својата вера. Масонеријата не е религија, ниту пак има тенденција да биде замена за истата. Никаде не се изедначува Исус, или било кој друг во тој контекст, затоа што едноставно, не се спомнува Исус - нема ниту потреба, ниту како да се спомне. Масонеријата е граѓанско друштво, не религиозно. И во филхармонијата не го спомнуваат Исус, и членуваат луѓе од различни вери. Не гледам разлика...

И ова не е точно. Секој член има само една Света Книга. Но мене не ми пречи тоа што некој друг го смета Коранот за Света Книга. Има луѓе кои сметаат дека треба секаде и постојано да се проповеда верата... јас велам - секаде и постојано треба да се живее верата.

Секој со своите верувања, а другите ги оставам на мира...

Ограничувањето не е за Исус, а за секаква религиозна дискусија. Знам дека околу ова прашање е тешко да се постгигне консензус, но пак ќе речам, јас верувам дека делата зборуваат, не јазикот.

Мракот и светлината се само симболички приказ за да се пренесе морална лекција до
ново иницираниот за разликата меѓу знаењето и незнаењето.

Да. Да парафразирам - Нека Големиот Архитект ја благослови нашата работа и не дари со хармонија и единство. (само за пример)
Јас не сум религиозен, само се ставам во кожата на еден православен христијанин во однос на тоа што тој би мислел околу вашето делување. И пак доаѓаме до тоа дека масонеријата и православието се судираат, инаку не гледам причина зошто и православната црква да не ве поддржи доколку и масонеријата се темели на истите принципи како православието? Ме интересира дали и попови се членови на некои од масонските ложи?

Мрак и светлина - знаење и незнаење. Баратаме со премногу општи поими.. Граѓанско друштво сте а му се молите на Големиот Архитект? И што ако некој смета дека големиот архитект е Сатаната? Дали и него ќе го примите во вашето друштво зошто и Сатаната може да се восприема како Supreme Being?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Кога ја видов оваа слика, прво што прочитав беше АСНОМ :)
Имало ли масони меѓу учесниците на заседанието ?

asnom.jpg
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ако не се лажам, Димитар Влахов бил масон, а истовремено член на (не сум сигурен за Првото) Второто заседание на АСНОМ, а после и на Народното Собрание на НРМ.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
zidarski -дали поседувате список на масони од Македонија од времето на илинденскиот период?

Од гроб станаа славните ѕидари -на кого конкретно се однесуваат овие стихови од оригиналната верзија на македонската химна?
I zašto glupite makedonci go izbrisale ovoj del? Treba da se pisuva povekje za makedonskata masonerija,ocigledno ima golem pridones vo sozdavanjeto na nasata država.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.334
Поени од реакции
26.291
I zašto glupite makedonci go izbrisale ovoj del? Treba da se pisuva povekje za makedonskata masonerija,ocigledno ima golem pridones vo sozdavanjeto na nasata država.
Тоа што масоните го правеле надвор од ложата нема никаква врска со самата ложа. Според тоа што Зидарски го пишува на темава, невозможно е масонеријата да имала било каков придонес.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Јас не сум религиозен, само се ставам во кожата на еден православен христијанин во однос на тоа што тој би мислел околу вашето делување. И пак доаѓаме до тоа дека масонеријата и православието се судираат, инаку не гледам причина зошто и православната црква да не ве поддржи доколку и масонеријата се темели на истите принципи како православието? Ме интересира дали и попови се членови на некои од масонските ложи?

Мрак и светлина - знаење и незнаење. Баратаме со премногу општи поими.. Граѓанско друштво сте а му се молите на Големиот Архитект? И што ако некој смета дека големиот архитект е Сатаната? Дали и него ќе го примите во вашето друштво зошто и Сатаната може да се восприема како Supreme Being?
Сите овие прашања ги имам одговорено, по неколку пати... навистина не можам да се навраќам кон истото.
Што се однесува до православието - може да има конфликт само за луѓе кои недоволно ги познаваат православието и масонеријата.
--- надополнето: 13 мај 2013 во 06:43 ---
Кога ја видов оваа слика, прво што прочитав беше АСНОМ :)
Имало ли масони меѓу учесниците на заседанието ?

Прегледај го приврзокот 63846
Има, но доларот нема врска со тоа :)
--- надополнето: 13 мај 2013 во 06:44 ---
I zašto glupite makedonci go izbrisale ovoj del? Treba da se pisuva povekje za makedonskata masonerija,ocigledno ima golem pridones vo sozdavanjeto na nasata država.
Нема потреба од навредлив однос.
Не верувам дека масонеријата има врска со химната, а и многу малку македонски масони има во тој период, така што не држи таа теза.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Сите овие прашања ги имам одговорено, по неколку пати... навистина не можам да се навраќам кон истото.
Што се однесува до православието - може да има конфликт само за луѓе кои недоволно ги познаваат православието и масонеријата.
Ајде малку посуштинско прашање. Ми кажа дека всушност масоните се занимаваат со сопствено надградување преку изучување на наука, уметност и се останато. Дали ти си напредувал на професионален план со помош на тоа што си го го научил како масон и воопшто кои се твоите бенефити? Бидејќи секое усовршување си има цена, која е цената која што секој човек кој што сака да стане масон треба да ја плати?

