Затоа што процесот на иницијација е приватна работа, нешто сакаме да го споделиме само со оние кои се иницирани.
Голем дел од останатите церемонии се јавни и отворени.
Тука е основната грешка. Масонеријата ниту нуди, ниту претендира дека нуди спасение. Напротив, изрично држи до ставот дека спасението секој сам треба да го бара во својата вера. Масонеријата не е религија, ниту пак има тенденција да биде замена за истата. Никаде не се изедначува Исус, или било кој друг во тој контекст, затоа што едноставно, не се спомнува Исус - нема ниту потреба, ниту како да се спомне. Масонеријата е граѓанско друштво, не религиозно. И во филхармонијата не го спомнуваат Исус, и членуваат луѓе од различни вери. Не гледам разлика...
И ова не е точно. Секој член има само една Света Книга. Но мене не ми пречи тоа што некој друг го смета Коранот за Света Книга. Има луѓе кои сметаат дека треба секаде и постојано да се проповеда верата... јас велам - секаде и постојано треба да се живее верата.
Секој со своите верувања, а другите ги оставам на мира...
Ограничувањето не е за Исус, а за секаква религиозна дискусија. Знам дека околу ова прашање е тешко да се постгигне консензус, но пак ќе речам, јас верувам дека делата зборуваат, не јазикот.
Мракот и светлината се само симболички приказ за да се пренесе морална лекција до
ново иницираниот за разликата меѓу знаењето и незнаењето.
Да. Да парафразирам - Нека Големиот Архитект ја благослови нашата работа и не дари со хармонија и единство. (само за пример)
Унијатство!!!
Православието има канони,унијатството се знае со што се поистоветува,па одтука може да се заклучи колкав грев претставува.
Не треба да си масон за да ги почитуваш другите,да се грижиш...итн. можеш да се молиш за нивно спасение,нон никако да сослужуваш.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 17:23 ---
Не сакам да излезам од контекст,но погоре, на повеке наврати се дискутираш,за масоните и религиите.
Унијатство во редовите на масоните,унијатство на религиите,чист пример собирот во Скопје пред некој ден. Изолиран случај,на меѓурелигиско општење,или дел на поголема агенда?
Пробајте,изгуглајте Свети Марко Ефески,и побарајте икона,јас неможев да најдам,и видете зошто денешната православна црква не смее да ја става иконата.
Не сакав да општам премногу,неколку реченици и 1-2 примери,како одговор на оние кои мослат дека има ,и оние кои бараат коегзистентност меѓу масонеријата и православието.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 17:47 ---
Со оглед на тоа дека Масони може да станат само луѓе кои што веруваат во supreme being, дали и поединци кои не следат никаква религија а сепак веруваат (пример агностички теисти) може да станат масони?
Бидејќи постојат и религиозни масони, еве конкретно да ги земеме православните христијани, што им е побитно лично на нив, масонската заклетва и целото духовно градење за кое учат како Масони или вербата во Бог? Не ли се коси тоа со нивната вера во Бог, односно со самото тоа што се христијани зошто би им било потребно некакво духовно воздигнување кое како верници може самите да го практикуваат без да членуваат во тајни организации во кои не ни смеат да зборуваат за Бог а камо ли да се молат, а тоа е нешто кое што Библијата го бара од нив како христијани? Каков е ставот на масонеријата во однос на гревот и тврдењето на Библијата како света книга дека човековата природа е грешна?
Подолу постирав текст,а одговор на овај,твој пост,од православен масон не барај,затоа што непостои!!!!!!!!тоа што си напишал ти е скроз на место.
Всушност масоните имаат дадено одговор на секое едно прашање,само останува,дали сакаат или смеат да зборуваат отворено,прочитај ги Hall,Blavatsky,Albert Pike,види кое почитување го имаат,какво место завземаат во масонските редови,и кажуваат нивните доктрини.