Кога можеле темпларите нешто да променат во масонството, зошто истото не би можеле да го направат и Алистер Крули, Адам Вајсхаупт и многу други негативни ликови?
Темпларите се составен дел од масонството, а не некаков надворешен елемент. Освен тоа, кодификацијата на масонството, која започнува по 1717-та, веќе не остава простор за такво нешто. Затоа, во крајот на 18-тиот и особено низ целиот 19-ти век има примери на луѓе кои откако не успеваат да ги вметнат своите идеи во масонеријата, отвораат нови организации, каде што ја промовираат својата идеја и собираат следбеници. Најдобар пример е Skull&Bones организацијата во САД, чиј основач не можел да го прифати фактот дека масонските ложи не се занимаваат со политика.
Вајшаупт нема никакво влијание врз ништо, и да не се многу подоцнежните измислици околу влијанието на илуминатите (напишани век подоцна, и на начин на кој денес никој не би ги сфатил сериозно), немаше ни да знаеме кој бил тој човек. Има неколку објавени книги, без некое особено значење и без никакво влијание.
Алистер Кроули никогаш не бил масон.
--- надополнето: 9 мај 2013 во 06:43 ---
Едно прашање за Зидарски.
Доколку некоја ложа се смета за нерегуларна само затоа што прима атеисти, а верниците се зачленуваат по истиот принцип како и во регуларните ложи и го учат истото што се учи во регуларните ложи зошто се сметаат за немасони?
Затоа што ложата е нерегуларна. Не може да си масон, а да си инициран во негуларна ложа.