И уште едно прашање. Дали Стенли Кјубрик бил масон?:)
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Ајде малку посуштинско прашање. Ми кажа дека всушност масоните се занимаваат со сопствено надградување преку изучување на наука, уметност и се останато. Дали ти си напредувал на професионален план со помош на тоа што си го го научил како масон и воопшто кои се твоите бенефити? Бидејќи секое усовршување си има цена, која е цената која што секој човек кој што сака да стане масон треба да ја плати?

И уште едно прашање. Дали Стенли Кјубрик бил масон?:)
Ја ќе се истрчам овде со предвидување дека зидарски се надградил себеси преку уметноста, и тоа како балетан, чисто бидејќи елегантно ми делуваат неговите писанија.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ајде малку посуштинско прашање. Ми кажа дека всушност масоните се занимаваат со сопствено надградување преку изучување на наука, уметност и се останато. Дали ти си напредувал на професионален план со помош на тоа што си го го научил како масон и воопшто кои се твоите бенефити?
Да, се разбира. Секогаш кога човек напредува на личен план, тоа неминовно се одразува на целокупното живеење - соодветно и на професионален план. Ова не се однесува конкретно на масонеријата - а на секоја форма на учење и усовршување.
Бидејќи секое усовршување си има цена, која е цената која што секој човек кој што сака да стане масон треба да ја плати?
Има цена и цена... членарината е доста ефтина :), но вистинската цена е како и кај секоја друга форма на учење - многу работа, труд, посветеност, воздржаност (се ова е повеќе бенефит отколку цена, но цел живот треба човек да работи на тоа).

И уште едно прашање. Дали Стенли Кјубрик бил масон?:)
Зачудувачки - не е. Барем нема за него податоци, нити во американските, ниту во англиските ложи.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Тоа што масоните го правеле надвор од ложата нема никаква врска со самата ложа. Според тоа што Зидарски го пишува на темава, невозможно е масонеријата да имала било каков придонес.
Зидарски малку си тресе од ракав на оваа тема.
--- надополнето: 13 мај 2013 во 12:29 ---
Сите овие прашања ги имам одговорено, по неколку пати... навистина не можам да се навраќам кон истото.
Што се однесува до православието - може да има конфликт само за луѓе кои недоволно ги познаваат православието и масонеријата.
--- надополнето: 13 мај 2013 во 06:43 ---

Има, но доларот нема врска со тоа :)
--- надополнето: 13 мај 2013 во 06:44 ---

Нема потреба од навредлив однос.
Не верувам дека масонеријата има врска со химната, а и многу малку македонски масони има во тој период, така што не држи таа теза.
Зидарски многу пати е расправано на оваа тема, ти немаш податоци дали нашите револуционери членувале по ложи кој според твоите ставови се нерегуларни или непризнаени или што знам веќе како ги нарекуваш. Ништо во македонската химна не е случајно!
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да, се разбира. Секогаш кога човек напредува на личен план, тоа неминовно се одразува на целокупното живеење - соодветно и на професионален план. Ова не се однесува конкретно на масонеријата - а на секоја форма на учење и усовршување.
Мхм, значи и на професионален и на духовен план? Дали да речеме на Исак Њутон изучувањето на масонските тајни му помогнало да ги постави Трите њутнови закони на движењето или пак законот за гравитација?

Има цена и цена... членарината е доста ефтина :), но вистинската цена е како и кај секоја друга форма на учење - многу работа, труд, посветеност, воздржаност (се ова е повеќе бенефит отколку цена, но цел живот треба човек да работи на тоа).
Интересно, премала цена за така големи бенефити. :) Кој е интересот на ложата тука? Ве усовршува, ве унапредува и што таа добива од тоа? Исто да прашам, си имате професори и ментори или исклучиво сами си учите од масонски книги?

Зошто не одбра формално или конвенционално образование за да се усовршуваш туку одбра да станеш масон? Или па на духовен план си можел да одбереш јога или медитација да речеме.:) Дали пред да станеш масон знаеше отприлика за што се работи или само те влечеше окултизмот?

