`Нека биде светлина`
Спрема која библија ??Има повеќе завети запишано.
Христијанската Библија се состои од два Завети - Стар и Нов. И двата се дел од Библијата, и двата се важни. Стариот е "договорот" кој Бог го прави со народот на Јаков (Израел), од кој народ произлегува човечката природа на Исус Христос (мајка му е Еврејка - а Божјата негова природа произлегува од Отецот, за да се формира на тој начин Тројството). Новиот Завет е "договорот" или "аманетот" што Исус го остава на целото човештво, а кој произлегува од Стариот. Разликата е во законите - Стариот има едни закони, кои Исус ги исполнува и со тоа го носи новиот Закон, Законот на Љубовта, Законот на Добродетелта. Сепак - во ниеден момент Исус не ги негира старите закони, особено не 10-те Заповеди, и потекнува директно од линијата на Давид, односно, со самото тоа од Авраам.
Ова за да се дознае и проучи, не треба некоја голема филозофија, ниту пак треба да се читаат којзнае какви тајни книги или специфична литература. Има само една Книга која го содржи сево ова - се вика Библија и ја има во секоја Православна Црква. Доста голема е и бара доста посветеност при читањето.
Што се однесува до цитатот - со тој текст почнува Библијата, книга Битие, прво поглавје, трет стих.
Ако ја немаш при рака - побарај тука:
www.svetopismo.com.mk - ова е сајт кој е создаден и одржуван од МПЦ и ја има целата Библија (кај различните изданија побарај Библија МПЦ '90).
А една има вистина која појма немаме која е историјата.
Појма немам за што точно зборуваш.
Пак ќе напишам дека Масонеријата и паганството се многу блиску.Ритуалите се одвивеле и ќе се одвиваат со жртви.Е сега кој присуствувал на овие обреди знае како е тоа.
Кога последен пат си присуствувал на таков обред и каде?
А повеќето Готски цркви се изградени на оние места каде што се одвивале ритуалите пагански а некој финансирал за да се изградат овие цркви така наречени господови.
Да - финансирале верниците, за да се изградат тие цркви. Исто како и денес. Готиката е стил во архитектурата, не религиозна групација. Повеќето готски катедрали се католички, дел се протестантски - т.е. сите се Христијански. (сега, друга работа е дали ги прифаќаш католиците и протестантите како Христијани)
Абре луѓе они постоеле и пред многу векови пред Исусовото раѓање воскреснување и пред сите.
Постоеле одамна, но не пред сите - затоа што тогаш никој не постоел освен Бог, нели?
Само што пред тоа биле нешто друго и секогаш било тајно.
И како точно знаеш за тоа ако било тајно?
Благодарение на нетов сега па може да се прочита многу работи од кој,некои веродостојни а некои не.
Токму така - нешто е веродостојно, нешто не. Секој сам да си прецени на што ќе верува, на што не.
--- надополнето: 19 април 2012 во 04:59 ---
За овој нашиот шо издаде книга и го имаше во емисија на чомовски , не верувам дека има многу контакти со некои од поголемиве риби. Можеби се прават некои бизнис зделки со слични друштва од други држави ама кој знае , ова е само моја претпоставка , искрено и неможам ништо да тврдам дека не сум премногу упатен во тоа.
Живко Груевски е Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија и е признат масон насекаде во светот, соодветно има контакт со сите други Големи Ложи.