Зачудувачки - не е. Барем нема за него податоци, нити во американските, ниту во англиските ложи.
Што мислиш зошто филмовите на Кјубрик изобилуваат со масонски симболи? Дали некои од ритуалите во Eyes Wide Shut ти се познати на тебе односно не мора да се масонски туку дали ти е познато некое здружение од скриеното општество да изведува такви ритуали?:)

Можеш ли да ми кажеш "што е финтата" со девојкава што се разиграла? Која е целта на овој ритуал или исклучиво е ради забава? :)

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Мхм, значи и на професионален и на духовен план? Дали да речеме на Исак Њутон изучувањето на масонските тајни му помогнало да ги постави Трите њутнови закони на движењето или пак законот за гравитација?
Тоа само тој си знае... но јас мислам дека секое учење и усовршување те води напред.

Интересно, премала цена за така големи бенефити. :) Кој е интересот на ложата тука? Ве усовршува, ве унапредува и што таа добива од тоа?
Ложата не е некое фиктивмо тело кое има свое независно постоење. Ложата се луѓеро кои членуваат во неа. Така што - "интересот" е взаимен.
Исто да прашам, си имате професори и ментори или исклучиво сами си учите од масонски книги?
И едно и друго. Менторството е на многу едноставен начин - поискусните и поупатените браќа работат со помладите. Тоа е реално "должност". Од лично искуство - кога ги учиш другите, најмногу учиш и самиот. Предавањето на знаење е најголем поттик и самиот ти да стекнеш повеќе знаење.

Зошто не одбра формално или конвенционално образование за да се усовршуваш туку одбра да станеш масон? Или па на духовен план си можел да одбереш јога или медитација да речеме.:)
Јас имам доста солидно конвенционално образование. Двете работи не се исклучуваат взаимно. Во масонеријата најдов работи кои не ги најдов на друго место.
Јогата ме нервира :), а со медитација се занимавам.
Дали пред да станеш масон знаеше отприлика за што се работи или само те влечеше окултизмот?
Многу работи знаев. Знаев многу на тема ритуал и симболика, но имаше многу работи кои ме изненадија - како на пример блискоста на членовите, пријателството, врската што се создава. Може да се каже дека отидов заради знаењето, а по пат открив проширено семејство.

Eyes wide shut нема никаква масонска конотација. Сум чул дека содржо ОТО симболика, но директно не сум сретнал ото ритуали во литературата кои се слични на филмот. Така што е веројатно авторска интерпретација. Други филмови на Кјубрик имаат доста масонска симболика.

Оф... таман ќе помисли човек дека се видел... нема ваков масонски ритуал, а и ова не е масонски собир (и покрај тоа што веројатно се случува во масонска зграда, со оглед на симболите), затоа што тие што седат на исток не носат никаква регалија. Не сум го видел порано видеово, многу забавно, треба да го предложам ова во ложа :)

[/quote]
--- надополнето: 13 мај 2013 во 18:26 ---

А како е кај тебе? Како изгледа тој напредок? На пример се среќаваш со некој проблем на професионален план и тој проблем го решаваш после со масонски симболи и методи?:) Може да лупам зошто ништо не знам околу вашето учење.:D

Па веројатно имате некој раководен орган? Некој што заседава и ги отвара вашите состаноци? Или на пример ако некој ја оштети на некој начин ложата кое е телото што донесува одлука каква ќе биде казната? На кратко каква ви е организационата структура?

А како се мери прогресот на еден помлад брат? Дали преку резултати во реалниот живот спроведувајќи го тоа што го научил во ложата или пак неговата способност исклучиво се гледа на вашите состаноци?
Јас имам доста солидно конвенционално образование. Двете работи не се исклучуваат взаимно. Во масонеријата најдов работи кои не ги најдов на друго место.
Јогата ме нервира :), а со медитација се занимавам.
Кое образование според тебе завзема поприоритетно место во твојот живот? И дали еден масон за целиот свој живот постојано учи или достигнува некој праг?
Многу работи знаев. Знаев многу на тема ритуал и симболика, но имаше многу работи кои ме изненадија - како на пример блискоста на членовите, пријателството, врската што се создава. Може да се каже дека отидов заради знаењето, а по пат открив проширено семејство.
Веројатно милион пати си го одговорил прашањево но дали би ми посочил извори или книги од кои би научил доста за масонството без да читам теории на заговор? И доколку напредокот зависи од посветеноста која е улогата на верата, како таа ти помага да научиш?
Eyes wide shut нема никаква масонска конотација. Сум чул дека содржо ОТО симболика, но директно не сум сретнал ото ритуали во литературата кои се слични на филмот. Така што е веројатно авторска интерпретација. Други филмови на Кјубрик имаат доста масонска симболика.
Не ни реков дека има, зборев генерално за неговите филмови. Ме интересираше поконкретно ритуалот и моментот со романската литургија која одеше наназад што се толкува како исмевање на Бог..
Оф... таман ќе помисли човек дека се видел... нема ваков масонски ритуал, а и ова не е масонски собир (и покрај тоа што веројатно се случува во масонска зграда, со оглед на симболите), затоа што тие што седат на исток не носат никаква регалија. Не сум го видел порано видеово, многу забавно, треба да го предложам ова во ложа :)

Не знаев дека просториите ги изнајмувате и на немасони.:)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
А како е кај тебе? Како изгледа тој напредок? На пример се среќаваш со некој проблем на професионален план и тој проблем го решаваш после со масонски симболи и методи?:) Може да лупам зошто ништо не знам околу вашето учење.:D
Кога еден тинејџер, без животно искуство и знаења, се судира со одреден проблем, тој го решава на различен начин од некој повозрасен, кој има искуство и знаење. Соодветно, човек со малку образование и информација, пристапува кон проблемите различно од оној со многу образование (не мислам само на формално овразование). Се што учиме во животот не гради како личности, го менува односот што го имаме кон луѓето, општеството, семејството, работата. Исто е и со масонеријата - се што ќе научи човек таму, на еден начин влијае врз формирањето на личноста, а тоа влијае врз тоа како се однесуваме, како делуваме. Не е тоа некоја дадена формула или "за овој проблем притисни 2" тип на решение :).

Па веројатно имате некој раководен орган? Некој што заседава и ги отвара вашите состаноци? Или на пример ако некој ја оштети на некој начин ложата кое е телото што донесува одлука каква ќе биде казната? На кратко каква ви е организационата структура?
Има - офицери на ложата. Но, офицерите се членови и се бираат со гласање меѓу членовите, не се некое независно тело од остатокот од ложата. Така што, бенефитот не е за ложата, или за раковдството, туку за секој член поединечно. А ако ти се наоѓаш опкружен со луѓе кои имаат исти или слични вредности и принципи во животот, многу повеќе можеш да научиш, да бидеш подобар, да имаш потпора во животот. Впрочем, како и при секое здружување на блиски луѓе.
А како се мери прогресот на еден помлад брат? Дали преку резултати во реалниот живот спроведувајќи го со тоа што го научил во ложата или пак неговата способност исклучиво се гледа на вашите состаноци?
Формално - преку проаѓањето низ степените и низ офицерската линија. Неформално, нема некој критериум кој се применува надвор од ложата во однос на некој напредок, но кога некој ти е близок, нормално е да приметиш дали кај него има промени или не.
Кое образование според тебе завзема поприоритетно место во твојот живот?
И двете. Не мислам дека би можел да ги раздвојам.
И дали еден масон за целиот свој живот постојано учи или достигнува некој праг?
Ако некој масон мисли дека достигнал праг на учењето, значи дека не разбрал ништо од масонското учење.

Веројатно милион пати си го одговорил прашањево но дали би ми посочил извори или книги од кои би научил доста за масонството без да читам теории на заговор?
Ќе постирам деновиве список со книги, но за жал, на англиски. Има една доста солидна книга на бугарски (само што треба познавање на јазикот за да може да се прочита и разбере) - "Франкмасонството" од Ведар - веројатно најдобрата книга за "почетници" што сум ја нашол до сега.
И доколку напредокот зависи од посветеноста која е улогата на верата, како таа ти помага да научиш?
Верата го регулира нашиот однос кон Бога, Креаторот, Архитектот... Ако нашиот однос кон Него не е регулиран, каков може да биде тогаш нашиот однос кон креацијата? Се разбира, многумина нема да се согласат со мене во врска со ова, но секој има право на свое мислење на оваа тема.
Не ни реков дека има, зборев генерално за неговите филмови. Ме интересираше поконкретно ритуалот и моментот со романската литургија која одеше наназад што се толкува како исмевање на Бог..
Како што реков, не можам да најдам ритуал кој е идентичен со тој во филмот, така што сметам дека е авторска идеја - дури и музиката.
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Втор елемент на злоупотреба би биле контактите. Да, човек стекнува доста контакти за време на своето членување во ложата. Но... доколку се обиде да злоупотреби со макар еден од нив - тоа ќе биде прв и последен пат. Повторно, системот за внатрешна комуникација веднаш ќе го "елиминира" тој човек од секаква можност понатаму да се претстави пред друг масон како добар човек, на добар глас.
Масонска ложа во повоена Југославија не постои. Ложата е приспана пред војната и не е никогаш обновена. Тито и компанија немаат постоечка регуларна ложа, без разлика што биле членови на масонеријата пред војната. Соодветно - не постои начин да злоупотребат со масонеријата, бидејќи - таква не постои.
Дали Тито одржувал контакти со масоните од регуларните ложи по формирањето на Југославија?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom